Контакт

Европа

Германски министер не сака да се вакцинира со „астра зенека“

Објавено пред

Германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер, не сака да го послуша повикот на министерот за здравство, Јенс Шпан, да се вакцинира со вакцината на „Астра зенека“.

„Мојот одговор на повикот на Шпан е ‘не’. Не дозволувам никој да ми го наметнува своето мислење“, рече Зехофер за „Билд“ притоа наведувајќи дека не сака да ја оценува таа вакцина.

На последната седница на владата, министерот Шпан ги повика сите свои колеги постари од 60 години да се вакцинираат со вакцината на „Астра зенека“, со цел да се зголеми довербата во таа вакцина.

Меѓу министрите погодени од овој повик, освен Зехофер, се и канцеларката Ангела Меркел, вицеканцеларот и министер за финансии – Олаф Шолц, министерот за економија – Петер Алтмаер и министерот за развој – Герд Милер.

Шпан исто така ги повика покраинските премиери да се вакцинираат со „астра зенека“ со цел да се зголеми разнишаната доверба на граѓаните во таа вакцина.

Во Германија, поради случаи поврзани со можни несакани ефекти од вакцината, беше одлучено вакцината на „Астра зенека“ да се дава само на лица над 60 години, а помладите може да ја примаат вакцината само на сопствен ризик.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Русија протера пет полски дипломати како одговор на потегот на Варшава

Објавено пред

Руското Министерство за надворешни работи прогласи пет лица вработени во полската амбасада за персона нон грата, наведувајќи дека треба да ја напуштат Русија до 15 мај, пренесуваат руските агенции.

Во соопштението се вели дека станува збор за реципрочен одговор на потегот на Варшава, којa на 15 април прогласи тројца претставници на руската амбасада за непожелни, повикувајќи се на наводнo кршење на правилата за дипломатски статус и активности на штета на Полска.

Полскиот амбасадор, кој денес беше поканет во руското Министерство за надворешни работи, беше информиран за одлуката на Москва.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Папата Франциско: Светот е на патот на самоуништување

Објавено пред

Папата Франциско предупреди дека светот е на патот на самоуништување доколку политичките лидери не успеат храбро да ја искористат пандемијата на Ковид-19 како шанса да ја направат планетата поправедна и позелена.

Во видеопорака објавена на Светскиот ден на планетата Земја, папата Франциско рече дека политичките лидери имаат можност подобро да излезат од оваа ситуација по научените лекции за социјалните неправди откриени за време на пандемијата, пренесува АП.

„И глобалните катастрофи, ковидот и климата, покажуваат дека немаме време за губење. Времето нè притиска и, како што покажа Ковид-19, имаме средства да одговориме на предизвикот. Имаме средства. Време е за дејствување, ние сме на граница“, рече папата.

Тој додаде дека неволите со кои се соочи човештвото во пандемијата треба да ги охрабрат водачите да се стремат кон иновации и пронајдоци со цел подобро да ја заштитат планетата.

Тој апелираше до сите водачи на светот: да постапуваат смело, да дејствуваат чесно и секогаш да им ја кажуваат вистината на луѓето, за луѓето да знаат како да се заштитат од уништување на планетата и како да ја заштитат планетата од уништување што е иницирано многу пати.

Прикажи повеќе...

Европа

Јоханис: Вакцинацијата е единствениот излез од пандемијата

Објавено пред

Излезот од пандемијата на Ковид-19 е масовна вакцинација, изјави денеска романскиот претседател Клаус Јоханис, додавајќи дека ограничувачките мерки постепено ќе се укинуваат кога бројот на заболени од коронавирус ќе почне да опаѓа и кога ќе се намали бројот на хоспитализирани и починати пациенти.

„Без вакцинација не можеме да излеземе од пандемијата, тоа е многу јасно. И патот надвор од пандемијата води преку масовна вакцинација. Јас сум вклучен во кампањата за вакцинација, ќе продолжам да работам и да ги посетувам центрите за вакцинација, да разговарам со луѓето, ќе давам јавни изјави како денес: ‘Драги Романци, вакцинирајте се’“, рече Јоханис, објави „Аџерпрес“.

Шефот на романската држава смета дека вакцинацијата се одвива со добро темпо, но ограничувачките мерки не можат да бидат укинати преку ноќ.

„Засега можам да кажам дека вакцинацијата се одвива многу добро. Ние вакцинираме 100.000 луѓе на ден. Како што се намалува пандемијата, ако видиме дека паѓаат бројките, мерките постепено ќе се олеснат. За жал, многу луѓе сè уште умираат од коронавирусот“, рече Јоханис.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Заев: Има основа за разрешување на Пауновски, тој ми е пријател но станува збор за принцип

Премиерот Зоран Заев очекува да се разреши Стојко Пауновски, бидејќи смета дека има основ за тоа. Ова доаѓа откако претходно...

