Контакт

Свет

Германски пратеник гo нарече НАТО безбедносен ризик за светот

Објавено пред

Во изминативе денови, кога НАТО ја прославува 70 години од своето постоење, Германија истрпе критики од американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот потпретседател Мајк Пенс зашто не ја постигнала целта за трошење 2 отсто од БДП за одбраната.Но во Германија, не само зголемувањето на трошоците, туку самото постоење на Алијансата се гледа критички, пренесува „Спутник“.

Членот Бундестагот, Александар Неу, кој ја претставува левичарската партија „Дие линке“, го окарактеризира НАТО како застарена организација за време на самитот за прослава на 70-годишнината на Алијансата.

Според Неу, империјалистичката конкурентност и стравот од губење на економската и идеолошката надмоќ го водат НАТО кон поголема конфронтација и овој модел конечно мора да биде уништен. Тој изјави дека „Линке“ повикува на повлекување на Германија од воените структури на НАТО, а потоа и на распаѓање на НАТО.

Според Неу, НАТО треба да се замени со колективен систем за безбедност кој ја вклучува Русија, со разоружување како главнацел, а ослободените средства треба да се искористат за спречување на климатските промени и нејзините последици.

Неу во написот за независниот портал Die Freiheitsliebe напиша дека НАТО претставува значителен безбедносен ризик за светот, користејќи ја својата воена сила само за да ги заштити сопствените империјалистички интереси, системски го крши постоечкиот закон и ги дискредитира ОН.

Политичарот инсистира дека годишнината на НАТО не е причина за прослава, туку повод за повторно размислување пред да биде предоцна. Тој посочува дека земјите-членки на НАТО учествувале со повеќе од половина во воените трошоци во светот од 1 трилион долари до 2018 година.

Според Неу, планираното зголемување на трошоците на 2 отсто од БДП на земјата би значело да се трошат повеќе од 80 милијарди евра годишно само на вооружените сили за Германија, што е целосно непропорционално и претерано во споредба со буџетите на Русија и на Кина .

„Особено во последните 20 години, НАТО го покажа своето вистинско лице, почнувајќи од агресивната војна против Југославија спротивно на меѓународното право или речиси подеднакво долготрајната војна во Авганистан и бројни други странски мисии кои зедоа безброј жртви. И секогаш е само за одржување и обезбедување ресурси “, рече тој.

Овој повик за повлекување и критикување против НАТО е одек од претходните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја критикуваше Алијансата пред да стане претседател, па дури и го прогласи НАТО за застарена организација.

Иако подоцна ја ревидираше таа изјава, велејќи дека повеќе не верува декае така за време на посетата на генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, во 2017 година, Трамп се уште е упорен во критикувањето на другите земји-членки, особено на Германија. Пред самитот што ја прославува 70-годишнината на Алијансата во Вашингтон, Трамп повторно го стави на тапет Берлин, велејќи дека не прави доволно бидејќи германската влада планира да троши 1,5 отсто од БДП до 2024 година, што е помало од целта од 2 отсто.

 

Регион

Избрана новата српска Влада

Објавено пред

Изгласана е новата Влада на Република Србија. „За“ гласаа 227 пратеници во Собранието на Србија, додека петмина беа „против“. Немаше воздржани, јавува „Б92“.

Утрово, мандатарот за состав на новата влада, Ана Брнабиќ, ги претстави членовите на кабинетот, а како што најави претседателот на републичкиот парламент, Ивица Дачиќ, гласањето се одржа околу 20 часот.

Предлогот за состав на новата влада пристигна во Собранието на Србија во вторникот, а потоа имаше повеќе сомнежи во јавноста, како на пример прашањето кој ќе биде новиот министер за образование и кој ќе биде министер за здравство.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Црна Гора 301 новозаболен од коронавирус, седум лица починале

Објавено пред

Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 301 новозаболен од коронавирус и седум смртни случаи.

Тестирани се 793 лица. Епидемиологот од Институтот за јавно здравје др. Милко Јоксимовиќ претходно денес изјави дека поради недостаток на материјал, 2.500 примероци чекаат на тестирање.

Најмногу заразени има во Подгорица – 162.

Од почетокот на јуни, 273 лица починале од последиците на коронавирусот, а од почетокот на годината 282 пациенти.

