Контакт

Европа

Германија, Чешка и Унгарија со рекордни дневни бројки на новозаразени од почетокот на пандемијата

Објавено пред

Гeрманија, Чешка и Унгарија денеска забележаа најголем број новозаразени со коронавирус во еден ден од почетокот на пандемијата, соопштија тамошните власти.

Според Институтот „Роберт Кох“, во Германија во последните 24 часа се регистрирани 66.884 случаи на инфекција со Ковид-19.

Седумдневната инциденца е 404,5 случаи на 100.000 жители и за прв пат е поголема од 400.

Една недела претходно биле пријавени 52.826 случаи, а седумдневната инциденца била 319,5 случаи на 100.000 жители.

Денеска се пријавени и 335 смртни случаи поврзани со Ковид-19, за разлика од 294 пред седум дена.

Од почетокот на пандемијата, Германија има регистрирано 5.497.795 случаи на инфекција со Ковид-19, но реалниот број на случаи е веројатно многу поголем. Потврдени се 99.768 смртни случаи.

Чешка денеска пријави 25.864 нови случаи на инфекција со Ковид-19, што е најголем број во земјата со 10,7 милиони жители од почетокот на пандемијата, според Министерството за здравство.

Унгарија, исто така, има рекорден број на нови случаи со 12.637 потврдени инфекции во последните 24 часа, објави тамошното Министерство за здравство.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Фон дер Лаен: Можно запирање на „Северен тек 2“ доколку Русија ја нападне Украина

Објавено пред

Проектот за гасоводот „Северен тек 2“ може да биде запрен доколку Русија ја нападне Украина, предупреди шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, мислејќи на гасоводот, кој се уште не е во функција и кој треба да транспортира гас од Русија до Германија.

„Сакам да бидам јасна: Ништо не е на одмет, сè е на маса“, рече Фон дер Лаeн во интервју за Си-Ен-Ен, одговарајќи на прашањето дали „Северен тек 2“ треба да се запре доколку Русија ја нападне Украина.

„Она што го гледаме е загрижувачко. Гледаме акумулација на руски воени сили околу Украина, најголема од Втората светска војна. Значи, има многу јасни знаци дека Русија врши огромен притисок врз Украина и многу јасно се заканува со воена агресија врз Украина, а тоа нема да се толерира. И за тоа се подготвуваме“, изјави првиот човек на Европската комисија.

Продолжуваат дипломатските напори за смирување на тензиите, предизвикани од руската акумулација на околу 100.000 војници недалеку од границата со Украина, пренесуваат агенциите.

„Европската комисија е одговорна за дизајнирање, обликување и развивање санкции против Русија – во финансиската, економската и технолошката област“, ​​рече Фон дер Лаен.

„ЕУ е најголемиот трговски партнер на Русија со околу 40 отсто од трговијата со стоки и најголем странски инвеститор во Русија, со 75 отсто од странските директни инвестиции кои доаѓаат од Унијата“, потсети шефот на Европската комисија.

„Овие бројки ви кажуваат дека тоа може да биде многу болно за Русија доколку ескалира агресијата врз Украина“, рече Фон дер Лаен, додавајќи дека работи во детали со американскиот претседател Џозеф Бајден на стратешко партнерство за енергетска безбедност.

На прашањето дали Русија треба да биде исклучена од глобалниот платен систем „SWIFT“ доколку ја нападне Украина, Фон дер Лаен повтори дека ништо не е исклучено. Сепак, таа одби да даде детали за пакетот санкции на ЕУ.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Цртежи од штрумфовите и Таличниот Том во новиот белгиски пасош

Објавено пред

Од 7 февруари официјалните пасоши на Белгија ќе бидат илустрирани со цртежи на најпознатите белгиски стрип-херои почнувајќи од штрумфовите, преку Таличниот Том до Тин Тин и Марсупилами.

Новите белгиски пасоши со тоа ќе станат едни од најуникатните во светот, а тоа ќе биде можност за понатамошна промоција на стрипот како национална уметност со која Белгијците многу се гордеат.

„Белгискиот пасош е еден од најдобрите во светот, тој е извор на гордост за нас, но и предмет на желбата на фалсификаторот. Затоа, постојано работиме на подобрување на неговата безбедност“, изјави шефицата на дипломатијата на Белгија, Софи Вилмес.

Новите пасоши ќе вклучуваат 48 безбедносни техники и треба да бидат двојно побезбедни од сегашните кога станува збор за злоупотреба.

Белгискиот пасош моментно е седми најценет по слободата на движење што му ја обезбедува на имателот на глобално ниво од 199 национални пасоши.

Прикажи повеќе...

Европа

Австриски медиуми: Од Балканот во земјата ни пристигнаа илјадници случаи на корона

Објавено пред

Австрија деновиве се соочува со рекорден број заразени со коронавирус. Бранот на омикрон варијантата, според некои австриски медиуми, е влошен поради илјадници случаи на увоз на коронавирусот од странство, главно од Балканот.

Во првата календарска недела од оваа година, по Божик и Нова година, веќе имало експлозија на корона меѓу луѓето кои се враќале во Австрија: во споредба со претходната недела со 1.771 случај поврзани со патување, бројот се искачил на 4.917 во прата календарска недела од оваа година. Тоа е зголемување за речиси три пати.

Исто така, бројката останла висока и во втората календарска недела со 4.278 нови случаи.

