Контакт

Европа

Германија прими 117 бегалци од Грција

Објавено пред

Во Германија пристигнаа 117 бегалци од Грција како дел од договорот за примање бегалци, кои веќе добиле бегалски статус од грчките власти.

„18 семејства и 42 малолетни бегалци без придружба пристигнаа на аеродромот во Хановер“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Како дел од семејството пристигнаа 43 деца, од кои 21 дете беа тешко болни.

Од април Германија прифати вкупно 1.192 бегалци од Грција. Германската влада се согласи да прифати 1.553 бегалци по пожарот во бегалскиот камп „Морија“ на грчкиот остров Лезбос. Станува збор за лица на кои грчките власти веќе им доделиле статус на бегалец.

Покрај тоа, Германија напролет се согласи да прифати дополнителни 400 малолетни бегалци, кои во моментот се сместени во Грција.

Европа

Италија: Епидемиолошката состојба се подобрува, наскоро масовна бесплатна вакцинација

Објавено пред

Воведувањето регионални карантини во Италија, односно „црвени зони“ со строги анти-ковид мерки, даде резултати бидејќи епидемиолошката состојба е подобра, изјави генералниот директор на Одделот на Министерството за здравство за превенција, Џовани Реза, пренесува весникот „Фанпејџ“.

Бројот на новозаболени лица во Италија постојано се намалува во последните седум дена, вкупно 19.350 лица се заразени во последните 24 часа, а 785 лица починале за еден ден.

Реза објасни дека бројот на жртви на коронавирус ќе расте уште некое време, бидејќи смртните случаи регистрирани деновиве се оние пациенти кои се заразиле пред воведувањето на строги ограничувања.

Италијанската влада подготвува нова наредба што ќе важи од 4 декември до 7 јануари. Медиумите пишуваат дека ќе содржи ограничувања, пред сè полициски час од 22 до 5 часот наутро, а ќе важи и за Божик и Нова година, забрана за движење меѓу регионите, додека божиќката миса ќе се одржи во 18 часот наместо традиционално на полноќ.

Италија планира да почне програма за масовно бесплатно вакцинирање на населението, пред сè на старите лица и здравствените работници, од почетокот на следната година, објави министерот за здравство, Роберто Сперанца, пред италијанскиот парламент.

Тој посочи дека владата има можност да купи 202 милиони дози вакцина од различни производители.

Прикажи повеќе...

Европа

Уапсен еден од најбогатите и највлијателните Словаци

Објавено пред

Словачката полиција го уапси Јарослав Хашчак, еден од најбогатите и највлијателни луѓе во Словачка. Хашчак пред новинарите изјави дека не знае за што го обвинуваат.

Според локалните медиуми, апсењето на шефот на инвестициската група „Пента“ е најдраматичниот потег во серијата апсења откако во февруари 2018 година беше убиен истражувачкиот новинар Јан Куцијак.

Повеќе од 20 години Хашчак важеше за најмоќен меѓу словачките т.н. олигарси кои, наводно, уживале систематска поддршка од политичарите.

Информативниот портал Aktuality.sk, на кој работел Куцијак, се повикува на извори блиски до истрагата и известува дека постојат докази за вмешаност на Хашчак во прикривање докази. Досега немаше доволно докази за да се обвини.

Групацијата „Пента“ себеси се претставува како водечки играч на пазарот на недвижнини во Словачка, Чешка и Полска. Таа е сопственик на банки и финансиски компании во Чешка и Словачка и е главен акционер во словачките и чешките медиуми, како и во словачкото приватно здравство.

Прикажи повеќе...

Европа

Британскиот министер за здравство ќе ја прими вакцината против Ковид-19 во живо

Објавено пред

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок изјави дека програмата за вакцинација против коронавирус ќе започне следната недела и дека британските болници се подготвени за тоа.

Тој додаде дека до крајот на годината се очекуваат милиони дози вакцина против коронавирус.

Хенкок како гостин во програмата на „Би-би-си“ објави дека вакцината ќе ја прими во живо пред камера.

Тој рече дека вакцината е зора на хоризонтот и дека при вакцинацијата ќе има приоритетни групи, засновани на клиничките потреби.

