Контакт

Европа

Германија бара помош од лекарите мигранти во борбата против коронавирусот

Објавено пред

Германските здравствени власти побараа медицински квалификувани мигранти да им се придружат во борбата против коронавирусот.

Сè поголем број лекари и медицински сестри се разболуваат и се наоѓаат во карантин, па недостигот на медицински персонал врши притисок врз здравствените власти.

Владините иницијативи веќе го зголемија бројот на легла за интензивна нега од 24.000 на 40.000, повеќето од нив со респиратори. Персоналот се преквалификува и сите операции што не се од животно значење се откажани.

Сепак, на системот му требаат повеќе луѓе. Институтот „Роберт Кох“, кој ја советува владата за јавното здравство, рече дека 2.300 лекари се во карантин или се болни.

Саксонија предничи кога станува збор за повик за помош од странски лекари, вклучително и бегалци. Според фејсбук-групата „Сириски лекари во Германија“, околу 14.000 Сиријци чекаат дозвола за работа.

Оваа германска покраина со повеќе од четири милиони жители не е толку критично погодена од епидемијата. Речиси 4.000 луѓе биле заразени, а 76 починале, но ситуацијата е под контрола.

Еден од лекарите што би можеле да се приклучат на тимот е Сафван Аднан Али, кој пристигна од Сирија во јули 2016 година. Студирал општа хирургија во Латакија, а потоа се преселил во Ирак. Кога пристигнал во Германија, тој го учел јазикот и се подготвувал за испити.

„Го чекав испитот, но потоа пристигна коронавирусот и сè запре. Кога беше објавен овој апел… помислив дека навистина сакам да помогнам, да направам нешто корисно и би сакал да ѝ дадам нешто на земјата што многу ми помогна, па затоа веднаш ја испратив работната биографија“, рече тој.

Европа

(Видео) Италијанската полиција употреби водени топови, солзавец и шок-бомби потив демонстрантите во Рим

Објавено пред

За време на протестот на екстремната десница во Рим, против мерките воведени за спречување на ширењето на епидемијата од новиот вид коронавирус, дојде до судир меѓу демонстрантите и припадниците на безбедносните сили, пренесува РТ.

Десничарските екстремисти повторно се собраа во знак на протест против рестриктивните мерки за сузбивање на епидемијата на плоштадот „Попол“, негодувајќи поради полицискиот час што беше воведен од саботата кон неделата.

Преземајќи опсежни безбедносни мерки на и околу плоштадот, безбедносните сили ги контролираа патиштата што водат до Кабинетот на премиерот.

Безбедносните сили интервенираа со водени топови и солзавец врз групата која извикуваше „Слобода, слобода“ и ја скандираше италијанската химна палејќи факли.

Меѓу демонстрантите и безбедносните сили дојде до судири. Демонстрантите фрлаа со камења и шишиња кон безбедносните сили, а палеа и контејнери за отпадоци. Италијанските медиуми наведуваат дека се приведени 16 лица.

Во меѓувреме, за време на протестот на плоштадот „Пополо“, премиерот Џузепе Конте, кој најави нов пакет помош за сопствениците на ресторани кои ќе бидат погодени од најновите мерки, исто така, рече дека се свесни за болката, но дека не го одобрува насилството за време на демонстрациите.

Протестите што започнаа во Италија минатиот викенд како одговор на полицискиот час воведен најпрво во Неапол, а потоа и во Рим, се проширија низ целата земја поради најавата за нови рестриктивни мерки од страна на премиерот Конте во неделата. Насилни инциденти имаше и во Милано, Торино и Трст.

Според истражувањето на јавното мислење на компанијата за истражувања СВГ (SWG), 28 отсто од испитаниците сметаат дека преземените мерки се соодветни на сегашната состојба, 36 отсто ги сметаат за недоволни, додека 25 отсто за прекумерни.

Прикажи повеќе...

Европа

Кејт Бингам: Првата генерација на вакцини против Ковид-19 веројатно нема да биде ефикасна за сите луѓе

Објавено пред

Првите вакцини против новиот коронавирус веројатно ќе бидат нецелосни и веројатно нема да бидат ефикасни за сите луѓе, рече Кејт Бингам, која ја предводи британската работна група за вакцини.

„Сепак, не знаеме дали некогаш ќе имаме вакцина. Важно е да се избегне прекумерен оптимизам“, напиша Бингам во написот објавен во медицинското списание „Лансет”.

Првата генерација на вакцини веројатно ќе има недостатоци и треба да бидеме подготвени за фактот дека нема да ја спречи инфекцијата, туку повеќе ќе дејствува на намалување на симптомите, па дури и тогаш може да не биде ефикасна за сите луѓе или барем за долго време “, објасни таа.

Работната група за вакцини признава дека голем дел од вакцините, а можеби и сите може да бидат неуспешни, напиша таа.

Фокусот е ставен на вакцините кои предизвикуваат имунолошки одговор кај популацијата постара од 65 години, додаде Бингам.

Таа додаде дека глобалните капацитети за производство на вакцината генерално не се соодветни за производство на милијарди дози потребни на светот.

Прикажи повеќе...

Европа

Мишел: Ситуацијата во Европа е алармантна

Објавено пред

Ситуацијата во Европа, каде што се зголемува бројот на луѓе кои страдаат од коронавирус, е многу сериозна и алармантна, рече претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел.

Според него, ЕУ мора да биде поефикасна кога станува збор за тестирање, следење на пациенти, вакцини и правила за карантин.

„Потребна ни е многу поголема ефикасност во пресретнувањето на вирусот пред граѓаните да се заразат едни со други. Потребно ни е планирање, во спротивно ќе имаме системско затворање низ целиот континент во следните месеци”, изјави Мишел за италијанска „Ла Стампа“.

Тој додаде дека е неопходна и координација меѓу државите за да се ограничат негативните економски и социјални ефекти од пандемијата, пренесува „Ројтерс“.

Мишел заклучи дека ЕУ мора да биде подготвена кога ќе дојдат вакцините. „Нема да биде лесно да се спроведе таа фаза“, рече Мишел.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

Советот за безбедност ќе одржи седница за состојбата со коронавирусот

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“  утре, 29 октомври, со почеток во 11 часот ќе се одржи...

Свет38 минути

Куба ја регистрира својата втора вакцина против коронавирус

Куба официјално регистрираше втора вакцина против Ковид-19, а испитувањата се очекува да започнат наскоро, објави „Агенсија Кубана де нотисијас“ (АКН)....

Македонија2 часа

Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа поради загадувањето и пандемијата

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во...

Свет2 часа

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност што не је препознавам

Првата дама на САД, Меланија Трамп, вчера одржа говор на предизборен митинг во Пенсилванија – тоа беше нејзино прво соло...

Свет3 часа

Турција остро ја осуди карикатурата на Ердоган во „Шарли ебдо“

Водечките турски претставници ги осудија карикатурите на претседателот Реџеп Таип Ердоган во денешното издание на францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“....

Македонија4 часа

Митко Јанчев повикува на протест за смена на Мицкоски

Митко Јанчев повикува на протест за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.   Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен...

Свет4 часа

Блумберг донира уште 15 милиони долари за кампања на Бајден

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг донира дополнителни 15 милиони долари за претседателската кампања на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во Охајо...

Свет4 часа

Од коронавирус во светот заразени повеќе од 44.155.000 лица

Повеќе од 44.155.000 лица се заразени од коронавирус во светот, според најновите статистички податоци што ги одржува специјализираната страница worldometers.info....

Свет4 часа

Русија ја поднесе својата вакцина во СЗО за забрзана регистрација

Русија поднесе барање до Светската здравствена организација (СЗО) за забрзана за регистрација и претквалификација на својата прва вакцина против новиот...

Европа4 часа

Ватикан најави божикна прослава на папата на интернет

Божикната прослава на папата Франциско ќе се емитува преку интернет оваа година без лично присуство на јавноста поради пандемијата на...

Свет15 часа

СЗО: Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела

Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела, соопшти Светската здравствена организација (СЗО)....

Македонија15 часа

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, позитивна на Ковид-19

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа вели дека нема симптоми и дека се чувствува...

Европа17 часа

Во Италија рекордни 21.994 новозаболени и 221 починат од коронавирус

Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство. Ова е...

Македонија18 часа

Во Македонија 628 нови случаи на коронавирус и 15 починати

Во последните 24 часа во Македонија потврдени се 628 нови случаи на коронавирус, починаа 15 пациенти, соопшти Министерството за здравство....

Македонија19 часа

Собранието ги верифицира мандатите на четворицата нови пратеници

Собранието на денешната седница ги верифицираше мандатите на новите чет ворицатапратеници Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, Рина Ајдари од ДУИ, Мирослав...

Македонија19 часа

Одобрена набавката на лекот „ремдесивир“, државата ќе потроши 67,5 милиони денари

Владата одобри набавка на лекот „ремдесивир“ за третман на пациенти со коронавирус. За испорака на овој лек во следните пет...

Спорт22 часа

Нови заразени во Вардар, одложен е натпреварот со ПСЖ

Ракометниот клуб Вардар 1961 потврди дека е одложен натпреварот против ПСЖ, во Лигата на шампионите. Вардар, во рамките на 6....

Свет22 часа

Во Русија од утре маските се задолжителни во јавниот превоз, парковите и во лифтовите

Русија од утре воведува задолжително носење маски поради зголемувањето на бројот на случаи со коронавирус. Според уредбата објавена на веб-страницата...

Свет23 часа

(Видео) Муслиманскиот свет го претстави Макрон како сатанист

Францускиот претседател Емануел Макрон беше цел на демонстрантите во исламскиот свет по изјавата по повод објавувањето на карикатурата на пророкот...

Македонија23 часа

Позитивни на Ковид-19 биле 24 отсто од тестираните во текот на изминатата недела

Министерството за здравство информира дека во согласност со извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од...

Досие