Контакт

Европа

Германија во сојуз со три земји ќе се бори за вакцини против коронавирусот

Објавено пред

Германија и уште три земји членки на ЕУ градат нова алијанса која има за цел да обезбеди пристап до вакцини против коронавирусот, откако тие ќе бидат достапни.

Целта е да се осигура дека тие се фер дистрибуирани низ целиот свет, објави весникот „Ханделсблат“.

Весникот го цитира германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, и неговите колеги од Франција, Италија и Холандија, кои во писмо до Европската комисија велат дека пристапот до вакцините е едно од најитните прашања со кои треба да се занимава Европската Унија, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Затоа, оваа група на земји се ангажира да постигне најбрз и најдобар можен исход во преговорите со клучните актери во фармацевтската индустрија.

Четирите земји, кои делуваат на иницијатива на Берлин, сакаат да спречат можност ЕУ да ја згуби трката за вакцината со САД и Кина, објави весникот.

Напорите на американскиот претседател Доналд Трамп, САД да бидат првите што ќе добијат пристап и контакт со пронаоѓачите на вакцина, во замена за милијарди долари вложени во фармацевтските компании, се следат со сомнеж во Европа, додава „Ханделсблат“.

Соединетите Држави обезбедија речиси третина од првите милијарда дози на експериментална вакцина за Ковид-19 од Астра Зенека, ветувајќи и до 1,2 милијарди долари.

Европа

Париз ја отвора терасата на Ајфеловата кула

Објавено пред

Од овој викенд посетителите на Ајфеловата кула повторно ќе може да уживаат во пијалак на летната тераса на ова париско обележје.

Кулата беше затворена кон средината на март поради епидемијата на коронавирусот, а беше повторно отворена за посетителите на 25 јуни, пренесува „Ројтерс“.

Терасата на Ајфеловата кула зафаќа површина од 57 метри и има бар, може да прими од 300 до 350 посетители, а секој четвротк и петок ќе биде организирана забава со диџеј.

Сите посетители мора да носат маски и да го почитуваат физичкото растојание.

Ајфеловата кула обично ја посетуваат приближно седум милиони луѓе годишно, од кои 75 % се странски туристи, но поради моментната состојба, се очекува годинава повеќето посетители да бидат од Франција.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Австрија 94 новозаразени

Објавено пред

Во последните 24 часа забележани се 94 новозаразени со коронавирус во Австрија.

Како речиси секој ден во последните десет дена, најголем број новозаболени се регистрирани во провинцијата Горна Австрија – 45, а потоа следува Виена со 34 нови случаи.

Во последните 24 часа, само во една од деветте покраини, Штаерска, немало новозаразени.

Според Министерството за здравство, во моментот има 1.100 активни пациенти во Австрија.

Бројот на хоспитализирани се зголеми за двајца, на 80, од ​​кои девет се на интензивна нега, што е три помалку од вчера.

Бројот на починати со денови е непроменет и изнесува 706.

Од почетокот на епидемијата на крајот на февруари 18.637 луѓе биле позитивни на врисусот, од кои 16.808 оздравеле.

Прикажи повеќе...

Европа

Германски виролог: Не само втор, туку ќе има и трет бран на вирусот

Објавено пред

Германскиот виролог Хендрик Штрек верува дека ќе има втор и трет бран на инфекција со Ковид-19 и дека општеството мора да научи да живее со коронавирусот.

Во ТВ-емисија Штрек рече дека не очекува оти бргу ќе се развие вакцина против вирусот.

Во блиска иднина тој не гледа напредок во развојот на вакцината и покрај фактот дека огромен број луѓе се вклучени во истражувања во целиот свет.

Штрек не е убеден во досегашните резултати во развојот на вакцина или лек.

Затоа, вели тој, општеството мора да живее со коронавирусот.

„Мораме да се помириме со тоа и да правиме најдобро што можеме. Тоа значи дека ќе имаме постојани осцилации, што е веќе случај. Секогаш мора да сметаме на појава на нови жаришта, како што беше случајот со Гитерсло, и да бидеме подготвени“, објасни еден од водечките виролози во Германија.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион5 часа

(Видео) Не престануваат протестите во Србија – еден демонстрант повреден со нож, има и уапсени

Четврт ден по ред насилни протести во Белград, но и во повеќе градови во Србија, наспроти забраната за собирања на...

