Контакт

Европа

Германскиот министер за надворешни работи: Време е да се преиспита партнерството со САД

Објавено пред

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, рече дека е време да се преиспита партнерството со САД на трезен и критичен начин.

Министерот за надворешни работи изјави дека во следните неколку недели ќе излезе со план за нова надворешна политика на Берлин кон САД, според ДПА. Тој додаде дека планира да ја користи манифестацијата „Годината на Германија во САД“, која почнува на 3 октомври за да промовира нова политика.

„Време е повторно да се преиспита трансатлантското партнерство на трезен, критички, па дури и самокритички начин“, рече Мас.

Мас претходно се залагаше за силна и независна Европа, која треба да биде противтежа на САД секогаш кога Вашингтон ќе ја помине црвената линија.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Заболените од Ковид-19 ќе бидат сместени на локацијата на Евровизија

Објавено пред

Арената „Ротердам Ахој“ на својата интернет-страница објави дека е направен простор за 88 пациенти со можност капацитетот да се зголеми на 680 кревети.

Шеесет и петтиот натпревар на Песна за Евровизија требаше да се одржи во мај на таа локација, но беше откажан поради пандемијата.

Во арената „Ахој“ може да се сместат и пациенти што немаат коронавирус, но немаат каде да бидат хоспитализирани бидејќи болниците се преполните поради пандемијата. Таквата ситуација го натера градот Ротердам да назначи неколку локации каде што ќе се воспостават клиники.

Прикажи повеќе...

Европа

Илјадници млади Италијанци од факултет одат директно во борба против коронавирусот

Објавено пред

Некои италијански студенти на медицина штотуку дипломираа, а веќе се фрлени во оган и се во првите редови на одбрана во борбата против коронавирусот.

Меѓу нив е и Кјара Бонини, 26-годишна девојка, која неодамна го положи својот завршен испит на факултет, а сега веќе неколку месеци има искуство во справувањето со смртоносниот вирус, што предизвика една од најголемите глобални здравствени кризи.

„Сакам да дадам сè од себе и да му помогнам на градот кој доживува драматични моменти и има сериозна потреба од лекари“, вели Кјара за својот роден град Бергамо, еден од најпогодените од коронавирусот во Италија, пренесува Си-ен-ен.

Бонини е само еднa од илјадниците италијански дипломирани студенти, кои одговорија на повикот на Владата за итна помош во борбата против најсмртоносната епидемија на вирус во светот.

Во Италија во текот на викендот надмината е бројката од 10.000 смртни случаи и во моментот речиси една третина од смртните случаи на коронавирусот во светот се регистрирани токму во таа земја.

Болниците во целата држава работат под големо оптоварување, па Италија го забрза процесот на запишување студенти во медицинско училиште со намалување на бројот на болнички испити и зголемување на бројот на вработени лекари.

За многу дипломирани студенти, ова ќе биде прва професионална работа во гранка што се соочува со најголемата криза во една генерација. Според податоците од Италија, досега 50 лекари го загубиле животот од Ковид-19.

И додека земјата влегува во шестата недела на строг карантин, младите италијански лекари практично се катапултираат од факултет во преполните болници, каде што на пациентите очајно им е потребна помош.

 

 

Прикажи повеќе...

Европа

Холандија врати 600.000 неисправни маски од Кина

Објавено пред

Холандските власти вратиле 600.000 неисправни маски увезени од Кина во екот на борбата против новиот коронавирус.

Според холандските медиуми, Министерството за здравство на Холандија вратило 600.000 маски FFP2 од вкупно 1,3 милион увезени од Кина бидејќи тие не ги исполнувале стандардите за квалитет.

Во Холандија досега починаа 771 лице како резултат на инфекција со коронавирусот, а пријавени се 10.866 случаи на зараза.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Пендаровски свика седница на Советот за безбедност

Утре со почеток во 14 часот во kабинетот на претседателот Стево Пендаровски ќе се одржи седница на Советот за безбедност...

Свет2 часа

Нетанјаху во самоизолација, негов соработник има коронавирус

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се наоѓа во самоизолација бидејќи негов соработник, пратеник, е позитивен на коронавирусот. Нетанјаху до утре треба...

Македонија3 часа

(Видео) Македонското знаме се развиори пред седиштето на НАТО

На свечена церемонија пред седиштето на НАТО во Брисел денеска беше развиорено македонското знаме кога земјата и официјално стана 30....

Македонија3 часа

Уште една жртва на коронавирусот, 26 нови заразени и девет излекувани

Министерството за здравство информира дека утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент на...

Македонија4 часа

Досега во организација на МНР вратени се 1.842 македонски граѓани од странство

По апелот за пријавување македонски граѓани затекнати во странство и нивно евидентирање со цел враќање во земјата, како и по...

Македонија4 часа

Здравствени работници направиле прекршоци во случајот на стружанката која почина од коронавирусот

Има прекршувања во случајот со почината стружанка од коронавирусот, која и покрај тоа што имала упат од матичниот лекар, не...

Свет4 часа

Што е паметен карантин, кој го воведува Чешка?

Во Чешка почна тестирање преку таканаречен паметен карантин, што значи следење на луѓето преку користење телефони и банкарски картички. Паметниот...

Македонија6 часа

Нухиу: Петмина полициски службеници се заразени со коронавирус

Заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, на својот фејсбук-профил објави дека петмина полициски службеници се заразени со коронавирус додавајќи дека...

Економија6 часа

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Од вечерва на полноќ бензините ќе поевтинат, а дизелот ќе поскапи, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на бензинот...

Европа7 часа

Фон дер Лаен: ЕУ интензивно ќе им помогне на Италија и Шпанија

Европската Унија многу интензивно ќе им помага на Италија и Шпанија во борбата против коронавирусот, изјави претседателката на Европската комисија,...

Свет7 часа

Веќе шест дена нема нови заболени од коронавирус во Вухан, се отвораат продавниците и трговските центри

Нема нови случаи на заразени од коронавирус во Вухан веќе неколку дена, продавниците се отвораат и животот полека се враќа...

Топ8 часа

Полицискиот час не го почитувале 242 лица, приведени се 95

Според статистиките на МВР, во текот на изминатите 24 часа на ниво на целата држава 242 лица не ја почитувале...

Свет9 часа

Во светот 716.482 заболени од коронавирус, починале 33.691

Бројот на заболени од коронавирус до синоќа до 22 часот бил 716.482, 33.691 лице починале, а 150.889 луѓе се излекувани....

Свет23 часа

Италија и Шпанија заедно имаат повеќе од половина од жртвите на коронавирус во светот

Само во Италија и Шпанија досега починале 17.385 лица, што е повеќе од половина од вкупната бројка на починати од...

Македонија1 ден

(Видео) Заразен доктор во битолската болница „Плодност“, болницата ќе биде затворена до 13 април

Директорот на болницата „Плодност“ од Битола, Таше Трпчевски, во видео обраќање соопшти дека болницата ќе биде затворена и воопшто нема...

Македонија1 ден

Медицинските работници во земјава ќе добијат нова тура на бесплатни маски направени со 3D принтери

По изминативе два дена бројот на активни 3D принтери порасна на 60-тина, со што ќе се оствари бројката од 6.000...

Македонија1 ден

31-годишниот скопјанец починал по распад на белите дробови, единствен ризик фактор била дебелината

31-годишниот пациент кој претпладнево починал на Инфективната клиника во Скопје е најмладиот починат пациент во Македонија од коронавирус. Бил примен...

Македонија1 ден

Вкупно 259 случаи на коронавирус во Македонија, досега починаа 6 лица

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. Претходно, на...

Македонија1 ден

Директорката на охридската болница ќе биде разрешена поради починатата пациентка од струшко

Директорката на охридската болница ќе биде разрешена од функцијата поради случајот со починатата 66-годишна жена од струшко која и покрај...

Македонија1 ден

Две лица починаа на инфективната клиника, едниот бил на 31-годишна возраст

На Клиниката за инфективни болести починале две лица заболени од коронавирус, извести министерот за здравство Венко Филипче. Едниот е пациент...

Досие