Контакт

Свет

Германија ќе предизвика раскол во ЕУ кога министерот на Меркел побара затворање на границата со Австрија

Објавено пред

Германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зихофер, се бори со канцеларката Ангела Меркел за да ја затвори германската граница со Австрија – сеизмички потег што го загрозува самото постоење на ЕУ, пренесува британски „Експрес“. Австрискиот канцелар Себастијан Курц вчера пристигна во Берлин на разговори за миграциската политика на ЕУ со канцеларката Меркел. И италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салдини, побара покана за посета за разговори за миграцијата.

Повикот за затворање на германската граница не само што ќе урне еден од столбовите на политиката на ЕУ – слобода на движењето – туку ќе предизвика трупање повеќе мигранти во соседните земји, особено во Австрија и Италија. Судирот ја потресе и така кревката германска коалициска влада, која се формира во март по месеци расправии и дипломатија.

Министерот за внатрешни работи, кој отсекогаш ја критикуваше политиката на либералната миграција на Меркел, треба да се обиде да ги убеди другите водачи на ЕУ да се согласат со заедничката политика за мигранти на самитот овој месец.

Планот на Зихоифер ќе повлече промена на политиката на отворени врати, што канцеларката ја објави во 2015 година. Берлин ќе ги враќа барателите на азил што веќе се регистрирани во друга земја членка на ЕУ. Ќе има построги правила за миграција и побрзо депортирање на неуспешните баратели на азил.

Зихофер во понеделникот ги откажа сите планови за да го претстави својот мастер-план за имиграција тврдејќи дека одредени точки допрва треба да се договорат.

„Јас имам одговорност кон оваа земја, да управувам со неа и да го одржувам редот. И не можам бесконечно да ја одложувам,“ изјавил тој според „Дојче веле“.

Курц ја предводи десничарската влада во Австрија и има слични ставови со Зихофер.

„Ние мора да одлучиме кој ќе влезе во Европа, а не шверцерите“.

Италијанскиот крајнодесничарски министер за внатрешни работи, Матео Салдини, одби да дозволи брод со стотици мигранти спасени на море да се прикотви во Италија. Салдини исто така побара да се постигне договор за тоа како да ја затворат надворешната граница на ЕУ. Доаѓањето повеќе од еден милион имигранти од 2015 година во Германија ја подели земјата и го поттикна подемот на крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија.

Регион

Апсења во Албанија поради уништување на изборен материјал

Објавено пред

Албанската полиција уапси најмалку петмина приврзаници на опозицијата, поради наводно оштетување на гласачки кутии и документи, за да ги спречат локалните избори во земјата, пренесуваат албанските медиуми.

Полицијата исто така ги обвинила уапсените за физички напади на полицијата за време на судирите, додека ги напаѓале изборните канцеларии во градот Скадар.

Судирите меѓу приврзаниците на опозициските партии и полицијата продолжија и денеска и според информациите има и најмалку петмина цивили и полицајци повредени.

Опозицијата ги бојкотира локалните избори во земјата планирани за 30 јуни и се закани дека ќе ги блокира. Владата на Еди Рама и покрај одлуката на претседателот Илир Мета за одлагање на изборите, инсистира да се одржат изборите.

Прикажи повеќе...

Свет

Британец изработи пиштол со помош на 3Д принтер

Објавено пред

Британецот Тендај Мусвер е првиот осуден поради изработка на оружје со помош на 3Д принтер, кој може да испука смртоносен куршум, објави полицијата.

Деловите од оружјето биле откриени во рација во која се барала дрога во стан во централен Лондон, во октомври 2017 година.

Мусвер, кој ја признал вината пред лондонскиот суд, им рекол на истражителите дека испринтал 3Д пиштол во склоп со унивњерзитетски проект.

Но полицијата открила дека Мусвер на интернет гледал видео за тоа како да изработи оружје кое може да испука вистински куршуми.

Ова е прва пресуда во Британија која се однесува на производство на пиштол со помош на 3Д принтер.

Прикажи повеќе...

Европа

Почина најстарата Европejка на возраст од 116 години

Објавено пред

Италијанката Џузепина Робуки, која, според наводите на властите, беше најстарата личност во Европа и втора најстара во светот, почина денес на 116-годишна возраст.

Робуки живееше во населбата Поџо Империјале, на југот на Италија, место каде што и беше родена на 20 март 1903 година, пренесува италијанската агенција АНСА.

Роберт Јунг од Геронтолошката истражувачка група, чие седиште е во САД, рече дека Робуки е последната личност родена во Европа во 1903 година, објави АП.

Таа беше само два месеца помлада од најстарата личност во светот, Кане Танака од Јапонија, која е родена на 2 јануари 1903 година.

Робуки има пет деца, девет внуци и 16 правнуци. На листата со луѓе што живееле најдолго Робуки беше на 17. место.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ3 часа

Три години затвор за жената што прегази 13-годишно дете на Илинденска

Основниот кривичен суд денеска ја објави пресудата за предметот со сообраќајната несреќа, која на 18 септември 2015 година се случи...

Топ4 часа

Татко и љубовник сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против пет лица за трговија со дете. Меѓу нив...

Свет5 часа

Тројца Руси и еден Украинeц обвинети за уривањето на малезискиот авион во Украина

Четири мажи се обвинети за убиство при уривањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во источна Украина во 2014 година, при...

Свет5 часа

Кашоги е жртва на намерна, претходно испланирана егзекуција – покажа независната истрага на ОН

Саудискиот новинар Џамал ​​Кашоги е жртва на намерна, претходно испланирана егзекуција, заклучи специјалниот известувач на Обединетите нации, Агнес Каламард, по...

Екологија6 часа

Арктичкиот вечен лед се топи 70 години порано од очекувањата на научниците

Пермафрост или трајно замрзнатата почва во канадскиот дел на Арктикот почнала да се топи 70 години порано од прогнозите на...

Македонија6 часа

Заев: Ниту една земја членка на ЕУ не е против отворањето преговори со Северна Македонија

Ниту една земја членка на Европската Унија не е против отворањето преговори со Северна Македонија, изјави премиерот Зоран Заев на...

Топ7 часа

Откриени злоупотреби со службени возила во општина Велес

Поранешен градоначалник и поранешен претседател на Советот на Општина Велес се обвинети за злоупотреба на службената положба. Според велешкото Обвинителство,...

Свет7 часа

Русија претстави доказ дека терористите се обидуваат да добијат биолошко оружје

Меѓународните терористи се обидуваат да добијат пристап до нуклеарно и биолошко оружје, а и до токсични хемикалии за да ги...

Свет9 часа

Во земјотресот во Јапонија повредени 26 лица

Најмалку 26 лица се повредени, од кои едно критично, кога земјотрес со јачина од 6,7 степени го погоди во вторникот...

Свет10 часа

(Видео) Запленети 16,5 тони кокаин во Филаделфија вреден една милијарда долари

Американските власти открија 16,5 тони кокаин во товарен брод „МСЦ Гајан“ во пристаништето во Филаделфија. Станува збор за една од...

Македонија22 часа

Заев очекува формален почеток на преговорите со ЕУ до крајот на годинава

Задоволни сме од денешниот заклучок на Советот на министри, но тој ќе значи целосен успех во октомври, кога ќе се...

Свет23 часа

Трамп на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти. Иронично за објавата на Трамп е дека големите миграциски...

Топ1 ден

Маж и жена од Тетово сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

Жена од Тетово и нејзиниот сосед сексуално експлоатирале 15-годишно девојче. Тие договарале сексуални услуги на интернет и го носеле девојчето...

Македонија1 ден

ЕУ не определи датум за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на Европската Унија на Советот за општи работи на Унијата во Луксембург не се согласија околу доделувањето...

Европа1 ден

(Видео) Меркел, поради дехидрација, неконтролирано се тресеше на пречекот на Зеленски

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изгледаше како да не ѝ е добро и нејзиното тело неконтролирано се тресеше додека денеска во...

Македонија1 ден

Грујевски наредил опремата за прислушување да се сече на парчиња

Ни беше кажано од Горан Грујевски дека опремата за следење на комуникациите ќе ја исечка на парчиња од 5 сантиметри,...

Македонија1 ден

УБК прислушувала од аероклубот во Центар

Сведокот Сашо Трајковски во продолжението на сведочењето за предметот за масовното прислушување на СЈО – „Таргет – Тврдина“, рече дека,...

Свет1 ден

ОН: Светското население ќе порасне на 9,7 милијарди до 2050 година

Населението во светот старее и иако бројот на жители расте со побавно темпо, сепак се очекува негово зголемување од сегашните...

Регион1 ден

(Видео) Тројно убиство во Белград, жртвите биле мачени и фрлени во септичка јама

Во текот на изминатата ноќ по пријава на граѓани, српската полицијата открила три тела во септичка јама зад шопинг-центар во...

Македонија1 ден

Сведок на СЈО: Знаевме каде и како Мијалков и Грујевски се логираат за да прислушуваат

Сашо Трајковски, инженер во поранешната УБК, сведок на СЈО во предметот „Таргет – Тврдина“, во исказ пред судот рече дека...

Досие