Европа
Германија ја разгледува употребата на руската и кинеската вакцина

Германија ќе ја разгледа употребата на рускaта и кинеската вакцина за да ја прошири вакцинацијата во целата земја, објавија лидерите на покраините.
Колкав е притисокот под кој се наоѓаат политичките лидери поради бавната дистрибуција на вакцини покажува и тоа што премиерот на Баварија, Маркус Зедер, рече дека Германија ќе го разгледа одобрувањето на руската вакцина „спутник V“ и кинеската „синовак“, објави „Гардијан“.
Во понеделникот наутро неговиот колега од Бранденбург, Дитмар Војдке, се согласи со идејата Германија да се сврти кон други вакцини.
Тој за германската државна телевизија АРД рече дека треба да се користат вакцините што ги ќе ги поминат нормите на здравственото регулаторно тело, а тоа може да се направи многу бргу, како што беше случајот со „Бионтек“ и другите вакцини.
„Мислам дека е потребно и можно бргу да се проценат овие вакцини доколку се достапни. Ако се покажат безбедни и ефикасни, треба да се користат“, рече Војдке.
Германија досега одобри вакцини од „Фајзер/Бионтек“ и од „Модерна“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Швајцарија им оддаде почит на жртвите на коронавирусот со едноминутно молчење и црковни ѕвона

Црковните ѕвона одекнаа денес напладне во Швајцарија, а насобраните со едноминутно молчење одбележаа една година од првиот смртен случај од коронавирус во земјата.
Швајцарскиот претседател Гај Пармелин ги повика граѓаните да им оддадат почит на повеќе од 9.300 лица кои починаа од Ковид-19 во Швајцарија, објави „Ројтерс“.
Во катедралата Нотр Дам во Лозана, во француското говорно подрачје, чуварот Ренато Хосл заѕвони со камбаната „Ла Клеменс“ од 16 век.
Во април, кога избувна пандемијата, Хосл продолжил да се искачува на 153 камени скали до својата кула за да ѕвони ноќе во знак на поддршка на граѓаните за нивната солидарност и храброст.
Европа
Хакерски напад во Прага, цел била електронската пошта на високи функционери

Официјални лица во Прага и Министерството за труд соопштија дека биле изложени на сајбер-напад врз нивните електронски адреси.
Градоначалникот на Прага рече дека нападот врз системите на јавните служби бил од поголем обем додавајќи дека сепак не предизвикал поголема штета.
Како што напиша градоначалникот Зденек Хриб на својот профил на „Твитер“, градските сервери го преживеале нападот.
„Ројтерс“ ја пренесе неговата изјава од утрово дека градската електронска пошта функционира и дека нема потреба да се обновуваат податоците.
Министерката за труд, Јана Малакова, изјавила дека и нејзиното министерство било нападнато, без да даде други детали.
Европа
Германски лекари: Повеќе од 90 проценти од најтешко болните од коронавирус се мигранти

Повеќе од 90 проценти од пациентите со најтешки форми на Ковид-19 во Германија потекнуваат од мигрантското милје, изјави познатиот германски пулмолог Томас Вошар.
Томас Вошар, пулмолог, раководител на Клиниката за белодробни заболувања во Морс и претседател на Германското здружение на пулмолозите, на експертската конференција рече дека истражувањето покажало оти најболни се пациентите што имаат комуникациска бариера во Германија, пренесува германски „Билд“.
Вошар додаде дека за тоа ги предупредил канцеларката Ангела Меркел и министерот за здравство, Јенс Шпан.
More than 50% of ICU Covid patients in Germany are Muslim immigrantshttps://t.co/bKZGwVTfQv
— Old Holborn® (@Holbornlolz) March 3, 2021
Тој вели дека предупредувањата на германската влада за опасноста од вирусот не допираат до мигрантските заедници.
„Според мојата анализа, повеќе од 90 проценти од интубираните, најсериозно болни пациенти, доаѓаат од мигрантското милје“, рече Вошар.
Шефот на Институтот „Роберт Кох“, Лотар Вилер, рече дека тоа е табу-тема и додаде дека меѓу пациентите на интензивна нега поради коронавирусот, дури 50 проценти биле муслимани, иако тие сочинуваат само 4,8 проценти од населението во Германија.
Вилер ги повика германските власти да се обидат да допрат до мигрантите.
„Во нашата земја постојат паралелни општества. Тоа можете да го поправите само со работа на терен, на пример, преку имами во џамии, но не успеваме“, додаде Вилер.
Според „Билд“, оваа тема е табу во Германија бидејќи владата стравува оти може да предизвика расна дебата.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“