Европа
Германските медиуми: Вакцинирајте се и вие, канцеларкe Меркел

Германските медиуми ги повикуваат политичарите да се вакцинираат против коронавирусот бидејќи воздржаноста е видлива кај Германците. Така, дневникот „Билд“ ја повика канцеларката Ангела Меркел да се вакцинира и со тоа да биде пример за другите поттикнувајќи ја вакцинацијата бидејќи, пред сè, постои недоверба во вакцините на „Астра зенека“.
Весникот посочува дека досега се искористени само 11 проценти од испорачаните вакцини на „Астра зенека“.
Во покраината Баден-Виртемберг 309 од 100.800 добиени дози им биле дадени на граѓани, а ниту една не била искористена во Бранденбург.
Она што недостига е довербата. Потребни се примери за вакцинација, особено канцеларката Меркел, истакнува „Билд“.
Весникот потсетува дека Меркел најави оти ќе биде вакцинирана кога ќе ѝ дојде редот и дека од нејзината канцеларија е соопштено дека таа сè уште не отстапува од таа изјава.
Заменик-шефот на парламентарниот клуб на Партијата на слободата на Германија (ФДП), Мајкл Тојрер, истакнува дека сигурно би било позитивен сигнал доколку Меркел и германскиот претседател, Франк-Валтер Штајнмаер, јавно се вакцинираат.
„Билд“ потсетува дека американскиот претседател, Џозеф Бајден, и премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, се вакцинираа пред камерите и дека тие земји имаат далеку поголема стапка на вакцинација од Германија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Макрон: Со задоволство би ја примил вакцината на „Астразенека“ кога ќе дојдам на ред

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека со задоволство би прифатил да се вакцинира против Kовид-19 со вакцината нa „Оксфорд“ / „Астразенека“ доколку се понуди кога ќе дојде неговиот ред.
„Со оглед на најновите научни студии, ефикасноста на вакцината на ‘Астразенека’ е докажана“, им рече Макрон на новинарите по виртуелниот самит на Европската Унија, пренесува „Ројтерс“.
„Мојот ред ќе дојде, но имам време. Ако се работи за вакцина што ми е понудена, секако ќе ја примам“, додаде францускиот претседател.
Макрон предизвика вчудовиденост во Велика Британија откако претходно оваа година рече дека вакцината дејствува „квази-неефикасно“ меѓу постарите од 65 години, потсетува „Ројтерс“.
Европа
Лавови и горили се заразија со коронавирус во зоолошката градина во Прага

Во зоолошката градина во Прага, најверојатно од чуварите, два индиски лава и ѕвездата на зоолошката градина, машката горила Ричард, се заразиле со Ковид-19. Ова го потврдиле тестовите на примероците, информираше директорот на зоолошката градина во чешката престолнина, Мирослав Бобек.
„Симптомите на Ковид-19 засега се многу благи. Лавовите Jамван и Сучи киваат и кашлаат, а Ричард нема апетит и е уморен. Во соработка со ветеринарната инспекција, ќе тестираме и други животни. Секвенцирањето на примероците ќе се направи за да утврди за која варијанта на коронавирусот станува збор“, рече Бобек.
Европа
Мишел: Вакцинацијата е приоритет број 1 за ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, изјави дека производството и испораката на вакцини, како и вакцинациите против Ковид-19 низ цела Европска Унија, се приоритет број еден и посочи дека тука спаѓа и работата за зголемување на производството на вакцини.
„Тековната состојба е тешка, но би сакал да испратам порака за оптимизам. Имаме средства со кои ќе обезбедиме ЕУ да одигра клучна улога во надминувањето на кризата во следните месеци“, рече Мишел.
Ние сакаме поголема предвидливост и транспарентност од фармацевтските компании, објави Мишел на својот официјален профил на Твитер по завршувањето на самитот на ЕУ, што се одржа онлајн.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, оцени дека дејствуваат заштитните мерки, кои се на сила низ цела Европа, и додаде дека се работи на испитувањето на новите ковид-варијанти
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер