Контакт

Европа

Германија неделава ги олеснува мерките за вакцинираните

Објавено пред

Одредбата на германската влада со која вакцинираните и оние кои го прележале вирусот се исклучуваат од мерките за борба против пандемијата на коронавирус може да стапи на сила уште оваа недела, објавија германските медиуми.

Укинувањето на многу ограничувања на личните контакти, слободата на движење и обврската за тестирање на вакцинираните и оние кои го прележале коронавирусот, според германските медиуми, повикувајќи се на владини извори, може да помине низ собраниска процедура оваа недела.

За одредбата треба официјално да реши владата на утрешната редовна конференција, а долниот и горниот дом на парламентот, Бундестагот и Бундесратот, би можеле да одлучат за тоа в четврток и в петок.

Во рамките на владејачката Демохристијанска-социјалдемократска коалиција има договор за укинување на ограничувачките мерки за вакцинираните лица, а најголемиот дел од парламентарната опозиција ја сигнализира својата согласност.

Говорејќи во прилог на укинување на обврската за усогласување со некои антипандемиски мерки, како што се забрана за ноќни излегувања или задолжително тестирање и карантин по враќањето од странство, водечките политичари во владејачката коалиција последните денови нагласија дека не станува збор за привилегии, туку за враќање на основните граѓански права на оние кај кои веќе не постои опасност од ширење на заразата.

Владата се повикува на сознанијата на државниот Институт за епидемиологија „Роберт Кох“, кој објави дека вакцинираните лица имаат помала веројатност да ја шират заразата отколку луѓето со негативен тест за коронавирус.

Набљудувачите проценуваат дека владата го забрзала процесот на донесување одредба за ослободувања на вакцинирани лица, меѓу другото, и поради постојаниот пад на седумдневната инциденција во Германија во последната недела. Во вторникот, инциденцијата падна на 141, од вчерашната 146.

Некои политичари, како што е социјалдемократскиот портпарол за здравство Карл Лаутербах, ги поздравуваат исклучоците за вакцинираните лица, но истовремено предупредуваат на можните последици од понатамошното олеснување на мерките исклучиво за одредени групи, како што се вакцинираните или оние кои го прележале коронавирусот.

„Тоа навистина ќе доведе до неподносливи тензии“, рече Лаутербах за Дојчландфунк.

Карин Мааг, портпарол на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) за здравствени проблеми, исто така предупреди на можни тензии меѓу вакцинираните, главно постари граѓани и оние кои не биле вакцинирани.

„Логично е да се бара од вакцинираните лица да се воздржат од барање поголеми права сè додека помладите граѓани, кои досега покажаа трпеливост, не се вакцинирани“, рече Мааг.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Во Англија првпат по 14 месеци нема забележани случаи на починати до Ковид-19

Објавено пред

За првпат по 14 месеци не се забележани смртни случаи поврзани со коронавирус во Англија, Шкотска и Северна Ирска.

Пермиерот Борис Џонсон потврди дека Англија ќе продолжи да ги укинува дополнителните ограничувања и следната недела.

Од 17 мај, благодарение на позитивните податоци за бројот на новозаразени и вакцинирани, Англија дополнително ќе ги олесни ограничувањата наметнати поради Ковид-19 и меѓу другото, ќе дозволи собири во домови, објави вчера британската влада.

Оваа земја е во фаза на укинување на мерките за затворање во согласност со планот објавен во февруари.

Во третата фаза од планот, како што е најавено, за прв пат по неколку месеци, на граѓаните ќе им биде дозволено да се состануваат во затворени простории во групи до шест лица или две цели домаќинства.

На баровите и рестораните, исто така, за првпат по неколку месеци, ќе им биде дозволено да им служат на посетителите во затворени простории според одредени правила. Другите затворени простории за забава и спортски објекти ќе можат да започнат со активности.

„Податоците го покажуваат она што веќе го знаевме – нема да дозволиме вирусот да не победи“, рече Џонсон.

„Планот продолжува, нашата успешна програма за вакцинација продолжува, повеќе од две третини од возрасните во Велика Британија сега ја примија својата прва вакцина и можеме да очекуваме претпазливо, но неповратно отворање“, рече Џонсон.

Прикажи повеќе...

Европа

Џонсон даде зелено светло за внимателни прегратки

Објавено пред

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска даде зелено светло за прегратки со претпазливост и послужување пиво во пабовите, по неколку месеци строги ограничувања.

Владата во февруари објави план во четири чекори за постепено ублажување на социјалните ограничувања, а следната фаза треба да стапи на сила идната недела.

Џонсон рече дека владата ќе им овозможи на семејствата и блиските пријатели сами да носат одлуки за социјалните контакти, но ги повика луѓето да не ја занемаруваат претпазливоста и рече дека одржувањето на растојание е задолжително на работните места, во продавниците и рестораните, пренесува „Ројтерс“.

„Ова отклучување е многу важен чекор на патот кон враќање во нормала и јас сум убеден дека ќе можеме да одиме понатаму“, рече Џонсон на прес-конференција.

Повторното отворање ќе се однесува само на Англија, а полуавтономните влади на Шкотска, Северна Ирска и Велс ќе воспостават свои правила.

Главните медицински лица во земјата исто така денеска го намалија нивото на предупредување за Ковид-19, што значи дека епидемијата циркулира, но пренесувањето не е веќе високо и не расте експоненцијално.

Прикажи повеќе...

