Свет
Германската министерка за надворешни работи во Турција ќе се заложи за ослободување на германските затвореници

Германската министерка за надворешни работи, Хеико Маас, ќе се заложи за ослободување на седум Германци затворени во Турција за време на својата прва посета на земјата, пренесува „Локал“. Маас денес пристигна во дводневна посета на Турцијаво текот на која покрај средбата со својот колега Мевлут Чавушоглу, ќе се сретне и со претседателот Реџеп Тајип Ердоган на нешто повеќе од три недели пред државната посета на Ердоган во Германија. Планиран е и состанок со претседателот на парламентот, Бинали Јилдирим
„Не е никаква тајна дека развојот на Турција, особено состојбата со човековите права, нè загрижува и ги засенува нашите односи”, рече Маас пред да замине од Берлин.
Таа посочи дека бројните случаи на притвор го покажуваат ова и дека таа отворено ќе зборува за овие теми, но исто така истакна дека сака да продолжи да работи на подобрување на односите меѓу двете земји.
„Од стратешки интерес за Германија е конструктивно да ги обликуваме нашите односи со Турција. Турција е повеќе од голем сосед, таа е важен партнер на Германија”.
Посетата на Маас се совпаѓа со тековните проблеми на Анкара со САД и проблемите во турската економија, па затоа е во интерес на Ердоган да ги поправи односите со Германија и со Европската Унија. По неуспешниот обид за државен удар во Турција пред околу две години беа уапсени најмалку 35 Германци, главно поради политички причини. Неколку притворени германски државјани беа ослободени, но седуммина сè уште се наоѓаат во турските затвори.
Политичките односи меѓу Германија и Турција се напнати, но во последниве месеци двете страни презедоа чекори за нивно подобрување. Маас јасно стави до знаење дека германско-турските односи можат да се олеснат само кога затворениците ќе бидат ослободени.
Во меѓувреме, друг случај, кој стана јавен во вторникот, најверојатно ќе предизвика дополнителни тензии. Според германските радиодифузери WDR и NDR, еден германски државјанин бил уапсен во Бугарија под притисок на Турција. Според медиумите, 44-годишниот германски државјанин Мехмет Ј. бил притворен во бугарскиот град Варна откако турскиот суд го осудил во отсуство на неколку години затвор за наводна поврзаност со Курдистанската работничка партија(ПКК). Постои загрижености дека тој може да биде екстрадиран во Турција. Министерството за надворешни работи во Берлин не го коментираше случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Бразилската полиција издаде налог за апсење 54 лица

Бразилската федерална полиција соопшти дека издала налог за апсење 54 лица поради наводна улога во голема мрежа за шверцување наркотици, која се специјализирала за авионски испораки за Брасил, САД и за Европа.
Полицијата соопшти дека имала судски налози за заплена на 47 авиони на кои се наоѓа голема количина од стоката, пренесе „Ројтерс“.
Европа
Јункер: Мали се шансите брегзитот да помине со договор

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, изјави дека не е оптимист кога станува збор за излезот на Велика Британија од Европската Унија со договор предупредувајќи дека неуспехот во преговите би чинел скапо.
„Ако не дојде до договор, што не можам да го исклучам како опција, тоа би имало катастрофални економски и социјални последици врз Велика Британија и ЕУ, а моите напори се насочени кои избегнување такво нешто. Но, не сум оптимист кога станува збор за овој проблем“, изјави Јункер, кој вчера се состана со британската премиерка, Тереза Меј, пренесе „Ројтерс“.
Европа
Нелегалните мигранти се плашат да побараат азил во Европа

Мигрантите кои нелегално влегле во ЕУ и се „во транзит“ се плашат да побараат азил во Европа поради репресивните и заплашувачки политики против нив, се вели во еден извештај.
Хуманитарната организација „Доктори без граници“ и белгиската невладина организација ЦИРЕ во извештајот велат дека мигрантите во „транзит“ немаат храброст да побараат азил и заштита во Белгија.
„Нехуманите услови во бегалските кампови на границите на Европа, Даблинската регулатива, репресивните акции на полицијата и кампањите за разубедување кои се водат во Белгија и низ цела Европа, се причина за недовербата на мигрантите во властите, а ова само придонесува кон нивната ранливост“, се вели во извештајот.
Според Даблинската регулатива на ЕУ, азилантите треба да бидат процесирани во првата земја во која ќе пристигнат.
Ова правило значи дека одговорноста за одобрување статус на азил паѓа на земјите на надворешните граници од Европа, односно оние земји преку кои бегалците првично влегуваат во ЕУ.
Во извештајот се додава дека мигрантите се чувствуваат одвоени во Европа и дека актуелната мигрантска политика им ги скратува основните права.
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал
- Македонија2 месеци
(Видео) Кога општеството потфрла, кучето Бен му помага на момчето со церебрална парализа