Контакт

Европа

Германската полиција затвори сајт со упатства за изработка на бомби

Објавено пред

Германската полиција денеска соопшти дека во соработка со колегите од Литванија и Хрватска затворила интернет-страница на која биле поставени упатства за изработка на бомби.

Полицијата од Гетинген соопшти дека 1.000 полицајци биле вклучени во претресите во трите земји и дека 22 лица се осомничени дека имаат врски со страницата xplosives.net.

Властите го заплениле серверот на страницата и бројните уреди за чување податоци, пренесе агенцијата „Танјуг“.

На страницата имало информации за тоа како да се направи оружје и експлозиви.

За време на претресите, запленети биле одредена количина експлозив и дрога.

Европа

Во Минхен отворен 186. Октоберфест

Објавено пред

Во германскиот град Минхен денеска е отворен 186. Октоберфест.

Градоначалникот Дитер Рајтер, како што налага традицијата, првата кригла пиво му ја даде на претседателот на Владата на покраината Баварија, Маркус Зедер, пренесе „АП“.

Голем број жени во шарени фустани и мажи во традиционални баварски кожени панталони чекаа пред капијата за да влезат на фестивалот на пивото.

Нешто по 9 часот, организаторите најавија дека забавата може да почне.

„Драги гости, добредојдовте на Октоберфест“, рекоа тие.

Се очекува околу шест милиони љубители на пивото да го посетат фестивалот што ќе трае до 6 октомври.

Како и претходните години цената на пивото поскапе, па така кригла од еден литар чини 11,80 евра, што е за 30 центи повеќе во споредба со минатата година.

Прикажи повеќе...

Европа

Едно лице загина во несреќа со мал авион во Италија

Објавено пред

Едно лице загина, а три се повредени во несреќа со мал авион во близина на италијанскиот град Бергамо.

Несреќата се случила кај еден аероклуб, јави агенцијата „Анса“.

Во авионот кој тргнал кон Венеција, биле 52-годишен маж и неговите три ќерки од кои едната, на 15 години, загинала во несреќата.

Прикажи повеќе...

Европа

Уапсени 90 лица на протестите на „жолтите елеци“ во Франција

Објавено пред

Деведест лица се уапсени, а стотина биле спречени да се соберат на авенијата Шанзелизе, на антивладините протести на движењето „жолти елеци“ во Париз.

Полиција денеска употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои протестираа против економските политики и претседателот Емануел Макрон.

Затворени се повеќе од 30 метро станици, а француските медиуми пренесуваат дека повеќето демонстранти не носеле флуоресцентни елеци по кои движењето го доби името.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион8 часа

Вечерва нов земјотрес во Албанија

Нов земјотрес со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала, вечерва ја стресе Албанија. Земјотресот е на длабочина од 30...

Регион12 часа

Десетици повредени во земјотресот во Албанија, граѓаните вознемирени истрчаа на улиците

Најмалку 49 лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,8 степени што денеска го стресе западниот дел од Албанија,...

Македонија14 часа

Јовановски и Јанева повикани на распит во Обвинителството

Осомничените во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и Катица Јанева се повикани на распит во Обвинителството. Првоосомничениот Бојан Јовановски е повикан...

Топ15 часа

Нападнат вработен на Kомплексот клиники „Мајка Тереза“

Вчера во полициската станица бил пријавен физички напад што се случил на Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Случајот го пријавил 61-годишен...

Топ16 часа

Фатени двајца крадци кои ограбиле пет маркети во Охрид

МВР соопшти дека поднеле кривични пријави против две лица кои се сомничат за пет кражби во Охрид. Едниот е на...

Топ19 часа

(Видео) Во координирана полициска акција во 24 градови пронајдени и одземени поголеми количества дрога и оружје

По претходно изготвен план за преземање на конкретни мерки и активности, со наредби од судија на претходна постапка, вчера од...

Свет21 час

Зариф: САД се очајни, со санкциите сакаат да ги спречат Иранците да добиваат лекови

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамад Џавад Зариф ги обвини САД дека со новите санкции против иранската централна банка сакаат...

Свет21 час

„Фејсбук“ укина илјадници апликации

Компанијата „Фејсбук“ објави дека укинала десетици илјади апликации, кои биле потенцијална опасност за приватноста на корисниците, а тоа го покажала...

Топ21 час

Кривична пријава против Јосифовски поради хакирање на Централниот регистар

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против поранешниот пратеник од Нова содицијалдемократска партија, Љубомир Јосифовски, поради...

Топ21 час

Автомобил удри во жена во Маџари

Тешко повредена 41-годишна жена од Скопје, откако во неа удрил автомобил „Фолксваген пасат“ на ул.„Перо Наков“. Б.Ѓ. се здобила со...

Свет22 часа

Трамп одобри распоредување на воени трупи во Саудиска Арабија и ОАЕ

Американскиот претседател Доналд Трамп одобри распоредување американските сили во Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, после нападот врз саудиската нафтена...

Македонија2 дена

Советот за реформи во правосудството: Избор на шеф на обвинителство предложен од партија отвора врата за политизација

Избор на шеф на кое било јавно обвинителство на предлог на политичките партии, вклучувајќи ја опозицијата, е решение кое отвора...

Интервју/Дебата2 дена

(Видео) Поповска од ДОМ: Оптимист сум дека на следните избори ќе гласаме во една изборна единица

Пратеничката од партијата ДОМ, Лилјана Поповска, во интервју за „Макфакс“ изјави дека очекува да помине иницијативата за една изборна единица...

Свет2 дена

Над 30 светски лидери потпишаа иницијатива за борба против климатските промени

Над 30 шефови на држави и влади потпишаа апел за засилување на активностите во борбата против климатските промени, што ги...

Топ2 дена

Воз на релација Гевгелија – Скопје прегази 23-годишен мигрант

Пакистанец на возраст од 23 години загина на пругата во близина на селото Ногаевци кога во него удрил воз што...

Македонија2 дена

Почна уривањето на дивоградбите во Охрид

Општина Охрид ја почна најавената акција за уривање дивоизградени објекти на подрачјето на општината во согласност со законските процедури и...

Македонија2 дена

(Видео) Одложено судењето на Латас, предметот „Тотал“ сѐ уште во доказна постапка

Денешното рочиште за случајот „Тотал“, каде што обвинет е новинарот и поранешен уредник, Драган Павловиќ-Латас, е одложено за 17 октомври...

Свет2 дена

Во светот се одржуваат големи климатски протести, ќе се протестира и кај нас

Глобален протест против климатските промени за денеска е најавен во 139 земји и се очекува ова да биде најмасовниот во...

Свет2 дена

(Видео) Пукање во близина на Белата куќа, еден загинат и петмина повредени

Еден човек загина, а петмина се повредени при пукање во Вашингтон, во близина на Белата куќа, пренесуваат американските медиуми. Не...

Свет2 дена

Пентагон на Трамп ќе му претстави воени опции за Иран

Воени опции како одговор на иранскиот напад врз саудиската рафинерија, денеска, ќе му бидат претставени на американскиот претседател Доналд Трамп....

Досие