Европа
Вработените во Ватикан ризикуваат да останат без работа доколку не се вакцинираат

Ватикан им соопшти на вработените дека би можеле да ризикуваат да останат без работа ако одбијат вакцинација против Ковид-19 без оправдани здравствени причини.
Во декретот на кардиналот Џузепе Бертел, кој всушност е гувернер на Ватикан, се вели дека вакцината е одговорен избор поради ризик да им наштети на другите луѓе, објави „Ројтерс“.
Ватикан вработува неколку илјади луѓе, кои претежно живеат во Италија.
Програмата за вакцинација во Ватикан почна минатиот месец, а папата Франциско (84) беше меѓу првите што се вакцинираа.
Во декретот на седум страници се вели дека оние што не може да се вакцинираат од здравствени причини, може да добијат друга работа, каде што би имале контакти со помалку луѓе, но дека ќе добијат иста плата.
Оние што одбиваат да се вакцинираат без оправдана причина, подлежат на одредбите од Законот за правата и должностите на вработените од 2011 година, според кои вработените што одбиваат превентивни мерки може да претрпат разни последици, вклучително и откази.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Франција и Германија сега уверуваат дека вакцината на „Астразенека“ е ефикасна

Поради бавниот напредок на вакцинацијата против Ковид-19, со оглед дека има недостиг на вакцини, француските и германските власти се обидуваат да ги уверат граѓаните дека вакцината на „Астразенека“ е исто толку безбедна како и другите.
Залихите на вакцини на британско-шведската компанија се неискористени во двете земји, што ја забавува борбата против пандемијата.
Во Франција биле употребени само 273.000 дози од вакцината на „Астразенека“, од 1,7 милиони примени до крајот на февруари, според Министерството за здравство.
Двете земји не ја одобрија вакцината за лица постари од 65 години, предизвикувајќи сомнеж за нејзината ефикасност во однос на ефикасноста на вакцините произведени од „Фајзер/Бионтек“ и „Модерна“.
Францускиот министер за здравство Оливие Веран, кој и самиот е лекар, беше вакциниран со вакцината во живо на телевизија за да ги увери граѓаните во нејзината ефикасност и безбедност.
Во Германија се повикуваат да се олеснат приоритетните списоци за вакцинација за да не пропаднат вакцините на „Астразенека“. До 23 февруари, 1,45 милиони дози на вакцината биле доставени во Германија, а искористени биле само 240.000.
Германската канцеларка Ангела Меркел задутре ќе се сретне со лидерите на 16 региони за да разговара за следните чекори во борбата против пандемијата. Во едно интервју минатата недела, Меркел ја пофали вакцината на „Астразенека“ како „доверлива вакцина“, повикувајќи ги Германците да не бидат пребирливи.
Но, таа нема да биде вакцинирана со таа вакцина, бидејќи има 66 години.
Германската комисија за вакцини – СТИКО, наскоро ќе објави нова препорака за вакцината, откако истражувањето покажа дека е ефикасна за старите лица, рече во петокот претседателот на комисијата, Томас Мертенс.
Европа
Неаполската мафија вклучена во бизнис со брзата помош, за услугите наплаќале 20 пати повеќе

Криминалната организација „Камора“ во Неапол го регулира и превозот на пациенти и починати со приватни амбуланти возила, се вели во истражување спроведено од тимот на весникот „Фанпејџ“.
Приватна фирма за транспортни услуги на извесен Марко Салвати, со помош на „Камора“, обезбедила монопол за итен превоз на пациенти наплатувајќи ги услугите од десет до 20 пати повеќе од вообичаената цена.
Салвати на една мајка ѝ наплатил 500 евра за пренесување на нејзиниот болен син од куќата до болница, што предизвикало бес кај граѓаните во шпанските населби и тоа било причина весникот да почне сопствена истрага.
Со помош на скриени камери и тајно снимени разговори весникот го открил случајот на т.н. црн крст.
Во државната болница во Неапол, Салвати ја елиминирал конкуренцијата заканувајќи се со оружје, испраќајќи свои луѓе и поткупувајќи го болничкиот персонал, со цел себеси да си обезбеди работа, а весникот го документирал сето тоа.
Компанијата на Салвати спротивно на законот превезувалa починати од болница до домовите (законот дозволува починатиот да биде пренесен само на гробишта), а за таа услуга наплатувала и до 1.500 евра.
На оние што на крајот би одбиле или се побуниле поради високата цена на услугата тој им испраќал луѓе на мафијата за да ги премисли.
Советникот за регионална влада, Емилио Борели, претходно изјави дека станува збор за опасно учество во организиран криминал и го опиша сопственикот на приватниот бизнис, Марко Салвати, како лице што вознемирува и предизвикува проблеми, но дури и тоа не беше доволно за да се запрат неговите постапки.
Европа
Финска прогласи вонредна состојба поради зголемен број инфекции со коронавирус

Финската влада денеска прогласи вонредна состојба поради зголемувањето на бројот на новозаболени, а овој потег ќе им овозможи на властите да затворат ресторани и да преземат други мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Одлуката е донесена поради новите видови коронавирус, кои го забрзаа ширењето на инфекции во нордиската земја, која веќе ги затвори своите граници, пишува „Ројтерс“.
Вонредната состојба исто така ќе ѝ овозможи на владата да ги затвори училиштата и да го ограничи движењето меѓу регионите.
„Владата смета дека е потребно сите да имаме помалку контакти“, рече премиерката Сана Марин.
„Сега секој има шанса да влијае на тоа како ќе изгледаат пролетта и летото“, додаде таа.
Неколку фински региони забележаа брз раст на нови инфекции во последните две недели. Жешки жаришта беа создадени меѓу скијачите во Лапонија, работниците во бродоградилиштата и градежништвото.
Финска досега беше меѓу најмалку погодените европски земји од пандемијата.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа6 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер