Европа
Германски власти: Мерките на затворање доведоа до делумен успех

Државниот епидемиолошки институт „Роберт Кох“ објави дека мерките на затворање во Германија се делумно успешни, но дека бројот на новоинфицирани е сè уште преголем.
„Бројот на нови инфекции е сè уште многу голем, ситуацијата е сè уште сериозна“, рече Лотар Вилер, директор на институтот „Роберт Кох“ (РКИ), за време на неделното обраќање до јавноста. Тој истакна дека мерките на затворање воведени на почетокот од ноември го стабилизирале бројот на новоинфицирани, но дека тој број сепак е голем.
„Она што предвидовме се случува: текот на болеста станува сè потежок, што особено ги погодува постарите пациенти над 80-годишна возраст. Ние сè уште треба да сметаме на голем број смртни случаи“, рече Вилер, додавајќи дека за тоа придонесува и сè почестата појава на инфекција во домовите за стари лица.
„Веќе не е секогаш можно да се следи изворот на инфекција кај новоинфицираните лица“, рече Вилер.
Директорот на Институтот „Роберт Кох“ ги повика граѓаните да продолжат да се придржуваат кон мерките за хигиена, држење дистанца и носење маски.
РКИ исто така препорачува воведување на засилено тестирање на персоналот во училиштата и градинките.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Масовна евакуација од аеродромот во Франкфурт поради закана со оружје

Поради наводна закана со огнено оружје, полицијата нареди евакуација на сите присутни на аеродромот во Франкфурт.
Неколку сектори на аеродромот беа затворени.
Едно видео покажува како полицаец вперува пиштол кон лице на земја.
Властите потврдија дека во тек е полициска акција, но не е јасно што довело до хаос на аеродромот.
Според германски новинар, две лица се задржани во притвор.
Како последица на овие настани некои летови може да бидат одложени. На патниците им било кажано однапред да го проверат статусот на летот пред пристигнувањето на аеродромот.
#Frankfurt Airport. Mir ist leider nicht bekannt, ob die Aufnahme aktuell ist?! 🕵️♂️ pic.twitter.com/ooCcNZo8Kf
— Inspector Reality 🕵️♂️ 🇩🇪 🇬🇷 🇺🇸 (@TheReal32492440) January 16, 2021
@EmiratesSupport there is a mass evacuation at frankfurt Airport because of a gun threat. What does this mean for travelers? Will flights be delayed? Refunded? Will travelers get a hotel overnight? I was planning to fly to Dubai at 8:30 pic.twitter.com/ksp3QyWgox
— Cassandra Beyer (@cassi_xo_) January 16, 2021
Европа
Хакери украле документи од Европската агенција за лекови поврзани со вакцините против Ковид-19

Документите од Европската агенција за лекови поврзани со вакцините за коронавирус биле украдени, изменети и потоа објавени на Интернет, јави ДПА.
Документите вклучуваат доверлива е-пошта, во која се прават проценки за вакцините.
„Некои од мејловите се манипулирани од крадците за да се наруши кредибилитетот на вакцините“, соопшти агенцијата.
Во декември, компјутерски криминалци упаднаа во компјутерскиот систем на агенцијата и добија документи кои им припаѓаат на производителите на вакцини Фајзер и Бионтек.
Не е јасно каде се објавени документите, а непознати засега се и идентитетот и мотивите на хакерите. Истрагата е во тек.
Агенцијата ги проценува вакцините и лековите пред да ги препорача на Европската унија за одобрување.
Европа
Меркел доби наследник на чело на ЦДУ

Германските демохристијани го избраа наследникот на германската канцеларка Ангела Меркел.
Армин Лашет беше избран за нов претседател на Христијанско-демократската унија (ЦДУ).
Илјада и еден делегат на германските демохристијани денеска избираа нов претседател на партијата – на првиот виртуелен конгрес.
Како што пишува „Дојче Веле“, партискиот конгрес не е официјално за наследник на Меркел на местото германски канцелар, туку само за претседател на ЦДУ. Но, имајќи предвид дека демохристијаните се убедливо најсилната партија со месеци, како што покажуваат анкетите, автоматски се поставува прашањето за кандидатот на канцелар: кој и да е шеф на ЦДУ, треба да биде погоден и за канцелар.
Во трката за прв човек на партијата беа и поранешниот министер за животна средина, Норберт Ретген и шефот на парламентарниот клуб на ЦДУ во Бундестагот, Фридрих Мерц.
Изборот на Лашет веројатно би значел продолжување на политиката на Ангела Меркел. Премиерот на Северна Рајна-Вестфалија подеднакво силно ја поддржа канцеларката во нејзината политика за миграцијата и во отворањето кон левиот политички спектар. Можеби тоа е причината што Меркел јасно стави до знаење дека го фаворизира Лашет.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира