Контакт

Европа

Германски виролог предупредува: Време е само вакцинираните да имаат целосна слобода

Објавено пред

Водечкиот германски виролог Кристијан Дростен оцени дека сега сојот омикрон ги пишува правилата додавајќи дека прашање е какви мерки ќе треба да се преземат за борба против новиот бран.

Тој вели дека постои можност за воведување нови правила, што значи дека само вакцинираните може да уживаат целосна слобода.

Дростен рече дека иако омикрон предизвикува полесна болест кај вакцинираните и излекуваните луѓе, треба да се смета на големо оптоварување на здравствениот систем и критичната инфраструктура поради брзото ширење на овој сој.

„Мора да почекаме да видиме како функционираат сегашните мерки“, изјави тој за весникот „Зидојче цајтунг“.

Тој рече дека секој што примил бустер-доза, веројатно помалку го шири вирусот и е заштитен и од болести.

Германскиот виролог претпоставува дека омикрон би можел да биде последниот нов сој во пандемијата и додава дека заразите ќе бидат за Божик и за Велигден по што ќе следува релаксирачко лето.

Според него, наесен се очекува ново ширење за кое ќе биде потребна дополнителна имунизација и дури тогаш ќе може, додава тој, да се каже дека е достигната ендемската фаза.

Според него, во Германија ќе се одлучува колкава ќе биде стапката на вакцинација.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Берлускони хоспитализиран во Милано

Објавено пред

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е хоспитализиран во Милано, еден ден откако одлучи да не се кандидира за претседател, пишуваат светските агенции, не наведувајќи детали за неговата состојба.

Портпаролот на Берлускони не одговори веднаш на барањето за коментар.

Премиерот во четири мандати, беше подложен на голема операција на срцето во 2016 година и преживеа рак на простата.

Тој беше хоспитализиран неколку пати минатата година откако се зарази со коронавирус.

Прикажи повеќе...

Европа

Шефот на германската морнарица поднесе оставка поради изјавата дека Путин заслужува почит

Објавено пред

Командантот на германската морнарица поднесе оставка поради коментарите што ги даде за Украина и рускиот претседател, Владимир Путин.

Кеј-Ахим Шонбах рече дека идејата оти Русија сака да ја нападне Украина е бесмислена. Тој додаде дека сè што сака Путин е почитување.

Шонбах подоцна образложи дека ја поднел оставката од својата функција за да спречи дополнителна штета. Неговиот коментар за Украин и Путин беше даден за време на дебата во Индија во петокот, а видеото подоцна беше објавено на социјалните мрежи.

Во видеото, Шенбах вели дека Западот мора да го третира Путин како еднаков. „Лесно е да му се даде почитта што ја бара, а веројатно и’ заслужува“, рече тој.

Украинското Министерство за надворешни работи ги опиша коментарите на Шонбах како „категорично неприфатливи“.

Неколку земји и’ доставија оружје на Украина, вклучувајќи ги САД и Обединетото Кралство, но Германија го одби барањето на Украина за муниција. Русија ги отфрли тврдењата дека има намера да ја нападне Украина.

Претседателот Владимир Путин упати барања до Западот за кои вели дека се однесуваат на руската безбедност, вклучително и спречување на Украина да се приклучи на воената одбранбена алијанса на НАТО.

Тој, исто така, сака НАТО да се откаже од воените вежби и да престане да испраќа оружје во Источна Европа, сметајќи го тоа како директна закана за безбедноста на Русија.

Во меѓувреме, Обединетото Кралство го обвини Путин дека планира да постави промосковска фигура на чело на украинската влада.

Шефот на НАТО предупреди дека постои реална опасност од нов конфликт во Европа, откако околу 100.000 руски војници се собраа на границата.

Околу 90 тони американска „смртоносна помош“ пристигна во Украина, во услови на тензии поради акумулацијата на руски војници на границата. Велика Британија објави претходно оваа недела дека испраќа одбранбено оружје и дополнителни војници на обука. Неколку други членки на НАТО испраќаат воен материјал или распоредуваат сили.

Германија одби да испрати оружје во Украина, а наместо тоа понуди да испрати теренска болница.

Министерката за одбрана Кристин Ламбрехт изјави за Велт ам Зонтаг дека Берлин веќе и доставил респиратори на Украина, а тешко повредените украински војници се лекуваат во германските воени болници. Украина го осуди одговорот на Германија, обвинувајќи го Берлин дека го поткопува западното единство со тоа што одбива да и пренесе оружје на Украина или дозволува некои нејзини сојузници да го сторат тоа.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во серија објави на Твитер рече дека ставот на Германија го поттикнува Путин да нападне.

Прикажи повеќе...

Европа

Фридрих Мерц е новиот лидер на ЦДУ

Објавено пред

Членовите на германската централно-десничарска партија Христијанско-демократска унија (ЦДУ) денеска го избраа Фридрих Мерц за лидер на партијата.

Генералниот секретар на ЦДУ, Пол Чимјак, рече дека Мерц добил речиси 95 отсто од гласовите на виртуелната партиска конференција.

Официјалните избори дојдоа по неформалното гласање минатиот месец во кое Мерц ги победи противниците Норберт Ротген и Хелга Браун.

Мерц го обвини германскиот канцелар Олаф Шолц дека нема јасна позиција во спорот со Русија поради акумулацијата на руските сили недалеку од границата со Украина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Јанакиески спроведен на судење со полициско возило

На штаки, легнат во полициско возило, Миле Јанакиески е земен од дома со судска наредба и спроведен на судење. Денеска...

Свет30 минути

По САД и Британија повлекува дел од персоналот во амбасадата во Киев

Велика Британија почна да го повлекува персоналот од амбасадата во Украина поради предупредувањата за руската инвазија. Според извештајот, официјалните лица...

Свет1 час

Kазнети 3.600 долари зашто на една минута го напуштиле карантинот

Тајванските здравствени власти казнија индонезиски рибари со 3.610 долари затоа што ги напуштиле хотелските соби за време на карантин за...

Свет2 часа

СЗО најавува крај на пандемијата во Европа

Сојот омикрон на коронавирус, кој би можел да зарази 60 отсто од Европејците до март, започна нова фаза на пандемијата...

Македонија13 часа

Локализиран пожарот во „Жито Битола“

Локализиран е пожарот што избувна околу 17 часот во „Жито Битола“. Пожарникарите остануваат на терен, до целосно гасење на огнот....

Македонија14 часа

Нови 1.424 случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 5.604 тестови, а регистрирани се 1.424...

Свет16 часа

НАТО испраќа се’ повеќе оружје во Украина

Во последните денови, членките на НАТО испраќаат оружје и воен персонал во Украина, како и во блиските европски земји, во...

Македонија18 часа

„Преговорите ги диктира Софија, ова е пазар дипломатија“ – опозицијата со критики за начинот на кој Владата преговара со Бугарија

Остри критики за начинот на којшто се водат преговорите со Бугарија упатија говорниците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на трибината насловена „Заштита...

Економија21 час

Ковачевски: Сите работници кои работат во недела мора да добиваат најмалку 50 отсто повисока дневница

„Денешната посета на „Дура Аутомотив Системс“ е одлична можност да се види како изгледа примената на законското решение „Недела неработен...

Топ22 часа

Прегазен малолетник на улица во Тетово, возачот избегал

Седумнаесетгодишно момче било прегазено од автомобил вчера на улицата Благоја Тоска во Тетово. Возачот кој управувал со возилото избегал од местото,...

Свет22 часа

Директорот на „Фајзер“: Годишните вакцини против ковид би биле подобри од честите бустери

Алберт Бурла, извршен директор на компанијата „Фајзер“, рече дека годишната вакцинација против короната би била подобра опција од почестите засилувачки...

Регион24 часа

Вучиќ добил список со седум лица кои му спремале атентат

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синoќа се обрати до јавноста по обелоденувањето на веста дека бил подготвуван атенатат врз него....

Македонија1 ден

Пецаков да одговара што не се изолирал додека чекал резултати од тестот за ковид, порача владејачката партија

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков додека чекал резултати од тестот за коронавирусот наместо да се изолира, свесно присуствувал на јавен...

Македонија2 дена

Пред да почине Рахимовски се јавил кај пријател во Македонија, се договориле да го пречека на скопскиот аеродром

Аки Рахимовски утрово планирал патување во Македонија и посета на мајка си. Тој телефонски разговарал со пријателот Здравко Ситновски во...

Македонија2 дена

Нови 1.913 случаи на коронавирус во Македонија, починаа 21 лице

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 7.219 тестови, а регистрирани се 1.913...

Македонија2 дена

Млад пациент доби срце, а кај двајца се трансплантираат бубрези од починат донор

Млад пациент доби срце, а кај двајца пациенти на дијализа се трансплантираат бубрезите од лице кое почина од мозочна смрт....

Регион2 дена

Почина Аки Рахимовски од „Парни Ваљак“

Пејачот на групата Парни Ваљак, Аки Рахимовски почина на 66-годишна возраст. Веста за смртта беше објавена и на официјалната страна...

Македонија2 дена

Стоилковски извади списоци: „Паркинг не плаќале стотици функционери од Демократскиот сојуз, СДСМ и ДУИ“

Стотици автомобили на функционери од власта и членови на Демократскиот сојуз, на СДСМ, на ДУИ биле ослободени од плаќање паркинг...

Македонија2 дена

Пецаков вели дека не се изолирал и на Водици излегол оти побарал тест заради патување

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков вели дека не се изолирал по тестирањето за Ковид-19 и на Водици излегол да ја...

Македонија2 дена

Родители бараат укинување на задолжителното носење маски во училиштата

Иницијативата „Стоп за носењето маски во училиштата“ која обединува 12.000 родители, преку допис до медиумите тврди дека имаат поддршка од...

Досие