Свет
(Вoзнемирувачко видео) Во Боливија се урна ограда на балкон, при што загинаа пет студенти

Најмалку пет студенти загинаа во Боливија кога паднаа од четвртиот кат од зградата на Универзитетот „Ел Алто“ во град недалеку од Ла Паз.
Несреќата се случила кога се срушила оградата на балконот. Видеото покажува голема група студенти кои се собираат на балконот кога оградата попуштила и студентите паднале.
Moment of the fall of students at the Public University of El Alto (UPEA)- Bolivia after railings were broken, following a fight between students. (02/03/2021) from CatastrophicFailure
„Досега имаме информации дека пет студенти загинале, а тројца се на интензивна нега“, изјави министерот за внатрешни работи, Едуардо дел Кастилјо.
Несреќата се случила во зградата на Факултетот за финансии, каде што студентите во тој момент имале состанок.
Од терасата паднале најмалку осум студенти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Словенија ги олабавува мерките против Ковид-19

Во Словенија, во последните 24 часа се потврдени 891 лице зарзено со коронавирус, што е за 340 случаи помалку од претходниот ден, објави владата, а поради подобрувањето на епидемиолошката состојба, ќе се дозволат храна и пијалоци на отворено во повеќето делови од земјата.
Во моментов во болниците има 642 пациенти со Ковид-19, од кои 150 се на интензивна нега, објавија официјалните служби.
Уште седум лица починаа како резултат на Ковид-19, со што бројот на смртни случаи во оваа земја се зголеми на 4142 лица.
Кампањата за вакцинација продолжува успешно, па според последните податоци на министерството за здравство, досега се вакцинирани 351.020 лица или 16,7 проценти, од кои 126.764 со обете дози.
Благодарение на подобрената епидемиолошка состојба по 11-дневното затворање, кое заврши во неделата, словенечката влада дозволи отворање тераси на ресторани во 8 од 12-те статистички региони.
Одлуката ќе важи од следниот понеделник и ќе трае најмалку до 25 април. Угостителите ќе можат да сервираат храна и пијалоци од 7 до 19 часот, во согласност со хигиенските и антиепидемиските услови и оддалеченост од 1,5 метар меѓу гостите и растојание од три метри помеѓу масите на отворените простории на нивните простории.
Угостителите, кои беа практично затворени од почетокот на минатата есен, не се задоволни од тоа и тврдат дека продолжувањето на угостителството, секторот кој претрпе најголема штета во епидемијата, треба да биде дозволено во целост.
Повторното отворање градини и тераси за угостители носи дополнителен оптимизам, рече државниот секретар во министерството за економија Симон Зајц, предупредувајќи ги угостителите дека од нив зависи колку ќе трае концесијата и ги повика строго да се придржуваат до пропишаните услови за работа.
Регион
Песков: Путин во посета на Србија штом ќе дозволи епидемиолошката состојба

Времето на посетата на претседателот на Русија на Србија ќе биде договорено многу брзо, веднаш штом епидемиолошката состојба го дозволи тоа, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Навистина постои актуелна покана до претседателот (на Русија) да ја посети Србија. Вие знаете дека претседателот високо ги цени нашите братски и партнерски односи и ваквите суштински, сериозни и заемно корисни односи за народите од двете земји. Секако, штом епидемиолошката состојба дозволи, датумите за таква посета ќе бидат договорени по дипломатски канали многу брзо“, одговори Песков на новинарско прашање за можноста за посета на Путин на Србија.
Српскиот амбасадор во Москва, Мирослав Лазански, во средата рече дека Србија се надева дека рускиот претседател Владимир Путин ќе дојде во Белград во мај, затоа што тогаш ќе се случи отворањето на Храмот на Свети Сава.
Регион
Вучиќ: Од јуни во употреба руската вакцина од „Торлак“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека првите дози на руската вакцина „спутник В“ од институтот „Торлак“ ќе бидат пуштени во употреба помеѓу 5 и 10 јуни и додаде дека верува оти Србија самостојно ќе ја произведува вакцината пред крајот на годината, пренесува „Фонет“.
„Ќе видиме дали ќе го произведуваме „синофарм“ или „спутник“ до крајот на годината и се надевам дека ќе ги произведуваме двете вакцини до март, рече Вучиќ за време на неговата посета на „Торлак“ и изјави дека вкупното производство првично би било 20 милиони, а подоцна и 30 милиони дози годишно, за да се покријат и потребите на регионот.
Претходно беше објавено дека Србија може да започне со пакување на руската вакцина „спутник В“ од средината на годината, а да ја произведе до крајот на годината.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш