Контакт

Европа

Германец осуден поради ставање отров во храна за бебиња

Објавено пред

Маж на возраст од 54 години е осуден во Германија на 12 и пол години затвор поради обид за убиство бидејќи ставал отров во храна за бебиња и возрасни.

Обвинетиот признал дека на полици во супермаркети и мали продавници во градот Фридрихсхафен минатата година ставал тегли со отровна храна и им ги нудел на потрошувачите, пренесе Би-би-си.

Теглите со храна содржеле доволно количество на етилен гликол, токсична течност без мирис, што можело да убие дете, открија обвинителите.

Само поради среќа и добра полициска работа ниту едно дете не било повредено во овој злосторнички акт, рече главниот обвинител.

Европа

Велика Британија најави заштитничка поморска мисија со сојузниците од ЕУ во Ормуската Теснина

Објавено пред

Велика Британија соопшти дека со европските сојузници ќе формира мисија на поморска заштита во Ормуската Теснина по иранската заплена на нафтен танкер што пловел под британско знаме во овој стратешки премин.

Шефот на британската дипломатија, Џереми Хант, оцени дека иранската заплена на танкерот и 23-члениот екипаж претставува чин на државно пиратство.

Хант не изнесе детали за новата мисија, но рече дека Велика Британија ќе предезе соодветна акција да го поддржи безбедносниот премин на бродовите низ Ормуската Теснина.

Тој се огради дека британските потези не се дел од политиката на САД за максимален притисок врз Иран бидејќи европските земји и понатаму го почитуваат меѓународниот нуклеарен договор со Иран од 2015 година, што САД го напуштија пред повеќе од една година.

Силите на Револуционерната гарда го пресретнаа танкерот во петокот и го запленија бродот заедно со екипажот.

Иран соопшти дека потегот е одговор на инцидентот од 4 јули кога британската морнарица помогнала да се заплени ирански нафтен танкер. Велика Британија ги отфрла поврзувањата на двата случаја и наведува дека заплената на иранскиот танкер била легална бидејќи постоел сомнеж бродот да планира прекршување на санкциите на ЕУ кои се однесуваат на забраната за испорака на нафта во Сирија.

Прикажи повеќе...

Европа

Пронајдена француска подморница што исчезнала пред половина век

Објавено пред

Француската подморница „Минерва“, која изчезнала во 1968 година со 52 члена на екипажот е пронајдена недалеку од пристаништето Тулон, соопшти француската министерка за одбрана, Флоранс Парли.

„Тоа што ја пронајдовме ‘Минерва’ е успех, олеснување и технички подвиг“, изјави Парли, пренесе „Анса“.

Таа додаде дека нејзините мисли се со членовите на екипажот, кои долго чекале на овој момент.

Владата одлучи лани да ги обнови напорите да ја пронајде „Минерва“ на повтореното барање на семејствата. Причината за потонувањето на подморницата не е позната.

Прикажи повеќе...

Европа

Британските конзервативци гласаа за нов лидер, резултати утре

Објавено пред

Членовите на владејачката британска Конзервативна партија го завршија гласањето за новиот лидер на партијата и владата, а победникот во трката помеѓу поранешниот и сегашниот шеф на дипломатијата, Борис Џонсон и Џереми Хант, ќе биде познат утре.

Џонсон, кој своевремено беше и градоначалник на Лондон, важи за голем фаворит, а критичарите го осудија неговото ветување дека ќе ја извади Велика Британија од Европската Унија со или без договор.

Победникот в среда ќе ја преземе должноста премиер на Велика Британија.

Неколку членови на владата на Тереза Меј, меѓу кои и министерот за финансии Филип Хамонд, најавија дека ќе поднесат оставка доколку Џонсон стапи на премиерската функција.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Инспекторот Илиевски поднесе прекршочна пријава за ректорот и за тетовскиот универзитет

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски поднесе прекршочна пријава во тетовскиот Основен суд за Државниот универзитет во Тетово и за ректорот Вулнет...

Македонија7 часа

Жбогар е уверен дека законот за Обвинителството ќе биде донесен со консензус

Eвроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на Општина Новаци изрази надеж дека парламентот ќе го донесе законот за Обвинителството со...

Македонија7 часа

Обвинителството го доби извештајот од телефонот на Јанева

Обвинителството за организиран криминал и корупција го доби извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на обвинителката Катица Јанева, но во интерес...

Македонија8 часа

Заев на одмор во Охрид и Грција, Шекеринска во Скандинавија, Царовска во Турција

Премиерот Зоран Заев со семејството ќе замине на одмор по празникот 2 Август, Илинден, во Охрид и во Грција, министерката...

Македонија9 часа

Хелсиншки комитет: Рекорден број дела од омраза во 2018 година, негативниот тренд продолжува и годинава

Во периодот од 2013 до крајот на 2018 година Хелсиншкиот комитет евидентирал 508 инциденти сторени поради омраза, беше соопштено на денешната прес-конференција по повод Европскиот...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија12 часа

Кривичниот суд вторпат го одби барањето на Кочан за одложување на казната

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да...

Свет13 часа

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Свет13 часа

Иран уапси 17 шпиони на ЦИА, некои се осудени на смрт

Иран уапси 17 шпиони кои работеле за Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА), а некои од нив се осудени на...

Свет14 часа

(Видео) Масакр во луксузно одморалиште, убиени 5 лица, а 6 се повредени

Вооружен напаѓач уби петмина мажи и рани уште шест лица во популарен бар во мексиканскиот град Акапулко, што е уште...

Свет14 часа

Иран ѝ се закани на Велика Британија со ескалација на тензиите во Заливот

Со оглед дека британските официјални претставници одбиваат да ја исклучат можноста за воведување санкции кон Техеран, иранскиот амбасадор во Велика...

Свет15 часа

Израел почна да урива палестински згради

Израелските работни тимови почнаа да уриваат десетина илегално изградени палестински згради во источниот дел на Ерусалим. Денешното уривање ја прекинува...

Свет15 часа

Зеленски ѝ понуди сојуз на рок-ѕвезда

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија партија убедливо води на предвремените парламентарни избори со 43,9 отсто од гласовите, според излезните анкети,...

Македонија1 ден

Голем пожар во Едриличарскиот клуб во Струга

Голем пожар избувна попладнево во бараките на Едриличарскиот клуб во Струга што се наоѓа кај „Машката плажа“ во градот. За...

Македонија1 ден

Спасовски: МВР без налог од судот не може да знае каде е Јанева

МВР без налог од судот или обвинителството не може да знае каде е Катица Јанева. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,...

Регион1 ден

Мицотакис ја претстави владината програма, на соседите им порача дека соработката ќе го одреди нивниот пат кон ЕУ

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис денеска во грчкиот Парламент ја претстави владината програма, во рамки на  тридневната расправа за добивање доверба на...

Македонија1 ден

Запленет глисерот на Зоран Кичеец

Запленетиот глисер во Охрид, е во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец, потврдуваат од...

Македонија1 ден

„Анима мунди“: Познат е сторителот кој свирепо уби куче во Стојаково, бараме најстрога казна

Монструозниот чин на кој сведоци беа жителите на селото Стојаково во Богданци, кога куче беше запалено со бензин е пријавен...

Македонија1 ден

(Видео) Жителите на Аеродром против центар за зависници, бараат тие да се лечат на периферијата

Жители на скопската населба Аеродром излегоа на протест, по иницијативата за преместување на зависниците од центарот во Кисела Вода, во...

Свет1 ден

(Видео) Иран објави снимка од заземањето на британскиот танкер

Иранската револуционерна гарда објави видеоснимки за кои тврдат дека ги покажуваат моментите кога нејзините припадници го заробиле британскиот танкер „Стена...

Свет1 ден

Шест лица починаа поради жешкото време во САД

Најмалку шест лица го загубиле животот поради рекордно високите температури во САД, објави „Гласот на Америка“. Според властите, жртвите се...

Досие