Контакт

Регион

Вучиќ: Очекувам дека ќе станеме членка на ЕУ до 2026 година

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е во посета на Брисел, каде што се сретна со високи претставници на Европската Унија, а се обрати и пред Амбасадата на Србија во Брисел.

Вучиќ рече дека се воделе разговори за важни прашања, за кои тој зборувал директно. „Ми се чини дека имавме многу важен разговор. Една од основните работи во нашата политика мора да биде забрзувањето на европските интеграции, за кои денес разговарав со високи претставници на ЕУ “, рече тој.

Тој најави продолжување на дијалогот и забрзување на европската интеграција на Србија.

„Очекуваме продолжување на дијалогот наскоро, пред тоа на Самитот ќе присуствуваат претставници на двете држави важни за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, но и за нашата интеграција. Мислам дека суштината на Србија и ЕУ е како да се забрза европскиот пат на Србија, но и како да добие гаранции од ЕУ дека ако ги исполни условите, ќе добие зелено светло за во Европа“, рече тој.

Вучиќ очекува дека до 2026 година Србија ќе стане членка на Европската Унија.

„Убеден сум дека влегуваме во новата фаза на односи со ЕУ со оптимизам. Верувам дека ќе ги завршиме преговорите со ЕУ до крајот на мандатот на новата влада, што значи дека би било реално да станеме членка на ЕУ до 2026 година. Ова е моето мислење, мојата надеж”, рече тој.

Вучиќ посочи дека очекува разговорите со Приштина да продолжат за две до три недели. Тој пренесе дека разговарал со официјалните претставници на ЕУ за ситуацијата во Приштина, што може да се очекува и кои се нивните услови. Тој посочи дека разговарал и со претставникот на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак за сите важни теми и дека сега, по посетата на Белград, секојдневно има комуникација.

Регион

Србија ќе ги зајакнува контролите за заразените кои се во домашна изолација

Објавено пред

Полицијата, во соработка со санитарната инспекција, ќе контролира дали заразените пациенти без симптоми, кои се лекуваат дома, ја почитуваат мерката за самоизолација. Ние мора да вратиме сè што направивме порано, а тоа е телефонска контрола и казнување“, рече српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, пред новинарите во Белград.

Заразените лица кои немаат никакви симптоми на болеста се испраќаат на домашна изолација. Епидемиологот Радован Шеканац посочи утрово дека голем проблем се заразените пациенти кои се на домашно лекување и кои не ја почитуваат мерката на самоизолација, ја напуштаат куќата и шетаат низ градот затоа што немаат никакви симптоми.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Србија шест лица починаа од коронавирус, регистрирани 289 новозаразени

Објавено пред

Во последните 24 часа во Србија од ефектите на коронавирусот починаа уште шест лица, додека  регистриранисе  289 новозаразени лица, соопшти Министерството за здравство.

Официјалниот број на починати е 317, според веб-страницата covid19.rs. Од последниот пресек на состојбата во Србија, 7.872 се тестирани за коронавирус, а регистрирани се 289 нови случаи. На респиратор има 93 лица.

Во Србија се потврдени 16.420 случаи на инфекцијата. Стапката на морталитет е 1,93 проценти.Има вкупно 2.737 активни случаи.

Во земјата е прогласена вонредна состојба во 12 општини.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Хрватска 69 нови случаи на коронавирус

Објавено пред

Во изминатите 24 часа се евидентирани 69 нови случаи на инфекција со коронавирус, со што бројот на активни случаи е 897, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

До денеска тестирани се вкупно 85.997 лица, од кои 587 во последните 24 часа. Меѓу заболените 90 пациенти се во болница, од кои петмина се на респиратор. Нема смртни случаи, се вели во соопштението.

Од 25 февруари, кога е забележан првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 3.220 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 113 починале, а 2.210 закрепнале. Во моментов има 4.850 лица во самоизолација.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

„Правда за Кољо“ – нов протестен марш во Аеродром

Стотина млади лица вечерва одржуваа протестен марш од скопската населба Аеродром до кривичниот суд, носејќи транспарент „Правда за Кољо“. Граѓаните,...