Македонија27 минути

Вакцинираните од следната недела ќе добиваат потврда која служи како ковид-пасош

Од следната недела ќе почне издавањето на потврдата за вакцинирање која сè уште нема официјален статус на ковид-пасош, но ќе...

Македонија47 минути

Николовски: Законот за потекло на имот ќе спречи незаконско богатење врз грбот на граѓаните

Студијa подготвена од домашни и странски експерти која се однесува на подготовка на предлог-закон за потекло на имот денеска беше...

Регион2 часа

Партијата на Борисов не може да добие мнозинство, кандидатот го врати мандатот

Кандидатот за премиер на бугарските партии Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) и Унија на демократски сили (УДФ), Даниел...

Македонија3 часа

Вакцини од „Фајзер“ секој понеделник, а со кинеската вакцина имунизацијата ќе почне по Велигден, најави Филипче

Министерството за здравство добило листа со распоред по кој ќе стигнуваат во Македонија вакцините на „Фајзер“ следниот месец. Министерот Венко...

Македонија3 часа

Пратениците се вакцинираат со „спутник“, Џафери очекува Собранието во мај да се врати во нормала

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, утрово по почетокот на вакцинацијата на пратениците во салата „Борис Трајковски“ рече дека очекува во...

Европа4 часа

Суперзаразниот индиски вид коронавирус пристигна во Европа, откриен во Белгија

Варијантата на Ковид-19, која е широко распространета во Индија, е откриена во Белгија кај група индиски студенти кои пристигнале од...

Свет4 часа

Треба ли вакцинираните да носат маски на отворено?

Дали вакцинирано лице кое оди на отворено сè уште треба да носи маска? Дали е потребно да се носи маска...

Свет4 часа

Сè помалку надеж за екипажот на исчезнатата подморница, се стравува дека е смачкана од притисокот на водата

Во морето недалеку од Бали во тек е очајна трка со времето. Бродови на индонезиската морнарица, како и од низа...

Регион4 часа

Вучиќ: Не сакаме голема Србија

Нe сме заинтересирани за создавање голема Србија, за нас голема Србија значи подобра економија, повеќе фабрики, подобри плати и подобра...

Свет5 часа

Студија: Една доза од „астразенека“ и „фајзер“ значително го намалува ризикот за зараза со коронавирусот

Ризикот едно лице да се зарази со коронавирусот е значително помал по примaње на една доза од вакцините на „Астразенека“...

Македонија5 часа

Од коронавирус почина д-р Сенат Грбовиќ

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари на „Фејсбук“ објави дека од компликации од коронавирус починал 53-годишниот лекар д-р Сенат Грбовиќ....

Македонија6 часа

Денеска се вакцинираат пратениците

Во „А1 арената Борис Трајковски“ денеска ќе се вакцинираат пратениците од Собранието како дел од критичната инфраструктура опфатена во Националниот...

Македонија19 часа

Намален е притисокот врз болниците, вели министерот Филипче

Притисокот брз болниците е намален, а состојбата со вирусот се смирува, оцени денеска министерот за здравство, Венко Филипче, по состанокот со...

Топ22 часа

Девојка од Гостивар, без нејзина согласност, била омажена и силувана

Без нејзина согласнот, 19-годишна девојка од Гостивар била предадена за брак во Шуто Оризари по што била силувана. Според твдењето...

Македонија22 часа

Заев за повлекувањето на Шекеринска: Таа е моја другарка, без разлика каде ќе биде во иднина

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека тој и потаму ќе соработува со Радмила Шекеринска по најавата дека...

Регион22 часа

Мас: Добар момент за поддршка на дијалогот меѓу Србија и Косово

Сакам да видам на самото место како можеме да го поддржиме нормативниот дијалог меѓу двете земји, рече германскиот министер за...

Македонија22 часа

39 починати и 603 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.596 тестирања, а регистрирани се 603 нови случаи на...

Топ1 ден

Приведено лицето што утрово пред кривичниот суд ѝ избега на затворската полиција

Единицата за прв одговор и интервенција при МВР кај Камениот мост во Скопје го привела 30-годишниот А.З. од Скопје, кој...

Македонија1 ден

Тројца обвинители од поранешното СЈО во тимот на Русковска

Пет кандидати од кои тројца обвинители од поранешното специјално јавно обвинителство се избрани за нови јавни обвинители во Обвинителството за...

Досие