Свет
Германскиот министер за здравство: Строгите мерки нема да се ублажат кон вакцинираните лица

Германскиот министер за здравство, Јенс Спан, изјави дека е против олеснување на ограничувачките мерки за лицата вакцинирани против коронавирус.
Инаку, вакцинацијата во Германија започна вчера.
Според националниот план за вакцинација, усвоен на 18 декември, првите во редовите за имунизација се лица над 80 години и здравствени работници за стари лица, како и медицински персонал од одделот за интензивна нега.
„Некои имаат приоритет во вакцинацијата затоа што немаме доволно за секого. Оние кои не биле вакцинирани може да очекуваат дека оние што ја примиле дозата ќе се солидаризираат и нема да мислат дека повеќе нема да носат маска”, рече Спан.
Според него, Германија досега со пандемија се соочувала со солидарност во општеството, а во следните месеци ќе го стори истото, сè додека не се вакцинираат сите.
На почетокот на декември германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека властите се согласиле да ги засилат мерките за сузбивање на коронавирусот пред божиќните празници до 10 јануари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Хакирана страницата на Руската федерална служба што го уапси Навални

Хакери ја нападнаа официјалната веб-страница на Руската федерална служба за извршување затворски санкции (ФЦИЗС).Членовите на оваа служба синоќа го уапсија лидерот на опозицијата Алексеј Навални на московскиот аеродром Шереметјево.
„Веб-страницата е под постојани хакерски напади веќе два часа. Експертите работат на подогнување на сајтот“,цитира ТАСС извор близок на федералната служба, кој рече дека сè уште не е познато од каде се извршуваат нападите на официјалната веб-страница. Службата за односи со јавност на ФЦИЗС претходно објави дека опозиционерот Навални е задржан на пасошка контрола веднаш по вечерашното враќање од Берлин на аеродромот во Москва.
Според очевидци, Навални бил приведен кога пред контролниот влез во Русија го покажал својот пасош на полицијата за време на контролата, а на неговата сопруга Јулија, неговиот портпарол и адвокатот им било дозволено да влезат во Русија.
Европа
Полицијата ги растури демонстрациите во Амстердам

Холандската полиција употреби водени топови против скоро 2.000 демонстранти во Амстердам кои протестираа против владините рестриктивни мерки. Мерките се воведени со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.
Демонстрантите се собраа на плоштадот пред Рајкс музејот и музејот Ван Гог, носејќи транспаренти на кои пишуваше „Слобода: Стоп за окупацијата“ и извикувајќи „Ние сакаме слобода“, пренесува Ројтерс. Безбедносните сили уапсија околу 100 демонстранти.
Ниту еден од демонстрантите не носеше маски задолжителни на јавни места и ретко кој го почитуваше правилото за физичка оддалеченост, што предизвика реакција од полицијата, се вели во соопштението на градските власти на Амстердам.
Свет
Портпаролката на Навални: Не знаеме што се случува со него и каде го одведоа

Заводот за извршување на кривични санкции во Русија објави дека опозиционерот Алексеј Навални, кој беше уапсен синоќа на враќање од Германија на аеродромот Шереметјево, ќе биде во затвор до следната судска одлука.Службата објави дека за Навални е распишана потерница на 29 декември 2020 година, за „повеќекратно кршење на правилата“ додека тој беше под условна казна.
„Понатамошната мерка ќе ја одреди судот, а дотогаш тој ќе биде во затвор“, се наведува во соопштението.
Портпаролката на Навални, Кира Јармиш на Твитер изјави дека на Навални не му била соопштена причината за апсењето при пасошката контрола и дека ниту неговата сопруга Јулија и неговиот адвокат не смееле да одат со него.
„Што се случува со него и каде го одведоа, не знаеме“, изјави таа.
Противникот на Кремљ престојуваше во Германија, каде беше префрлен во август откако м се слоши за време на летот кон Сибир.Лабораториите во Западна Европа заклучиле дека Навални бил отруен со нервен агенс новичок. Навални го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека нарачал негово труење и убиство.Кремљ ги негираше обвинувањата.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира