Контакт

Свет

Германија планира огромно зголемување на помошта за Украина

Објавено пред

Германската влада има намера да ја зголеми својата поддршка за Украина на повеќе од 11,5 милијарди евра в година за да ѝ помогне на земјата да се одбрани од руската агресија.

Според податоците, овој износ е вклучен во предлогот на Министерството за финансии, кој ќе биде предмет на последната дебата за нацрт-буџетот за 2026 година во буџетската комисија на Бундестагот.

Владини извори минатата недела изјавија дека дополнителните средства ќе бидат наменети за артилерија, беспилотни летала и оклопни возила, како и за замена на два система за воздушна одбрана „Патриот“.

Комисијата на Бундестагот ќе одржи таканаречена последна седница в четврток за да направи конечни приспособувања на буџетот за 2026 година.

Како што претходно објавија извори блиски до германскиот канцелар Фридрих Мерц, владата верува дека ќе може да се спротивстави на повиците на опозицијата за суспендирање на помошта за Украина во пресрет на обвинувањата што ги поврзуваат украинските граѓани со експлозиите на гасоводот „Северен тек“ во Балтичкото Море.

Според германските истражители, се верува дека групата Украинци што учествувале во тие експлозии дејствувале под команда на тогашниот врховен командант на украинските вооружени сили, Валериј Залужни.

Најново

Спорт25 секунди

Карик за својата иднина: Ништо нема да се случи

Манчестер Јунајтед успеа магично да освои бод против Астон Вила, но за иднината на тренерот Мајкл Карик сè уште се...

Македонија1 минута

Левица: ДПМНЕ го врати феудализмот – работниците во ЈП „Национални шуми“ спротивно на закон се принудени да прифатат цепаници наместо К-15

„Додека Мицкоски секојдневно ја убедува јавноста дека Македонија доживува економска преродба, во државното претпријатие „Национални шуми“ работничките права се враќаат...

Забава4 минути

(Фото/Видео) Роузи Хантингтон-Вајтли во интригантна креација: никој не ја очекуваше во разголено издание

Манекенката Роузи Хантингтон-Вајтли се појави во интригантна креација која многумина ги остави без зборови. Никој не очекуваше дека еден скулптурален...

Култура12 минути

Самир Љума, кинематограферот на „Медена земја“, на светска премиера во Талин со филмот „Моето заробено срце“

„Моето заробено срце“ (MY ENSLAVED HEART), босанска драма што ја напиша и режираше Џан Харба, ќе има светска премиера на...

Забава15 минути

(Фото/Видео) Ирина Шајк покажа дека е најубавата жена во едноставен црн фустан

Ирина Шајк се појави во ненаметлив фустан со тенки ленти кој го привлече вниманието на светот, докажувајќи дека дури и...

Свет22 минути

Трамп најави можна средба со Путин и Ши: „Се обидуваме да ја завршиме војната во Иран“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека следната недела во Кина би можел да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин...

Свет29 минути

(Видео) Пожар во повеќекатница во Кина: загинаа 14 луѓе

Четиринаесет лица загинаа во пожар што избувна вчера во повеќекатна зграда во Тајуан, во северната кинеска провинција Шанси, објави денеска...

Свет34 минути

Пијанист од крузер спасен по девет часа во Тихиот Океан: преживеал благодарение на „Ел Нињо“

Пијанист од крузер е спасен откако поминал девет часа во Тихиот Океан, на околу 32 километри од брегот на Калифорнија....

Забава38 минути

(Фото/Видео) Во „море од голотија“, таа е вистинско освежување во светот на модата

Шведскиот модел Елса Хоск им се придружи на дамите со беспрекорен стил на еден голем настан во Лос Анџелес. Нејзината...