Контакт

Свет

Гибралтар заплени ирански танкер поради кршење на санкциите на ЕУ

Објавено пред

Гибралтар минатата недела донесе одлука за запленување на иранскиот танкер само поради тоа што ги прекрши санкциите на Европската Унија, а не по барање на која било друга земја, изјави денеска шефот на владата на британската територија, Фабијан Пикардо.

„Грајс 1″ беше запленет од британските кралски маринци на брегот на Гибралтар поради сомневање за кршење на санкциите против Сирија, пренесе „Ројтерс“.

„Одлуките на владата на Нејзиното Височество во Гибралтар се донесени целосно независно, врз основа на прекршување на постојните закони, а не врз основа на надворешните политички размислувања“, му кажа Пикардо на Парламентот во Гибралтар.

„Овие важни одлуки за кршење на нашите закони не беа одлуки донесени врз основа на политички барања или инструкции на која било друга држава или трета страна”, рече Пикардо.

Иран побарал Велика Британија да го ослободи бродот и негираше дека пренесувал нафта во Сирија и на тој начин ги прекршил санкциите.

Свет

Екстремистите на Боко Харам годинава убиле 275 луѓе во Камерун

Објавено пред

Екстремистите на Боко Харам годинава убиле најмалку биле 275 луѓе на крајниот север од Камерун и покрај тврдењата од почетокот на годинава дека групата ослабела во таа област, објави „Амнести интернешнел“

Повеќе од 80 отсто од жртвите кои се убиени во периодот од јануари до ноември се цивили, наведе меѓународната организација за заштита на човековите права по двонеделната мисија во таа област.

Регионалниот директор на „Амнести“ за Западна и Централна Африка, Ал Самира Дауд посочи дек луѓето во тој дел на Камерун живеат под терор.

„Многу од нив биле сведоци на нападите на Боко Харам и изгубиле членови на семејствата или пријатели во тие напади. Тие веќе не се прашуват дали ќе има нови напади, туку кога ќе се случат. Чувствуваат дека властите целосно ги напуштиле“, вели таа.

Еднодеценискиот бунт на Боко Харам, почнат на североистокот од Нигерија, се прелеа преку границите во Камерун, Нигер и во Чад. Таа исламистичка група уби десетици илјади луѓе и принуди милиони да ги напуштат своите домови, пренесува „Асошиетед прес“.

Изминатите години многу борци на Боко Харам се приклучија кон Исламска држава, создавајќи на тој начин нова закана. Таа група беше одговорна за киднапирањето на речиси 300 нигериски ученички од Чибок во 2014 година, од кои повеќето беа ослободени.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Австралиските пожарникари сами собираат средства за квалитетни маски за дишење

Објавено пред

Пожарникарите во Нов Јужен Велс, Австралија покренаа итна акција за собирање средства за набавка на подобра безбедносна опрема откако открија дека маски за дишење обезбедени од државата не се доволна заштита на терен, пренесуваат австралиските медиуми.

„Нашата бригада очајно се обидуваше да ги заштити домовите и имотите, целосно исцрпена, и со ужаснатост да го велам ова, користејќи маски за прашина обезбедени од Руралната противпожарна служба (РФС) на Нов Јужен Велс, за да ги заштитиме нашите дишни патишта.

„Во одбрана на РФС, ова се невидени услови што никој не можеше да го очекува, но ние немаме друг избор освен да излеземе и да се бориме со огнот со тоа што го имаме“, рече Џо Арена, благајник на рурална противпожарна бригада „Копакабана“, за „Еј-би-си Сентрал Коуст“ во вторникот.

Волонтерската екипа е меѓу првите кои реагираа на мега пожарот којшто се формираше кога неколку пожари северно од Сиднеј се споија, опустошувајќи повеќе од 320.000 хектари.

Најмалку шест лица загинаа, а повеќе од 700 домови се уништени од почетокот на пожарите во септември, а околу 2,7 милиони хектари се опожарени. Пожарот стана толку сериозен што загаденоста на воздухот во некои делови од Сиднеј достигна 12 пати повеќе од опасното ниво оваа недела.

Арена соопшти дека пожарникарите ја почнале акцијата за собирање средства со цел да купат по една маска за човек во нивната бригада. Неговиот апел за јавна поддршка се појави истиот ден кога австралискиот премиер Скот Морисон ја отфрли идејата за плаќање на волонтерски пожарникари.

