Европа
Германските болници предупредуваат дека наскоро не ќе можат да исплаќаат плати

Здружението на германски болници предупреди дека поради ограничувања во работата како резултат на пандемијата, постои опасност клиниките повеќе да не можат да исплаќаат плати на вработените.
„Доколку владата јасно не ја зголеми помошта, тогаш клиниките нема да можат да исплатат плати на вработените во првиот квартал од следната година“, рече претседателот на Здружението, Џералд Гас.
Тој за германските медиуми изјави дека парите од вообичаените фондови не се доволни и дека болниците во моментов на располагање имаат ограничени финансиски средства.
Во средината на декември германската влада усвои мерки за помош на болниците.
Според концептот на Министерството за здравство, болниците во регионите кои се особено оптоварени од ширењето на вирусот, ќе добијат средства доколку се откажат од медицински зафати што можат да се одложат и на тој начин ослободат кревети.
Според Гас, само 25 проценти од клиниките имаат корист од тоа.
Тој предложи, врз основа на податоци од 2019 година, да се обезбеди месечен буџет за болниците.
Две третини од болниците сметаат дека 2020 година ќе ја завршат со загуби, покажува актуелниот болнички барометар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Во Италија најголем пад на бројот на новозаразени од октомври

Во последните 24 часа во Италија, 377 лица починаа од Ковид-19, а регистрирани се речиси 9.000 новозаразени со коронавирус.
Координаторот на владиниот научно-технички комитет, Агостино Миоко, тврди дека епидемиолошката состојба во Италија е под контрола, а карантинот што беше на сила во земјата за време на изминатите празници беше добар потег.
„Толку мал број новозаразени, 24 проценти помалку за една недела во споредба со претходната, не е забележан од октомври. Сепак, треба да се нагласи дека имунитетот на општеството ќе се воспостави само со масовна вакцинација“, рече Миоко.
Во моментот, вкупниот број на заразени лица во Италија е 547 илјади, од кои 20 илјади се во болница, а останатите се во домашна изолација.
Европа
Можно е продолжување на мерките во Германија до 15 февруари

Германската канцеларка Ангела Меркел сака да ги продолжи мерките за затворање поради епидемијата на коронавирусот до 15 февруари, објави германскиот весник „Билд“.
Весникот се повикува на нацрт-одлуката на Владата на Германија во извештајот.
Меркел денеска ќе се сретне со премиерите на покраините, а за време на состанокот ќе разговараат за можното продолжување на строгите мерки, во рамките на кои се затворени училиштата и повеќето продавници.
Се очекува Меркел да разговара за дополнителни мерки со премиерите.
Европа
Конте доби поддршка во Долниот дом на парламентот

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте денеска беше изгласан во Долниот дом на парламентот, откако неговиот помлад партнер ја напушти владејачката коалиција, но тој ќе мора да се соочи со многу понеизвесно гласање на доверба во Горниот дом на собранието за помалку од 24 часа.
По неговиот апел до опозицијата и независните пратеници да го поддржат откако партијата на поранешниот премиер Матео Ренци, „Италија Вива“, ја напушти коалицијата минатата недела, Владата на Конте доби гласање на доверба за време на гласањето во Претставничкиот дом – Долниот дом со 321 глас „за“ и 259 „против“.
Во Горниот дом на парламентот – Сенатот на Република, владата имаше само мало мнозинство дури и кога „Италија Вива“ сè уште беше дел од коалицијата.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира