Контакт

Свет

Германија е подготвена да прими 1.500 малолетни бегалци

Објавено пред

Германската владејачка демократско-христијанска коалиција ноќеска постигна договор околу прифаќање до 1.500 малолетни бегалци од грчките острови, при што се нагласува дека се работи за решение во рамки на договорот на ниво на Европската Унија.

„Постојат сигнали дека и останатите земји во ЕУ, како Франција, би можеле да дадат свој придонес во пружањето заштита, посебно на загрозените малолетни бегалци од грчките острови“ рекла претседателката на владејачката ЦДУ, Анагрет Крамп-Каренбауер.

Таа нагласила дека Германија намерно посегнала по решение за кое не е потребна согласност од сите членки на ЕУ. Таа додала дека моментално се бара меѓу земјите на ЕУ некој желен да прифати одреден број малолетни бегалци.

Во рамки на акцијата, Германија е подготвена од грчките острови да прими 1.000 до 1.500 деца, при што се работи за малолетници, кои поради тешките болести имаат потреба од итна медицинска помош или се без придружба и млади од 14 години.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Италија најверојатно ќе ја продолжи вонредната состојба

Објавено пред

Италија најверојатно ќе ја продолжи вонредната состојба за да ја одржи кризата со коронавирусот под контрола, рече висок италијански официјален претставник, додека владата се обидува да избегне зголемување на бројот на новозаболени како што е случајот во повеќето европски земји.

Вонредната состојба, која ќе истече во средината на октомври, овозможува поголеми овластувања и за регионалните власти и за централната влада, што им олеснува на службените лица да ја заобиколат бирократијата што го гуши процесот на донесување одлуки во Италија.

„Верувам дека владата ќе треба да побара дополнително продолжување“, рече заменик-министерот за здравство Сандра Зампа за државната телевизија РАИ.

Италија беше првата земја во Европа погодена од Ковид-19 и има најголем број смртни случаи на континентот – 35.851.

Благодарение на еден од најстрогите карантини во светот, Италија успеа да ја стави пандемијата под контрола до летото. Сепак, случаите се зголемија во текот на минатиот месец и во последните седум дена во просек се пријавени по 1.694 нови случаи дневно.

Прикажи повеќе...

Свет

Москва ги затвора училиштата на две недели

Објавено пред

Москва од следниот понеделник ќе ги затвори училиштата на две недели поради брзиот раст на бројот на заразени со коронавирус.

Русија во последните 24 часа евидентирала повеќе од 8.200 нови случаи, со што продолжи да расте бројот на новозаболени, што е најголем во последните три месеци.

Затворањето на училиштата од 5 до 18 октомври се смета за празник за учениците затоа што училишните часови нема да се префрлат на интернет, како што беше случајот за време на последниот карантин, објави канцеларијата на градоначалникот.

Прикажи повеќе...

Свет

Кремљ: Путин планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус

Објавено пред

Рускиот претседател, Владимир Путин, планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус, рече неговиот портпарол.

„Путин планира да се вакцинира пред официјалното патување во Јужна Кореја, каде што ќе се сретне со лидерот на таа земја“, објави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јави руската новинска агенција ТАСС.

„Путин вчера доби покана од неговиот јужнокорејски колега. Тој потврди дека дефинитивно ќе ја прифати поканата кога ќе се вакцинира”, рече Песков, но не откри кога треба да се случи официјалното патување.

Јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“ вчера објави дека во телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери било договорено Путин да ја посети азиската земја по понатамошно стабилизирање на состојбата со коронавирусот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Кремљ: Путин планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус

Рускиот претседател, Владимир Путин, планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус, рече неговиот портпарол. „Путин планира да се...

Македонија3 часа

Алаѓозовски и Поповски именувани за национални координатори во Владата

Владата на денешната седница ги именува поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и поранешниот министер без ресор задолжен за комуникации,...

Македонија3 часа

Владата одобри целоднeвна настава во училиштата

По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата на денешната седница одобри целодневна настава во училиштата. „Одобрена е организацијата на...

