Контакт

Европа

Германската полиција предупредува: хакери ги напаѓаат порталите за вакцинација

Објавено пред

Порталите за вакцинација и производство на вакцини сѐ повеќе се цел на сајбер-криминалци, предупредува Федералната криминална служба на Германија (БКА).

Минатата година бројот на напади врз ИТ-системите јасно се зголеми, рече шефот на одделот за сајбер-криминал на БКА, Карстен Мејвирт.

Тој рече дека бројот на случаи на сајбер-криминал минатата година пораснал осум проценти, на повеќе од 108.000. Тоа е двојно повеќе од 2015 година.

Од третиот квартал минатата година БКА регистрира зголемен број напади врз деловни субјекти и јавни институции, кои се важни во борбата против пандемијата на коронавирусот.

Како прво, беа засегнати порталите за вакцинација и целиот синџир на снабдување со вакцини.

БКА исто така откри дека некои платформи на „Даркнет“ се обидуваат да продадат лажни вакцини.

Европа

Главоболка и течење на носот се главни симптоми на индискиот вид на коронавирус, покажува најново истражување

Објавено пред

Главоболки, болки во грлото и течење на носот се едни од најчесто пријавените симптоми на индискиот вид на коронавирус во Велика Британија, пишуваат британските медиуми.

Според истражувањето на професорот Тим ​​Спектор, симптомите од т.н индиски сој на коронавирус се разликуваат од оние предизвикани од претходните варијанти на Ковид-19, а сè повеќе пациенти тврдат дека не го изгубиле чувството за мирис и вкус и немале треска, но чувствувале симптоми на силна настинка како течење на носот, болки во грлото и главоболки.

Податоците биле собрани врз основа на истражување на примерок од илјадници испитаници кои ги пријавиле своите симптоми преку апликација.

“Немаме добри вести, гледаме експоненцијално зголемување на бројот на пациенти, особено во северо-западот на Англија и Шкотска. Повеќето од нив се млади луѓе на возраст од 20 до 29 години и малку постари од 40 до 49 години. Популацијата не е вакцинирана или е вакцинирана само еднаш, со што, се разбира, не се постигнува соодветен имунитет. Смртноста е малку пониска отколку кај британскиот вид, но треба да сме загрижени за т.н долга фаза од Ковид-19, така што Велика Британија дефинитивно има проблем “, рече професорот.

Токму овие неспецифични симптоми пациентите не ги припишуваат на Ковид-19 вирусот и продолжуваат со вообичаените животни и социјални навики, одат на работа и се забавуваат, мислејќи дека тоа е само сезонска настинка.

Професорот апелира на потребата од добивање втора доза на вакцина и останување дома кога ќе се забележат првите симптоми во однос на главоболка, воспаление на грлото и течење на носот.

90% од сегашните случаи во Велика Британија, наводно, се поврзани со делта варијантата на вирусот, или индискиот сој на коронавирус пренесуваат медиумите.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Германија најнизок број на новозаразени во последните 9 месеци

Објавено пред

Во Германија е регистриран најмал број на новозаразени од коронавирус на дневно ниво во последните девет месеци, па официјалните лица ја разгледуваат можноста за релаксирање на правилата во врска со носењето заштитни маски.

Институтот „Роберт Кох“ денеска објави дека во последните 24 часа регистрирани се 549 новоинфицирани лица, што е првпат од 21 септември бројката да е помала од 1.000, иако обично се случува бројките во текот на викендот да бидат релативно ниски затоа што се тестираат помалку луѓе.

Повеќе од 3,7 милиони луѓе се заразиле во Германија од почетокот на пандемијата, а со новите 10 потврдени смртни случаи бројот на починати достигна 89.844.

Со намалувањето на бројот на заразени се иницира прашањето за носењето заштитни маски. Министерот за здравство, Јенс Шпан, изјави дека треба да се оди постепено и дека првин треба да се укинат правилата за носење маски на отворено.

Тој додаде дека мерката носење маски во затворен простор може постепено да се укинува во области со мал број заразени лица и со висока стапка на вакцинација.

Прикажи повеќе...

Европа

Џонсон: Бајден ќе му упати тешки пораки на Путин

Објавено пред

Американскиот претседател, Џо Бајден, оваа недела ќе му испрати тешки пораки на рускиот претседател Владимир Путин, изјави денеска британскиот премиер, Борис Џонсон.

„Знам дека претседателот Бајден ќе му испрати доста тешки пораки на претседателот Путин во следните неколку дена“, рече Џонсон по пристигнувањето во Брисел на самитот на НАТО.

Џонсон исто така рече дека односите меѓу Лондон и Москва допрва треба да се подобруваат, пренесува „Ројтерс“.

