Контакт

Регион

Вулин ја критикува изјавата на Грабар-Китаровиќ за браќа по оружје со Албанците

Објавено пред

Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, во врска со изјавата на хрватската претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ, дека Хрватите и Албанците се браќа по оружје, рече дека му е многу жал затоа што хрватската политика не може да се ослободи од длабокиот комплекс кој го чувствува кон Србите и Србија.

„Единствен критериум да бидете браќа со Хрватска е да сте учествувале во убивање Срби. Жал ми е што е така и што хрватската политика не е во состојба да пронајде друг начин да се поврзе со своето окружување и да пронајде друга вредност поради која некого би ги нарекла свои браќа“, рече Вулин, коментирајќи ја изјавата на Грабар-Китаровиќ.

Тој рече дека учествувањето во убивањето Срби не е нешто поради кое треба да се збратимите со некого.

Грабар-Китаровиќ во говор во текот на посетата на Тирана се осврна на, како што рече, трајното и неразделно пријателство меѓу Албанија и Хрватска и улогата на албанското малцинство во хрватското општество.

„Албанија ни беше пријател кога ни беше потребно. Буквално бевме браќа по оружје пред да влеземе заедно во НАТО во 2009 година. Многу Албанци ги жртвувале своите животи за Хрватска и верувајте ми дека Хрватска нема да го заборави тоа“, рече таа.

Реагирајќи на ваквата изјава, пак, српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека на Србија не ѝ се потребни браќа туку пријатели.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Палмер: Следната косовска влада треба да биде спремна да ги укине царините

Објавено пред

Метју Палмер

Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер изјави дека следната косовска влада мора да биде подготвена да ги суспендира царините, што ги наведе како пречка за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина.
        
Палмер додаде дека САД се надеваат дека Србија на укинувањето на царините би одговорила со сопствени иницијативи, што би вклучувало и потенцијално суспендирање на кампањата за повлекување на признавањето на Косово и дека, врз тие основи, двете страни би можеле да се вратат на преговарачката маса во позитивна атмосфера за постигнување договор.
        
„Првата работа е да се чекаат изборите на 6 октомври во Косово, проследено со процесот на формирање на владата“, рече Палмер по враќањето од посетата на регионот, за време на која се состана со претставници на Белград и Приштина.

Прикажи повеќе...

Регион

Брнабиќ по третпат во Берлин, Меркел бара алтернатива за Вучиќ

Објавено пред

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ е во посета на Берлин по трет пат за помалку од една година, но ова е прва официјална посета. Некои аналитичари проценуваат дека германската канцеларка Ангела Меркел затоа што Александар Вучиќ не го сработи својот дел од договорот, бара алтернатива во Ана Брнабиќ, пишува денес Дојче веле.
        
Иако премиерката на Србија е чест посетител на Берлин, а со германската канцеларка се гледа доволно и на меѓународни конференции, вчерашната посета на Берлин е нејзина прва официјална посета на германската метропола повеќе од две години по нејзиното доаѓање на чело на српската влада.Некои аналитичари проценуваат дека тајната на оваа „доцна посета“ лежи во односот на канцеларката со претседателот на Србија.
        
Долгогодишниот дописник за германската новинска агенција ДПА во Белград, авторот и публицист Томас Бреј, во пресрет на средбата во Берлин изрази мислење дека Меркел во премиерката Брнабиќ бара алтернатива за дијалог со Вучиќ.
       
 „Вучиќ не го изврши својот дел од премолчениот договор меѓу Белград и Западот и не ги доведе српско-косовските односи на посакуваното ниво – додека, пак, Западот повеќе или помалку молчи за катастрофалната состојба во судството и медиумите во Србија. Затоа што Вучиќ не го изврши својот дел од договорот, Меркел сега бара алтернатива во директен дијалог со премиерката Брнабиќ“, рече Бреј.
       
Во исто време, тој верува дека ова ја покажува уште еднаш неинформираноста на германска дипломатија на Балканот. „Очигледно во Берлин, тие сè уште не сфатија целосно дека во Белград жиците ги влече Вучиќ и дека без него нема одлучување“.
        

Прикажи повеќе...

Регион

Милион туристи го посетиле Дубровник за девет месеци

Објавено пред

Дубровник денеска го пречека милионитиот посетител за оваа година – Британката Нејла Парсон, која во хрватскиот град престојува со својот сопруг. Локалните власти очекуваат дека до крајот на годината градот ќе го посетат приближно исто туристи како лани – 1,3 милиони.

Нејла ја купила влезницата денеска наутро, што е четири дена подоцна од лани. Таа е на меден месец со сопругот, а во Дубровник ќе останат два дена. Локалните власти ѝ подариле сувенири, цвеќе и шише сортно вино.

„Навистина сум изненадена. Во прв момент не знаевме што се случува, мислевме дека сме направиле нешто. Пријатно се изненадивме. Сите кои го посетиле Дубровник ни кажаа дека е прекрасен, па и нам ни беше на врвот на листата на дестинации за посета. Не сме разочарани, навистина ни се допаѓа“, рекла Нејла.