Европа

„Бионтек“: Досега сè укажува дека вакцината на „Фајзер“ е ефикасна и против новите видови

Објавено пред

Германската лабораторија „Бионтек“ објави дека смета на ефективноста на својата вакцина, развиена во соработка со американски „Фајзер“, кога станува збор за сегашните варијанти на коронавирусот САРС-КоВ-2 додавајќи дека ниту една студија во моментот не покажува дека е потребно да се развие нова формула.

„Во овој момент нема индикации дека вакцината на ‘Бионтек’ против Ковид-19 треба да се приспособи на новите варијанти на вирусот“, соопшти германската лабораторија.

Засега, се додава во соопштението, „Бионтек“ е насочен кон развој на комплетна стратегија за борба против варијантите доколку се појави потреба во иднина.

Затоа лабораторијата почна со тестирање верзија на вакцина изменета специјално за варијантите на коронавирусот во март доколку САРС-КоВ- значително се промени и е потребна нова вакцина.

Исто така, се испитува влијанието на можната трета доза вакцина врз продолжувањето на стекнатиот имунитет и заштитата од нови варијанти.

Извршниот директор на „Бионтек“, Угур Сахин, во април рече дека нивната вакцина е ефикасна против индиската варијанта на коронавирусот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет34 минути

(Видео) Најмалку 20 загинати, меѓу нив 9 деца во синоќешните израелски напади

Палестинците рано утрово лансираа десетици ракети од Газа, а Израел возврати со нови воздушни напади. Израелската армија објави дека во...

Регион11 час

Швајцарски весник со истражување: Зошто Балканот е легло на антиваксери?

Весникот Ноје Цирхер Цајтунг (НЗЗ), на почетокот на анализата од дописникот на Југоисточна Европа, Волкер Пабст, истакнува дека до неодамна,...

Македонија17 часа

Потврдени 25 случаи на коронавирус во Македонија, 16 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 25 случаи на коронавирус, 16 лица починаа, а 408 пациенти оздравеа, соопшти...

Македонија17 часа

Филипче: Значајно се испразнети болниците, хируршките одделенија се вратени во функција

Eпидемиолошката крива е во опаѓање и бројот на хоспитализирани пациенти во континуитет се намалува во изминатите денови, изјави министерот за...

Македонија18 часа

Инспекторатот за животна средина: Рудникот „Казандол“ не претставува опасност

Рудникот „Казандол“ во моментот не претставува опасност за животната средина и локалното население, соопшти Државниот инспекторат за животна средина, кој...

Македонија19 часа

Средба Заев – Фон дер Лаен: Идентитетски прашања не смее да бидат на масата за разговори

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во рамките на посетата на Брисел, оствари средба и со претседателката...

Македонија22 часа

Заев од Брисел: Идентитетот не може да биде причина за блокада на европските интеграции

Премиерот Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот во Владата за европски прашања, Никола Димитров, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, и...

Македонија23 часа

Од 12 до 18 мај полициски час од 24 часот, дозволено да биде и организирање настани на затворено

Кризниот штаб предложи олеснување на рестриктивните мерки – полицискиот час да почнува од 24 часот, угостителските објекти да работат до...

Свет23 часа

(Видео) Застрашувачки снимки од Индија, пациенти оставени да умираат, лекарите се кријат

Во Индија се појавија застрашувачки снимки од пациенти заразени од коронавирус, кои, според тврдењата на нивните семејства, лекарите ги оставиле...

Свет1 ден

(Видео) Пет лица повредени при напад со нож на Нов Зеланд

Пет лица се повредени, а три се во критична состојба кога биле прободени со нож во супермаркет на Нов Зеланд,...

Свет1 ден

Состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, фокусот е Западен Балкан

Шефовите на дипломатиите на Европската Унија денеска во Брисел ќе одржат дискусија за посилен политички ангажман на ЕУ со партнерите...

Свет1 ден

(Видео) Седум лица убиени на роденденска забава во Колорадо

Седум лица, вклучително и напаѓачот, беа убиени синоќа во пукање на роденденска забава во Колорадо Спрингс во американската држава Колорадо,...

Македонија2 дена

Регистрирани нови 135 заболени и 14 починати од коронавирус во земјата

Во последните 24 часа се направени 1.993 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 74,...

Свет2 дена

(Видео) Илон Маск призна дека има Аспергеров синдром на телевизиско шоу

Елон Маск откри дека има Аспергеров синдром, за време на неговото гостување во американското ТВ-шоу „Saturday Night Live“. Тој откри...

Регион2 дена

(Видео) Хрватскиот министер за здравство вакцинираше граѓани

Хрватскиот министер за здравство, Вили Берош заедно со лекарите на Хрватскиот институт за јавно здравје и Наставниот институт за јавно...

Топ2 дена

Се преврте автомобил кај клучката Коњари, загина 27 годишник

Во сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на автопатот Скопје-Штип, во близина на клучката Коњари, загина 27 годишно лице...

Македонија2 дена

Во болниците во земјата од коронавирус се лекуваат 760 пациенти

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и...

Македонија2 дена

(Видео) Колариќ: Шилегов делел субвенции за инвертер клими на партиски луѓе

Советничката на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, Светлана Колариќ на денешната прес-конференција обвини за измама и злоупотреба во врска со најавените...

Македонија2 дена

Во земјава досега втора доза вакцина против Ковид-19 примиле 22.900 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 107.978 граѓани, а ревакцинирани се 22.900 граѓани. Прва доза...

Свет2 дена

(Видео) Путин: Секогаш ќе се сеќаваме дека величествената победа над нацизмот ја постигна советскиот народ

Претседателот на Русија, Владимир Путин, на почетокот на традиционалната воена парада во Москва, им го честиташе на граѓаните Денот на...

Досие