Хенкок потсети дека минатиот месец изгубил еден член на семејството кој починал од последиците на коронавирус и дека болеста не е наивна.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија53 минути

Земјотрес во Македонија, епицентарот во близина на Скопје

Земјотрес со јачина од 3,4 степени ја погоди Македонија. Според првичните податоци на веб-страницата www.emsc-csem.org која објавува податоци за земјотреси...

Македонија1 час

Пратениците да покажат бојадисано јајце за Велигден, бара опозицијата во еден од амандманите

Во еден од амандманите на опозицијата се вели дека за време на велигденските празници, пратениците кои ќе учествуваат во работата...

Македонија2 часа

ИЈЗ: Се намалува бројот на новозаболени, расте бројот на оздравени пациенти

Бројот на новозаболени со коронавирус во периодот од 23 до 29 ноември се намалува, додека расте бројот на оздравени пациенти,...

Македонија2 часа

Филипче: Го подготвуваме здравствениот систем за вакцинација за Ковид-19

Здравствениот систем го подготвуваме за вакцинација за Ковид-19. Ова ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да...

Македонија2 часа

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ не ги исплатила долговите за 270 уметнички слики со позлатени рамки

ВМРО-ДПМНЕ е партија во стечај со блокирани сметки и замрзнати недвижности, меѓу кои и мегаломанското квази барокно здание, седиште на...

Економија2 часа

Групацијата АРИКОМА ја купува компанијата „Сеавус“

Претставниците на Групацијата АРИКОМА (ARICOMA), која е дел од чешката Групација ККЦГ(KKCG) на Карел Комарек, најавуваат значаен чекор поврзан со...

Свет3 часа

Русија почна со вакцинација на војниците против коронавирус

Во Централниот воен округ на Русија почна вакцинација на војниците со вакцината против коронавирус „Спутник V“ и прво ќе се...

Регион3 часа

„Коха“: Тачи ќе го бранат пет адвокати во Хаг

Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, ќе го бранат пет адвокати пред Специјалниот суд во Хаг, пишува „Коха“. Специјализираниот совет...

Свет3 часа

Интерпол предупредува на опасноста од лажни вакцини

Интерпол предупредува дека меѓународната мрежа на организиран криминал може да се насочи кон новите вакцини против Ковид-19. Како што е...

Регион4 часа

Во Хрватска 3.539 новозаразени и 55 починати од Ковид-19

Според официјалните податоци, во Хрватска денес има 3.539 новозаразени лица со Ковид-19, а 55 пациенти починале. Хоспитализирани се 2.408 пациенти,...

Македонија4 часа

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се примени 30 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 30 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во 16 града

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестира во 16 града. Од партијата најавија дека на протестите ќе биде испратена порака до премиерот Зоран...

Свет6 часа

Во САД повеќе од 2.500 починати од коронавирус за 24 часа

Соединетите Американски Држави во вторникот потврдија повеќе од 2.500 смртни случаи за 24 часа, што е најголем број смртни случаи...

Свет7 часа

Велика Британија ја одобри вакцината против коронавирус на „Фајзер“

Велика Британија е првата западна земја што одобри вакцина против коронавирус од производителот „Фајзер“. Британскиот регулатор, МХРА, вели дека вакцината,...

Свет7 часа

Американскиот секретар за правда: Нема докази за изборна измама

Американскиот секретар за правда, Вилијам Бар, рече дека Секретаријатот за правда не нашол докази за широко распространета изборна измама што...

Свет7 часа

Макрон: Вакцинацијата во Франција ќе почне во јануари

Францускиот претседател, Емануел Макрон, синоќа изјави дека програмата за вакцинација на коронавирус најверојатно ќе се активира на почетокот на јануари...

Македонија20 часа

Регистрирани 1.069 новозаразени, 1.242 оздравени и 29 починати лица од коронавирус

Во последните 24 часа се направени 3.012 тестирања, а регистрирани се 1.069 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-489,...

Македонија20 часа

Со посебни протоколи ќе се отворат скијачките центри

Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести дека скијачките центри може да работат во согласност со соодветен протокол,...

Македонија20 часа

Владата предлага продолжување на кризната состојба до јуни

Владата ќе достави до Собранието предлог за продолжување на кризната состојба до јуни в година. Владата на денешната седница го...

Топ23 часа

Украден паричник од покојник во ковид-центар во Скопје

Украден е паричник од маж што починал во ковид-центарот на комплексот клиники „Мајка Тереза“. Случајот вчера во полицијата го пријавил...

Досие