Македонија7 часа

Шилегов: И вториот тест е негативен, невидливиот противник е победен

„Вечерва ги добив резултатите од вториот тест на Ковид-19. Како и вчерашниот, и денешниот е негативен.И официјално, невидливиот противник е...

Свет8 часа

Руските власти ископале ров околу село за да го заштитат од Ковид-19

Руските власти ископале ров околу оддалечено сибирско село за да го стават во карантин, откако десетици жители се заразиле со...

Регион10 часа

Во Србија шест лица починаа од коронавирус, регистрирани 289 новозаразени

Во последните 24 часа во Србија од ефектите на коронавирусот починаа уште шест лица, додека  регистриранисе  289 новозаразени лица, соопшти...

Македонија12 часа

ДИК со герила-акција во Охрид и Струга: Ти си на ред! Гласај безбедно!

Државната изборна комисија ја води кампањата „Ти си на ред“ за претстојните предвремени парламентарни избори 2020. Со герила-акција, за првпат...

Македонија14 часа

Во просек 13 отсто од тестираните на коронавирус во земјата се позитивни

Во просек 13 отсто од тестираните на Ковид-19 се позитивни, а неделно се прават 8.000 теста, истакна министерот за здравство,...

Македонија14 часа

(Интервју) Бачев: Ќе коалираме со онаа партија што ќе се залага за враќање на уставното име

Поништување на преспанскиот договор, поништување на договорот со Бугарија, враќање на уставното име на државата – се црвените линии под...

Македонија14 часа

Обвинителот Бубевски заболен од коронавирус, Фатиме Фетаи е во самоизолација

Обвинителот Гаврил Бубевски, кој беше дел од СЈО, а сега е дел од скопското Обвинителство и ги застапува предметите „Насилство...

Регион15 часа

Чедомир Јовановиќ објави фотографија од болница: Уморен сум, сè уште ми е неопходен кислород

Лидерот на српската Либерално-демократска партија ЛДП, Чедомир Јовановиќ, се огласи на „Твитер“ од Клиниката за инфективни болести во Белград, каде...

Македонија15 часа

Петмина починати и 78 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на...

Македонија16 часа

(Видео) Санчез: Се надевам дека по 15 јули, Северна Македонија ќе остане со проевропска влада

Се надевам дека по изборите на 15 јули, Северна Македонија ќе продолжи со ваква проевропска влада, влада што ќе остане...

Регион17 часа

(Видео) И покрај забраната, Грција им дозволи влез на српските туристи кои со часови чекале на граница

Грција донесе одлука од денеска од 6 часот наутро повторно да ги затвори границите за Србија по порастот на бројот...

Топ18 часа

Притвор за двајцата скопјани што киднапираа Италијанка

Судот им определи притвор од осум дена на двајцата скопјани што киднапираа Италијанка. Тие се осомничени за кривично дело противправно...

Култура18 часа

Почина легендарниот композитор Енио Мориконе

Познатиот италијански композитор Енио Мориконе почина на 91-годишна возраст. Мориконе се смета за еден од највлијателните филмски композитори од доцните...

Македонија18 часа

Над 7.000 заразени со коронавирус во земјата

Бројот на заразени од коронавирус во земјата надмина 7.000 лица кога вчера беа регистрирани 115 новозаболени. Во моментот активни се...

Регион1 ден

Во Грција 25 новозаразени со коронавирус, осуммина се странски туристи

Грчките власти објавија дека регистрирале уште 25 заразени со коронавирус во изминатите 24 часа и дека нема смртни случаи. Од...

Регион1 ден

На изборите во Хрватска гласале 107.000 гласачи помалку од 2016 година

До попладне, околу 107.000 помалку гласачи излегоа на гласање за хрватскиот парламент отколку во 2016 година, покажуваат податоците на Државната...

Забава1 ден

Индиец со златна маска се штити од коронавирус

Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде рече дека платил околу 3.550 евра за златна маска направена по мерка којашто треба да го...

Свет1 ден

Во поплавите во Јапонија настрадаа 16 лица, а 20 се тешко повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 20 се повредени и се во сериозна состојба во западниот дел на Јапонија каде обилните...

Спорт2 дена

Руски голман заврши во болница откако го удрил гром на тренинг

Иван Заборовски, голман на рускиот третолигаш Знамја Труда завршил во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот. Иако...

Досие