Свет
Генералниот секретар на НАТО: „На Европа не ѝ требаат нови одбранбени структури“

На Европа не ѝ требаат нови структури во однос на одбранбената стратегија на Европската Унија, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, еден ден откако францускиот претседател Емануел Макрон повика на ревизија на одбраната на ЕУ.
Макрон вчера изјави дека ЕУ треба да дефинира нова одбранбена стратегија, што ќе ја зајакне нејзината способност да се брани иако трансатлантската алијанса на НАТО е корисна и ефикасна, објави „Ројтерс“.
„Она што ни треба е повеќе капацитет, а не нови структури што се натпреваруваат за капацитет“, рече генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, на заедничката прес-конференција со француските министри за надворешни работи и за одбрана во Париз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Експлозија во близина на аеродромот Хитроу во Англија

Силна експлозија одекна околу 17 часот по локално време во близина на аеродромот Хитроу во Англија.
По експлозијата, чија причина не е пожар, недалеку од аеродромот избувна силен пожар, а на терен се повеќе од 70 пожарникари, јавуваат британските медиуми.
Патниците на авионот што требаше да слета во Хитроу набргу по експлозијата објавија снимка од густиот чад што се издига над градот.
Coming in to land at Heathrow just before 5pm today. The scorched fields. The fire! pic.twitter.com/ndHwZrz7lF
— Robert Harris (@Robert___Harris) August 7, 2022
Медиумите јавуваат дека горат дрвја, ниска вегетација, наводно дури и неколку згради, но засега нема официјални информации.
Is this fire near Heathrow why there are so many fire and police along the west way near shepherd’s bush? pic.twitter.com/f3kFktlltj
— April Louise Merrell (@AprilMerrell) August 7, 2022
Пожарникарите соопштија дека извадиле плински канистри кои биле во близина, за да не дојде до нова експлозија.
Around 70 fire fighters are currently tackling what looks to be a huge blaze in on Hereford Road in Feltham!
— Met4Cast (@Met4CastUK) August 7, 2022
Во овој момент не се знае што ја предизвикало експлозијата, ниту дали има жртви,пренесе Телеграф.рс.
Свет
Се огласуваат сирените во Тел Авив, петмина мртви во Газа

Во пресрет на почетокот на примирјето меѓу Израел и палестинскиот исламски џихад, вечерва се огласија сирените во неколку израелски градови, меѓу кои и Тел Авив, додека „Џерусалим пост“ пренесува, повикувајќи се на палестински медиуми, дека петмина Палестинци загинале во израелски напад на автомобил во Газа.
Исламски џихад вечерва објави дека најавениот прекин на огнот и примирјето нема да постојат доколку Израел не ја исполни таа милитантна организација.
Примирјето требаше да стапи во сила во 19 часот, но според израелските медиуми, сирени за воздушен напад, освен во Тел Авив, се слушаат и во Ашкелон, Сдерот, Зиким, Холит и во некои други градови.
На некои места паднаа ракети истрелани од Појасот Газа, а израелската армија соопшти дека од почетокот на операцијата Зора во петокот, палестинскиот исламски џихад истрелал близу 1.000 ракети, од кои 160 паднале на територијата на Газа, додека од проектилите кои навлегле на територијата на Израел, 96 отсто ги собориле,пренесе Телеграф.рс.
Свет
Трамп: Америка повеќе никој не ја почитува, ние сме народ кој стана шега

Светската заедница ја загуби почитта кон американскиот народ и Америка, изјави Доналд Трамп.
Тој исто така изрази загриженост дека другите земји во светот повеќе не го почитуваат и не го слушаат Вашингтон.
САД станаа земја од третиот свет на многу начини, рече Трамп.
– Ние сме по многу нешта земја од третиот свет. Ние сме земја чија економија паѓа, чии синџири на снабдување се нарушени, продавниците не се полни, чии пакети не стигнуваат до адреси и чиј образовен систем е на дното на секоја листа – цитира ТАС С.
Како што претходно изјави рускиот претседател Владимир Путин, специјалната воена операција во Украина го означи почетокот на колапсот на американскиот светски поредок и транзицијата кон вистински мултиполарен свет, кој не се заснова на либералниот глобалистички егоцентризам на САД, туку на вистинскиот суверенитет на народот.
Претходно, руското Министерство за надворешни работи ги повика САД да се воздржат од акции кои ја поткопуваат регионалната стабилност и меѓународната безбедност и да ја признаат реалноста дека нема место за американската хегемонија.
– Неуспешната економија, проблемите со храната и лошото образование ги направија САД земја од Третиот свет – изјави поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
Според Трамп, главниот проблем на САД е губењето на авторитетот во светската заедница.
– Можеби најважно, ние сме земја која повеќе не ја почитуваат и слушаат во светот. Ние сме народ кој стана шега – заклучи Трамп,пренесе Новости.рс.