Контакт

Свет

Во шумски пожар во Австралија настрадале 350 коали

Објавено пред

Во шумски пожари во крајбрежниот резерват во Нов Јужен Велс, во Австралија настрадале половина од коалите што живеат таму, соопштија експертите денес.

Раниот почеток на сезоната на пожари предизвика огнови во природниот резерват Лејк Инес, кои минатиот месец уништија две третини од живеалиштата на коалите, а останатите беа во опасност поради 15 големи пожари на австралискиот југоисток, објави „Ројтерс“.

Околу 350 коали кои живеат во резерватот во крајбрежниот град Макуори настрадаа во шумски пожари, проценува Организацијата за зачувување на коалите во Австралија.

Во резерватот имало меѓу 500 и 600 коали, изјави претседателката на организацијата, Су Ештон.

Негуватели за животни од болницата за коали во Макуори се грижат за коалите, им ги лекуваат раните и ги хранат со лисја од еукапилус.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Војска распоредена околу Вашингтон, трупите се во состојба на засилена готовност

Објавено пред

Околу 1.600 американски војници се распоредени во пошироката област на Вашингтон и се во состојба на засилена подготвеност, објави Пентагон откако во градот продолжија протестите против полицискатата бруталност и расизмот.

„Тие се распоредени во воените бази во областа околу главниот град, но не и во самиот Вашингтон“, рече портпаролот на Пентагон, Џонатан Рат Хофман.

Тој соопшти дека војниците се во состојба на засилена готовност.

Во САД продолжуваат протестите против полициската бруталност и расизмот во државниот систем, поттикнати од убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Градовите се подготвуваат за потенцијални нови немири по заканите на претседателот Трамп за употреба на сила за да се разбијат демонстрантите.

Републиканскиот претседател претходно се закани дека ќе испрати трупи во градовите и државите за да ги задушат немирите, но тврди дека поддржува мирни протести.

Како што пренесуваат американските медиуми, се чини дека сојузната влада планира пожесток одговор на новиот бран протести во Вашингтон.

„Уште посилна поддршка за законот и редот ќе биде обезбедена вечерва“, рече во вторникот генералниот правобранител Вилијам Бар.

„Вашингтон пост“, повикувајќи се на неименуван извор од Министерството за правда, пишува дека Бар во поднеделникот побарал полицијата да ги растера демонстрантите собрани пред Белата куќа.

Прикажи повеќе...

Свет

Нов рекорден број на починати од Ковид-19 во Бразил

Објавено пред

Во Бразил е регистриран нов рекорден број на смртни случаи во еден ден, соопшти бразилското Министерство за здравство, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Како што пренесуваат локалните медиуми, епидемијата на коронавирус не покажува знаци на слабеење во оваа најголема земја во Латинска Америка, каде, во последните 24 часа, потврдени се 28.936 нови случаи на инфекција и 1.262 смртни случаи.

Досега во Бразил од Ковид-19 заболеле 555.383 лица, а 31.199 починале.

Прикажи повеќе...

Европа

По тримесечната блокада, Италијанците од денеска може да патуваат низ земјата

Објавено пред

Италија денеска ги отвори регионалните граници по тримесечна блокада поради пандемијата, со што е овозможена поголема слобода на движење за повеќе од 60 милиони жители во земјата, а од денеска, дозволени се пристигнувања и од шенген-зоната, без обврска за карантин.

Регионалните граници се отворени уште од полноќ, и покрај спротивставените погледи на италијанските власти за отворање на границите на Ломбардија, што беше најтешко погоден регион во Италија. На ваквата мерка се противеа регионалните лидери од југот, каде се регистрирани помалку случаи на коронавирус во споредба со северот на земјата.

Со отворањето на регионалните граници, одредени области во Италија ги зајакнуваат контролата и мерките насочени кон спречување на ширење на вирусот, преку „следење на туристите“ со дигитални апликации, мерење на температурата со термички скенери, неопходни хотелски резервации и пополнување на прашалници по пристигнувањето.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет48 минути

Војска распоредена околу Вашингтон, трупите се во состојба на засилена готовност

Околу 1.600 американски војници се распоредени во пошироката област на Вашингтон и се во состојба на засилена подготвеност, објави Пентагон...

Европа1 час

По тримесечната блокада, Италијанците од денеска може да патуваат низ земјата

Италија денеска ги отвори регионалните граници по тримесечна блокада поради пандемијата, со што е овозможена поголема слобода на движење за...

Регион13 часа

Црна Гора прогласи крај на епидемијата

Националното координативно тело за заразни болести, по предлог на Институтот за јавно здравје, прогласи крај на епидемијата на Ковид-19 во...

Свет14 часа

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да стави крај на протестите

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да ги угасне протестите во САД, поради смртта на Афроамериканецот Џорџ...

Свет14 часа

Путин: На напад со конвенционално оружје Русија ќе возврати со нуклеарно

Рускиот претседател, Владимир Путин, донесе уредба со која се утврдува дека руската војска може да употреби нуклеарно оружје како одговор...

Македонија15 часа

Не се 67 новозаболени, туку 76 – покажуваат новите бројки на Министерството за здравство

Од Министерството за здравство информираат дека бројот на новозаболени е 76, а не како што претходно беше објавено дека се...

Македонија17 часа

Од денес во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија поради позитивен колега странец

Шеесетина полицајци, кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради постојаната опасност од нов мигрантски бран, од денес се во...

Македонија18 часа

Случај „Рекет“: Навреди и критики кон Русковска и Камчеви во завршните зборови на Јанева

Со критики и навредливи зборови за Орце и Ана Камчеви, обвинетата Катица Јанева ги даде своите завршни зборови во судот...

Македонија19 часа

На 18 јуни пресуда за случајот „Рекет“

За две недели, односно на 18 јуни судот ќе ја изрече пресудата за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан...

Македонија19 часа

Бухова: Завршени се 100 од 485 тестови на вработени во конфекциските фабрики во Штип

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирина Бухова вели дека будно се следи состојбата со кластерите на новозаразени од...

Регион21 час

Цело одделение во Марибор во карантин, еден ученик позитивен на коронавирус

Сите ученици од една паралелка од трето одделение во основно училиште во Марибор, Словенија, се во 14-дневен карантин, откако на...

Македонија22 часа

Портпаролката на СДСМ во самоизолација

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, е во самоизолација затоа што имала средба со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која е...

Регион23 часа

Црна Гора 28 дена без нови случаи, исполнети се условите за крај на епидемијата

Во Црна Гора се исполнети условите за прогласување крај на епидемијата на коронавирус, изјавил Сенад Бегиќ, помошник-директор на Институтот за...

Свет24 часа

(Видео) Четворица полицајци ранети во пукање во Сент Луис, во Бафало возило влета во полициски кордон

Насилните протести во САД продолжија откако минатата недела во полициско апсење беше убиен Џорџ Флојд, а Би-би-си јавува дека имало...

Свет1 ден

Чешка на 15 јуни ги отвора границите за 29 земји

Чешката влада соопшти дека од 15 јуни на граѓаните на таа земја ќе им биде дозволено да патуваат во 29...

Спорт1 ден

Барселона криела дека во тимот има заразени со коронавирусот

Шпанците се подготвуваа за ре-старт на сезоната, која беше прекината поради пандемијата на вирусот Ковид-19. Клубовите пред три недели добија...

Европа1 ден

Во Шпанија првпат од март нема нови смртни случаи од коронавирус

Во Шпанија во последните 24 часа не се пријавени смртни случаи од коронавирус, првпат од март, соопштија здравствените власти на...

Свет1 ден

(Видео) Трамп најави дека ќе испрати илјадници тешко вооружени војници на улиците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе испрати војска на улиците за да ги задуши граѓанските немири во...

Свет2 дена

(Видео) Се огласи братот на Џорџ Флојд: Тој беше џин со нежно срце, немаше да поддржи насилни протести

Теренс Флојд, помладиот брат на Џорџ Флојд, се обидува да ја смири ситуацијата по жестоките и масовни портести кои избувнаа...

Свет2 дена

СЗО: Нема докази дека коронавирусот сега е послаб

Нема докази дека коронавирусот ја сменил формата на пренесување или дека се променила тежината на болеста што ја предизвикува, велат...

Досие