Во последните 24 часа оздравеле 234 пациенти.

Во моментов, активни се 3.625 случаи на коронавирус, а од март се регистрирани вкупно 17.392 заболени лица, пренесува Танјуг.

Прикажи повеќе...

Регион

Нов црн рекорд во Грција, регистрирани уште 1.547 заразени со коронавирус

Објавено пред

Во Грција се потврдени рекордни 1.547 нови случаи на коронавирус, а 10 пациенти со Kовид-19 починаа, со што вкупниот број на смртни случаи е 603, соопшти денеска Националната служба за јавно здравје.

На респиратори има 108 пациенти, пренесува грчкиот весник „Катимерини“.

Од почетокот на пандемијата во Грција, 34.299 лица биле заразени со коронавирус, од кои 55,3 проценти се мажи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Рекордни 870 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 14 лица

Во последните 24 часа во Македонија 14 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 870 нови случаи од  2.647 тестирања,...

Свет3 часа

Германија воведе строги мерки: рестораните, кината и баровите ќе бидат затворени 4 недели

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека германските власти се согласиле на четиринеделен делумен карантин. Во овој временски период затворени...

Македонија6 часа

МОН го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение

Министерството за образование и наука го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение поради несоодветна и дискриминирачка содржина. „Во...

Македонија7 часа

Пауновски: Нови вработувања ќе има в година, дотогаш ќе се снаоѓаме

Државниот пазарен инспекторат добил од Владата ветување дека в година ќе им бидат одобрени бараните 20 нови вработувања. Директорот на...

Македонија7 часа

Поради контакт со Спасовски, само едно лице е во изолација

Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал само едно решение за изолација на лице што било во контакт со министерот за...

Македонија7 часа

Пожарникарите протестираа пред канцеларијата на Шилегов

Пожарникарите на мирниот протест пред канцеларијата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, порачаа дека не се откажуваат од своето барање...

Македонија8 часа

Поранешениот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, осуден на шест години затвор

Поранешениот шеф на кабинетот на ексдиректорот во УБК, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, е осуден на шестгодишна затворска казна во случајот...

Македонија8 часа

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник по македонски за шесто одделение

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – ова е совет во учебник по македонски за шесто одделение....

Македонија9 часа

Советот за безбедност ќе одржи седница за состојбата со коронавирусот

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, утре, 29 октомври, со почеток во 11 часот, ќе се одржи...

Свет9 часа

Куба ја регистрира својата втора вакцина против коронавирусот

Куба официјално регистрира втора вакцина против Ковид-19, а испитувањата се очекува да почнат набргу, објави „Агенсија Кубана де нотисијас“ (АКН)....

Македонија10 часа

Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа поради загадувањето и пандемијата

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во...

Свет11 час

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност што не је препознавам

Првата дама на САД, Меланија Трамп, вчера одржа говор на предизборен митинг во Пенсилванија – тоа беше нејзино прво соло...

Македонија12 часа

Митко Јанчев повикува на протест за смена на Мицкоски

Митко Јанчев повикува на протест за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.   Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен...

Свет12 часа

Блумберг донира уште 15 милиони долари за кампања на Бајден

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг донира дополнителни 15 милиони долари за претседателската кампања на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во Охајо...

Свет12 часа

Од коронавирус во светот заразени повеќе од 44.155.000 лица

Повеќе од 44.155.000 лица се заразени од коронавирус во светот, според најновите статистички податоци што ги одржува специјализираната страница worldometers.info....

Свет13 часа

Русија ја поднесе својата вакцина во СЗО за забрзана регистрација

Русија поднесе барање до Светската здравствена организација (СЗО) за забрзана за регистрација и претквалификација на својата прва вакцина против новиот...

Европа13 часа

Ватикан најави божикна прослава на папата на интернет

Божикната прослава на папата Франциско ќе се емитува преку интернет оваа година без лично присуство на јавноста поради пандемијата на...

Свет23 часа

СЗО: Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела

Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела, соопшти Светската здравствена организација (СЗО)....

Македонија24 часа

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, позитивна на Ковид-19

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа вели дека нема симптоми и дека се чувствува...

Европа1 ден

Во Италија рекордни 21.994 новозаболени и 221 починат од коронавирус

Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство. Ова е...

Досие