Бројката од милион посетители првпат е надмината на 13 октомври 2016 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет27 минути

Протекоа 76 милиони податоци од министерството за внатрешни работи на Австрија

Во Министерството за внатрешни работи на Австрија, според информациите од сајтот „Буре без дно“, дошло до масивно протекување на полициски...

Свет29 минути

(Видео) Уапсен маж кој пукаше и го блокираше стратешкиот мост во Киев

Украинските специјални сили уапсија вооружен маж кој го блокираше стратешки мост во Киев и се закани дека ќе предизвика експлозија...

Свет33 минути

Њујорк и Мичиген ги забранија ароматизираните електронски цигари

Њујорк е првата сојузна американска држава која забрани продажба на ароматизирани електронски цигари, по речиси 400 случаи на сериозни болести...

Метју Палмер Метју Палмер
Регион1 час

Палмер: Следната косовска влада треба да биде спремна да ги укине царините

Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер изјави дека следната косовска влада мора да биде...

Македонија2 часа

Собранието ја почнува расправата за ребалансот на буџетот

Во Собранието од денеска почнува расправата по ребалансот на буџетот за 2019 година. Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот...

Македонија2 часа

Здружението Е.Д.Е.Н. предлага субвенционирање фотоволтаици за борба против загадувањето

Според извештајот на Европската агенција за животна средина објавен во 2018 година во земјава околу 3.000 смртни случаи годишно се...

Спорт15 часа

Македонец станува селектор на светските шампиони САД?

Македонецот Влатко Андоновски, тренерот на НВСЛ тимот Рејн ФЦ е главен кандидат да стане нов тренер на светските шампиони во...

Македонија18 часа

Продолжен притворот на Катица Јанева

Судот ѝ го продолжи притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“ на Основното јавно...

Македонија18 часа

Со лажна диплома од Приштина работел како професор по математика во Куманово

Педесет и едногодишен маж со фалсификувана диплома од универзитет во Приштина, Косово, се вработил како професор по математика во основно училиште во...

Македонија20 часа

Ексминистерот за правда, Беџети, одбил да ја потпише екстрадицијата за обвинети во „Монструм“

Ексминистерот за правда од ДУИ, Блерим Беџети, одбивал да го потпише барањето за екстрадиција за двајцата обвинети во „Монструм“, Африм...

Македонија22 часа

Случај „Монструм“: во судницата се слушаат разговори во врска со настанот на луѓе блиски до Груевски

Приватни и несуштински разговори беа пуштени во 13 од 25 бомби во судницата за случајот „Монструм“. Во разговорите се слушаат...

Македонија22 часа

(Видео) Филипче: Полицајци ќе патролираат кај најкритичните здравствени објекти

Министерот за здравство, Венко Филипче, го поддржа денешниот протест на здравствените работници против насилството врз нив. Тој рече дека почнале...

Македонија22 часа

(Видео) Лекарите на протестот предупредија: Ако не се спречи насилството, ќе престанеме со работа

Медицинските работници, во организација на Асоцијацијата на специјализантите и младите лекари, денеска излезегоа на протест во Клиничкиот центар по повод...

Топ23 часа

Воз прегази маж кај надвозникот на булеварот Србија

Триесет и едногодишен скопјанец загина кога во него удри воз на железничката пруга, пред надвозникот на булеварот Србија. Според информациите,...

Свет1 ден

Би-би-си: Зошто Саудиска Арабија и Иран се лути ривали?

Саудиска Арабија и Иран се два силни соседа и повеќегодишни ривали во борбата за регионална доминација, а неодамнешните напади врз...

Свет1 ден

Макрон испраќа експерти во Саудиска Арабија да испитаат кој го извршил нападот

Франција ќе испрати експерт во Саудиска Арабија, кој ќе помогне во истрагата за нападот на нафтеното постројување во Саудиска Арабија...

Свет1 ден

САД бараат конфискација на приходите од продажбата на книгата на Сноуден

Министерството за правда на САД соопшти дека поднеле тужба против Едвард Сноуден и бараат конфискација на сите приходи од продажбата...

Свет2 дена

Поради лекарски грешки годишно умираат 2,6 милиони луѓе

Околу 2,6 милиони луѓе годишно умираат од ненамерни грешки во амбулантите и болниците низ светот, се вели во анализата на...

Спорт2 дена

Драма во Љубљана! Македонија ја „собори“ и Словенија, остана во игра за осминафинале!

Откако вчера македонските одбојкари ја забележија историската прва победа на едно Европско првенство, денеска повторно на „крилата“ на Никола Ѓорѓиев,...

Регион2 дена

Кучиња намирисаа 11 килограми хероин во возило кај Драч

Албанец од Косово, Агим Сиљејмани (50), кој веќе неколку години живеел во Швајцарија, е уапсен во албанскиот пристаништен град Драч...

Досие