Европа
Во 2022 година убиени 86 новинари и медиумски работници

Осумдесет и шест новинари и медиумски работници се убиени во светот во 2022 година по еден на секои четири дена, што е 50 отсто повеќе од претходната година, според податоците на УНЕСКО, јавува агенцијата „Анадолија“.
Организацијата на УНЕСКО има мандат да обезбеди слобода на изразување и безбедност на новинарите на глобално ниво, а агенцијата на ОН изјави дека нејзините податоци ги истакнуваат сериозните ризици и ранливости со кои се соочуваат новинарите во својата работа.
Сепак, податоците на УНЕСКО покажуваат дека минатата година биле убиени 86 новинари, што е помалку од бројката што на 14 декември ја објави кампањата Press Emblem во Женева. Тие објавија дека се убиени 115 новинари, јави „Анадолија“.
„По неколку години последователен пад, наглото зголемување на бројот на убиени новинари во 2022 година е алармантно“, рече Одри Азулеј, генерален директор на УНЕСКО.
Тој смета дека властите мора да ги зголемат напорите да ги запрат овие злосторства и да се погрижат нивните сторители да бидат казнети бидејќи рамнодушноста е главниот фактор во оваа клима на насилство.
Латинска Америка и Карибите беа најсмртоносните за новинарите во 2022 година, со 44 убиства, повеќе од половина од жртвите во светот.
Во Азија и на Пацификот регистрирани се 16 убиства, а 11 се убиени во Источна Европа.
Најсмртоносните земји беа Мексико (19 убиства), Украина (10) и Хаити (девет).
Приближно половина од убиените новинари не биле на должност во моментот на смртта – додека патувале, во своите домови или на паркинзи и други јавни места, каде што не биле на задача.
Тенденцијата укажува на трендот од последните години и имплицира дека нема безбедни места за новинарите, дури ни во слободното време.
Покрај убиствата, новинарите продолжуваат да се соочуваат со закани за повеќе форми на насилство, кои се движат од присилно исчезнување, киднапирање, произволно притворање, правно вознемирување и дигитално насилство, особено врз новинарките, соопшти УНЕСКО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Руската армија: Не планираме втор бран мобилизација, имаме доволно војници

Руските вооружени сили не планираат втор бран мобилизација, а повикот за задолжителна воена служба е дел од рутинската програма за регрутирање, објавија денеска официјални лица.
„Би сакал да нагласам дека плановите на Генералштабот не вклучуваат втор бран мобилизација“, изјави Владимир Цимљански, претставник на Генералштабот на руските вооружени сили.
Тој додаде дека Министерството за одбрана има доволно војници за да ги исполни своите цели и дека регрутите ќе ја служат воената служба само на постојани пунктови во Русија.
Руското Министерство за одбрана традиционално повикува мажи на задолжителна воена служба двапати годишно, напролет и наесен.
Мобилизацијата е поинаков процес во кој се повикуваат резервните сили и другиот воен персонал во случај на вонредна или воена состојба.
За потсетување, рускиот претседател Владимир Путин вчера потпиша указ со кој се повикува на задолжителен воен рок за време на пролетниот воен рок за 147.000 граѓани на возраст од 18 до 27 години, пренесе „Индекс.хр“.
Европа
Лукашенко предложи прекин на огнот во Украина

Белорускиот претседател Александар Лукашенко предложи денеска да се прогласи прекин на огнот во Украина и да се воспостави примирје, при што ниту една од страните нема да има право да ги прегрупира своите трупи.
„Ќе го преземам ризикот да сугерирам дека воените активности во Украина треба да престанат без право на страните да распоредуваат опрема и да ги прегрупираат силите“, рече Лукашенко во обраќањето до граѓаните и парламентот, а пренесува ТАС С.
Лукашенко изјави дека не треба да има предуслови за прекин на огнот, пренесува белоруската новинска агенција „Белта“.
Европа
Матео Салвини: Франција ги отфрла мигрантите, но ги задржува терористите

Вицепремиерот и министер за транспорт на Италија, Матео Салвини изјави дека е срамота што владата на францускиот претседател Емануел Макрон не прифаќа мигранти, туку ги задржува терористите.
Тој го изјави ова откако францускиот суд одби да испорача 10 поранешни члена на терористичката група „Црвени бригади“ во Италија, кои, и покрај тоа што италијанските судови ги осудиле на разни степени на казна, вклучително и доживотен затвор за крвни злосторства, се засолниле во Франција, пишува „Еурактив“.
„Тоа е срамота. Ги напушта децата на границата Вентимилија во шумата и ги задржува терористите што треба да бидат во затвор во Италија“, рече Салвини за француската полиција, која вели дека систематски ги враќа назад мигрантите без документи, кои се обидуваат да ја преминат италијанската граница преку шума или со воз.