Свет7 часа

СЗО: Сè уште можеме пандемијата да ја ставиме под контрола

Директорот на Светската здравствена организација порача дека денес сè уште е можно да се стави епидемијата на Ковид-19 под контрола,...

Аја Софија, Истанбул Аја Софија, Истанбул
Регион9 часа

„Аја Софија“ повторно стана џамија

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска потпиша декрет со кој музејот „Аја Софија“ во Истанбул повторно станува џамија. Ова следи...

Македонија11 час

Излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот

Во ГОБ „8 Септември“ е излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија11 час

Патниците од регионот не треба да приложуваат негативни тестови ако само транзитираат низ земјава

Главниот координативен кризен штаб ги објави насоките и пропозициите врз основа на кои државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и...

Македонија12 часа

Шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус. Оздравени се 336 заболени....

Македонија12 часа

Затворени две текстилни фабрики во Свети Николе, пријавени се случаи на коронавирус

Двете фабрики на конфекцијата „Мода“ во Свети Николе ги затворија погоните по појавата на случаи на коронавирус, соопшти градоначалникот на...

Македонија13 часа

Петровска за случајот во Штип: Не станува збор за поткуп на гласачи, туку за економски криминал

„Очајници прават очајнички потези“, напиша заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска, во врска со објавата на министерот Наќе Чулев за...

Македонија14 часа

(Видео) Јанушев: Очекуваме победа и ќе коалицираме со оние што ќе ја прифатат нашата програма

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ очекува победнички изборен резултат и мандат за формирање влада, изјави генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, во интервју...

Свет15 часа

Казахстан ги негира кинеските тврдења дека во земјата има пневмонија поопасна од Кoвид-19

Министерството за здравство на Казахстан ги отфрли кинеските тврдења дека во земјата циркулира непозната пневмонија, која е посмртоносна од коронавирусот....

Топ15 часа

Пронајдени 26 украдени велосипеди, приведени крадци во Скопје

Три лица се приведени под сомнение дека краделе велосипеди од подруми и станови во Скопје. Е. М. (24) и А....

Топ15 часа

Сопственик на продавница им ветувал на купувачите дека ќе им ги прости долговите ако гласаат за СДСМ

Сопственик на продавница во Штип ветувал дека ќе им избрише долг на неколку лица ако на изборите гласаат за СДСМ,...

Регион16 часа

(Видео) Протестите во Белград поминаа мирно, се играше и оро

Во Србија се одржаа нови протести против мерките воведени поради епидемијата на коронавирус и против владата на Александар Вучиќ. По...

Македонија16 часа

Гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ, порача Оливер Спасовски од Тетовско

Граѓаните се сигурни со концептот едно општество за сите, гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ и тие се опасност,...

Свет17 часа

СЗО: Итно е потребно понатамошно истражување за пренoс на коронавирусот преку воздухот

Светската здравствена организација (СЗО) објави нови насоки за коронавирусот, кои признаваат некои извештаи за пренесување на вирусот преку воздухот, но...

Македонија19 часа

Италија забрани влез за граѓани од Македонија и уште 12 земји

Италија ги затвори своите граници за 13 земји, вклучително и за Македонија, сметајќи ги за најризични места за ширење на...

Македонија19 часа

Хоспитализирани се 412 заразени лица во земјата

Во моментов низ болниците во земјава, хоспитализирани се 412 лица кои се позитивни на ковид-19. На Инфективната клиника вкупно се...

Македонија19 часа

Мицкоски: Се обврзуваме на минимална плата од 18.000 денари која ќе расте со просечната

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа посочи дека до крајот на мандатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата ќе стигне...

Македонија1 ден

(Интервју) Најчевска: Уставниот суд носи скандалозни одлуки

За скандалозните одлуки на Уставниот суд, довербата во институциите, за максималното почитување на човековите права, заложбите за истополови бракови, декриминализација...

Македонија1 ден

Заев најави укинување на министрите без ресор и отворање агенции и директорати

Ќе градиме уште поотчетна и потранспарентна влада која ќе работи за народот, за унапредување на правата на сите граѓани, порача...

Досие