Македонија6 часа

(Видео) Потпишан етичкиот кодекс, функционерите се обврзаа на транспарентно и одговорно работење

На седница на Владата денеска беше потпишан кодексот за етичко однесување на носителите на јавни функции. По тој повод, заменик-претседателот...

Свет6 часа

(Видео) Војската на Нагорно-Карабах соборила два азербејџански хеликоптера

Војската на Нагорно-Карабах собори два азербејџански хеликоптера користејќи ракети „земја-воздух“ – „игла“, објави прес-секретарот за ерменското Министерство за одбрана, Шушан...

Македонија6 часа

Осум починати и 112 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Македонија7 часа

(Видео) Фетаи ќе бара затворски казни за сите обвинети во „Насилство во Центар“

Обвинителката Фатиме Фетаи ќе бара затворска казна за Миле Јанакиески и другите обвинети со жалба во апелација откако Кривичниот суд...

Македонија7 часа

Царовска: Место да ја бојкотираат онлајн-наставата, родителите, градоначалниците и директорите да седнат и да се договорат

Бојкот на онлајн-наставата нема да им донесе ништо добро на децата, рече денес министерката за образование и наука, Мила Царовска....

Македонија8 часа

(Видео) Затворска казна за Груевски, а условна за Јанакиески и за извршителите во „Насилство во Центар“

Судот изрече казна затвор од 1 година и 6 месеци за Никола Груевски, а за Миле Јанакиески условна казна од...

Македонија8 часа

Илјадници ученици и денес не може да се приклучат за онлајн-учење, Царовска повикува на трпение

Фијаско и на генералната проба, Националната платформа за онлајн-учење и денес паѓа. Илјадници ученици, наставници и родители и утрово не...

Свет9 часа

(Видео) Гори цивилен автобус погоден од азербејџански дрон

Ерменскиот министер за одбрана објави на „Твитер“ дека гори цивилен автобус, погоден од азербејџански дрон. In #Vardenis which is located...

Македонија9 часа

Средба Османи – Вархељи: Почетокот на преговорите ќе биде јасен сигнал за европскиот курс на целиот регион

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Брисел оствари средба со еврокомесарот за соседство и...

Топ10 часа

Се преврте автобус со 16 војници на АРМ, пренесени се во болница со полесни повреди

Изутринава се случи сообраќајна незгода на патот Струмица – Штип кога се преврте автобус во кој се превезувале 16 војници...

Македонија10 часа

МОН: За еден ден, на платформата за учење на далечина 
се пријавиле над 88 илјади корисници

„Како што беше најавено во текот на вчерашниот ден, кога почнавме со тестирање на Националната платформа за учење на далечина,...

Свет11 час

Трамп и Бајден ќе се соочат на првата дебата за претседателските избори

За прв пат лице в лице, во првата од трите претседателски дебати, Доналд Трамп и Џозеф Бајден ќе се сретнат...

Свет11 час

(Видео) Судирот ескалира: соборен авион на азербејџанските сили, убиени се уште 26 ерменски војници

Армијата на Нагорно-Карабах собори авион на азербејџанските сили, изјави портпаролот на претседателот на таа непризнаена република, Ваграм Погосјан. Како што...

Македонија12 часа

Министрите на владина седница ќе потпишат кодекс за етичко однесување

Владата на Република Северна Македонија, денеска, со почеток во 12 часот, во свечената сала ќе ја одржи седмата седница. На...

Свет12 часа

Итна седница на Советот за безбедност на ОН за Нагорно-Карабах

Денеска треба да се одржи итна седница на Советот за безбедност на ООН за регионот Нагорно- Карабах, каде се водат...

Европа12 часа

Село во Романија третпат избра ист градоначалник иако е мртов

Жителите на едно село во Романија го реизбраа истиот градоначалник на локалните избори, иако тој почина пред две недели од...

Спорт21 час

Дури 11 фудбалери на Џенова имаат КОВИД-19, нејасно е дали Пандев е меѓу нив!

Италијанските медиуми тврдат дека дури 11 фудбалери на Џенова и 3 членови на тимот имаат позитивен тест на КОВИД-19, вклучувајќи...

Досие