Според официјалните податоци, најмногу случаи на заразени се увезени од Босна, односно 1.611 во првата недела од јануари и 822 во втората.

По неа следи Србија со 959 во првата недела и 540 во втората. На трето место е Унгарија со 748, односно 121 случај.

Следат повратниците од Турција (147 во првата недела, 403 заразени во втората), Романија (161 и 295) и Хрватска, од кои во првата недела се регистрирани 180 нови инфекции, но во втората недела од јануари имало голем скок на 579 случаи.

Австриската влада сака да го спречи увозот на инфекцијата со нови правила за примена на ковид-сертификатите. Од 1 февруари, времетраењето на важноста на сертификатите за вакцинација во Австрија ќе се промени. Потврдата за прва серија на вакцинација – која се состои од две вакцини или закрепнување плус една вакцина – ќе важи само 180 дена.

Сертификатот за дополнителна вакцинација – добиен по три примени вакцини или закрепнување плус две дози ќе важи 270 дена.

Австријците веќе во понеделникот воведоа правило дека без дополнителни тестирања во земјата можат да влезат оние кои примиле трета доза од вакцината, односно заздравени од ковид со две дози од вакцината. Останатите мора да направат ПЦР-тест ако не сакаат да бидат ставени во карантин.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Сали: Второто полугодие ќе почне со физичко присуство

Второто полугодие во училиштата ќе почне со физичко присуство, изјави министерот за здравство, Беким Сали, и според него, епидемиолошката состојба...

Економија3 часа

Цените на основните прехранбени производи остануваат замрзнати до 28 февруари, одлучи Владата

Владата, на денешната 8. седница, донесе одлука да продолжи важноста на мерката за определување највисоки цени на основните прехранбени производи,...

Македонија4 часа

26 починати лица, регистрирани 1.908 новозаразени од коронавирус

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа биле направени...

Свет5 часа

НАТО не планира да испрати воени трупи во Украина

НАТО не планира да испрати борбени трупи во Украина, изјави првиот човек на алијансата, Јенс Столтенберг. Практично, тоа значи дека...

Свет5 часа

Лавров: Русија сака дипломатија, а не војна

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека САД го користат украинскиот претседател Володимир Зеленски за да ги зголемат...

Регион6 часа

Петков: Македонските Бугари ќе влезат во Уставот

Бугарскиот премиер Кирил Петков на денешното обраќање пред парламентот рече дека македонските Бугари ќе влезат во Уставот на Северна Македонија....

Македонија7 часа

Милошоски до Османи: Зошто не кажете што содржи нон-пејперот што сте го испратиле во Софија во декември?

Министерот Османи зборува да изградиме заеднички позиции, зборува за зрелост, почит и меѓусебна доверба, но како ние да имаме доверба...

Топ7 часа

„Ауди“ со деветмина мигранти излетало од патот Валандово – Струмица, возачот побегнал

Во полициската станица Валандово утрово било пријавено дека на регионалниот пат Р 1401 Валандово – Струмица возило „ауди“, со скопски...

Свет8 часа

(Видео) Сателитски снимки покажуваат распоредувања на руски воени трупи на границите со Украина

Тензиите меѓу Украина и Русија растат со месеци откако Кремљ почна да собира војници во близина на границите на Украина....

Македонија9 часа

На Клиниката за ортопедија направена првата трансплантација на лигамент од починат донор

На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ Скопје вчера за првпат беше изведена трансплантација на лигамент од починат донор. Млад...

Свет11 час

Лавров: Преговорите со САД и НАТО не се завршени – нема да дозволиме рушење на нашите интереси

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави за новинарите дека Москва не сака војна, но дека нема да дозволи...

Свет12 часа

Тропска бура однесе 77 животи во Jужна Африка

Бројот на загинати во тропската бура Ана, која погоди три јужноафрикански земји – Мадагаскар, Мозамбик и Малави, се искачи на...

Свет13 часа

Бајден: Одлучно ќе одговориме ако Русија ја нападне Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден во телефонски разговор со украинскиот лидер Володимир Зеленски ја потврдил подготвеноста на Вашингтон да одговори одлучно...

Македонија1 ден

Регистрирани нови 1.861 случај на Ковид-19 и 27 починати

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Свет1 ден

НАТО со нови барања до Москва

Откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека САД ѝ испратиле на Москва одговори на безбедносните барања на Русија, истото...

Македонија1 ден

СОНК: Второто полугодие да почне онлајн, училиштата можат да бидат опасен кластер

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура бара Владата да ја повлече одлуката за почеток на второто полугодие со физичко...

Топ1 ден

Осомничениот за сообраќајката кај Лисиче возел под дејство на алкохол и поминал на црвено

Јавното обвинителство од Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишниот скопјанец за кого постои сомнение за тешки дела...

Европа1 ден

Лавров: САД не одговараат на најважното прашање – ширењето на НАТО кон исток

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека содржината на американскиот одговор на рускиот предлог за безбедносни гаранции...

Македонија1 ден

Писмо со закани по живот од терористичка организација добил јавниот обвинител Јовески

Државниот јавен обвинител извести дека во текот на вчерашниот ден, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година...

Европа1 ден

Данска ги укинува сите ограничувања, короната е исклучена од категоријата на критични болести

Данските власти донесоа одлука за исклучување на Ковид-19 од категоријата на критични болести, а од 1 февруари ќе бидат укинати...

Досие