„Секогаш се надевам дека работите ќе се подобрат со Русија, но се плашам дека досега беше доста разочарувачки од гледна точка на Велика Британија“, рече британскиот премиер.

Тој исто така спомена дека НАТО не сака студена војна со Кина.

„Кога станува збор за Кина, мислам дека никој во алијансата не сака да влезе во студената војна со Кина. Но, мислам дека луѓето гледаат предизвици, гледаат работи со кои треба да управуваме заедно, но исто така гледаат и можности“, рече Џонсон.

Запрашан за брегзитот и неговото влијание врз Северна Ирска, тој рече дека повеќето лидери на денешниот самит на НАТО ќе ја разберат желбата на Велика Британија да го заштити својот територијален интегритет.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 минути

Бајден: Напад врз една членка на НАТО е напад врз секого

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Брисел рече дека колективната одбрана на НАТО, принципот дека нападот врз една членка се...

Македонија1 час

Започна Северноатлантскиот совет на НАТО

Премиерот Зоран Заев, заедно со лидерите на земјите членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинашниот Самит на...

Свет2 часа

Земјите од НАТО заеднички ќе се бранат и од напади во вселената

Проширувањето на членот 5 од договорот за основање на НАТО, кој денеска ќе биде продолжен, им овозможува на членките на...

Македонија3 часа

Четири нови случаи на Ковид-19, починал 66-годишен скопјанец

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.337 тестирања, а регистрирани се четири нови случаи на...

Европа3 часа

Во Германија најнизок број на новозаразени во последните 9 месеци

Во Германија е регистриран најмал број на новозаразени од коронавирус на дневно ниво во последните девет месеци, па официјалните лица...

Економија4 часа

Од полноќ се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15%...

Македонија5 часа

Груби и Мерко за рушењето на платформите во Струга: Зелената агенда е веќе во акција

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, заедно со министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, и...

Регион6 часа

Хрватска ги промовира ковид-автобусите

Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош, и директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак, промовираа вакцинација со...

Македонија6 часа

Бројот на ковид-пациенти во македонските болници падна под 100

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во...

Македонија8 часа

Кризниот штаб предлага да се укине полицискиот час, на свадба да може да има повеќе од 100 гости

Кризниот штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, меѓу кои е и укинување на полицискиот час од среда,...

Свет8 часа

Кавалери од ЕМА реагира дека погрешно е цитиран: „Вакцината на ‘Астра зенека’ е добра за сите возрасти“

Марко Кавалери, шеф на работната група за коронавирус во Европската агенција за лекови, рече дека вакцината на „Астра зенека“ има...

Македонија8 часа

Македонија првпат на самит на НАТО како полноправна членка

Во Брисел денеска се одржува самит на НАТО на кој Македонија ќе го има своето прво учество како полноправна членка...

Спорт20 часа

Ангеловски: Нема разочарување, имаме уште два натпревари!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски по натпреварот со Австрија изјави дека репрезентацијата не успеала да се соземе...

Спорт21 час

Пандев: За нас ова е големо искуство, жал ми е за навивачите

Фудбалската репрезентација на Македонија безмалку 80 минути имаше нерешен резултат во дуелот со Австрија, но во последните минути Австријците со...

Спорт21 час

Македонија со пораз од Австрија на стартот на ЕП

Замените на австрискиот селектор Фода – Грегорич и Арнаутовиќ беа кобни за македонскиот национален тим во првиот меч на едно...

Македонија1 ден

За првпат по 9 месеци, во Македонија нема починат од коронавирус

За прв пат по 2 септември 2020, во Македонија не е забележан ниту еден смртен случај од Ковид-19, во изминатото...

Европа1 ден

ЕМА: „Астразенека“ да не се дава на постари од 60 години

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека треба да се избегнува вакцината „Астразенека“  за лица над 60 години, поради стравувања...

Топ1 ден

Полицаецот по кој се трагаше е пронајден починат во водите на Брегалница

Во возило во водите на Брегалница е пронајдено е телото на 51 годишниот полицаец Т.С. од Делчево, кој беше пријавен за...

Македонија1 ден

Османи: Ќе вложам напори во среда да бидам во Скопје за да се обратам пред Комисијата

Ќе ги вложам сите напори да ја прекинам тековната дипломатска офанзива за во среда на неколку часа да бидам во...

Спорт1 ден

Селекторот Ангеловски емотивен: Вие сте моите херои!

Пред денешното деби на Македонија на Европското првенство, на натпреварот во Букурешт против Австрија, селекторот Игор Ангеловски на Инстаграм сподели...

Досие