Морисон рече: „Да, тие се уморни, но сакаат и да ги штитат своите заедници“, додавајќи дека владата не го разгледува прашањето.

Во пораката објавена на Фејсбук во средата, руралната противпожарна служба „Копакабана“ им се заблагодари на сите кои одговорија на нивниот апел за маски за дишење. Групата рече дека веќе ја исполнила својата цел и ќе ги пренасочи дополнителни средства за купување маски за соседните противпожарни екипи.

Прикажи повеќе...

Регион

Омилениот актер на Тарантино успешно опериран во Загреб

Објавено пред

Британскиот актер Тим Рот (58), познат по улогите во култните филмови на Квентин Тарантино (56), но и по хит-серијата „Лажи ме“, по шестмесечно снимање на новата драмска серија пристигна од Ливерпул во Загреб, за да го реши проблемот со видот засекогаш.

Тим Рот беше виден во хотелот „Еспланада“ во Загреб како чита пораки на мобилен телефон. За прв пат по 40 години, актерот чита без очила бидејќи само ден пред тоа беше опериран на клиниката „Свијетлост“ во Загреб.

Професорот Габриќ и неговиот тим ги оперирале Рот и неговата сопруга Ники и им вградиле најнова генерација мултифокални леќи со проширен фокус. И двајцата добро гледале само неколку часа по операцијата и уживале во адвентот во Загреб.

„Цел живот мислев дека со левото око гледам помалку од 30 проценти. Бев кај многу лекари во Калифорнија и Англија кои ме уверуваа дека нема надеж за тоа око, но по два часа поминати во „Свијетлост“ гледам на тоа око за прв пат во мојот живот“, вели актерот.

Покрај Рот, на клиниката се оперирани и Арманд Асанте кој своето искуство го сподели со актерите Франко Неро и Касандра Гав, а тие пак го споделија со Ивана Трамп и Тим Рот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 минути

Австралиските пожарникари сами собираат средства за квалитетни маски за дишење

Пожарникарите во Нов Јужен Велс, Австралија покренаа итна акција за собирање средства за набавка на подобра безбедносна опрема откако открија...

Македонија2 часа

Објавени аудиоснимки поврзани со „Рекет“: „Не знам, куферот со пари не е кај Заев“

На јутјуб-каналот U6e Big се појавија нови аудиозаписи поврзани со случајот „Рекет“. На нив се слуша глас кој личи на...

Македонија3 часа

По 33 години постоење, згасна охридскиот атлетски маратон

По 33 години постоење, згасна охридскиот атлетски маратон. Ова го потврди досегашниот организатор Пецо Неданов, кој на „Фејсбук“ објави дека...

Свет3 часа

Разбиена мрежа на педофили, снимале силување бебиња, уапсени 33 лица во 11 земји

Заедничката акција на полициските сили во дури 11 држави доведе до апсење 33 лица осомничени за малтретирање деца, прикажување, добивање...

Македонија3 часа

Речиси половина милион жители во нашата држава немаат постојан пристап до храна

Честопати Северна Македонија е ставена на листата со рекордери во загуби на храна и отпад од храна, а истовремено се...

Свет5 часа

Шведска лекарка ја врати Нобеловата награда за мир како протест поради Хандке

Шведската лекарка и писателка Кристина Доктаре, која ја доби Нобеловата награда за мир во 1988 година како членка на мировните...

Свет5 часа

(Видео) Најмалку шест лица загинаа во пукање во Њу Џерси

Најмалку шест лица, меѓу кои и еден полицаец и двајца осомничени вооружени лица, загинаа во повеќечасовно пукање кај гробиштата и...

Регион6 часа

Шестмина мигранти починаа од студ на грчко-турската граница

Шестмина мигранти починаа од студ на грчко-турската граница. Тие се пронајдени во регионот Еврос, на грчко-турската граница, во периодот од...

Македонија18 часа

Владата даде рок до петок – на увид ги бара сите информации за зачувувањето на статусот на УНЕСКО

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за степенот на реализација на препораките на Реактивната мисија на УНЕСКО од 2017 година,...

Македонија18 часа

Предлог-законот за висока раководна служба оди во Собрание

На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, Владата го утврди текстот на предлог – законот за висока раководна...

Свет20 часа

Се подготвува масовен каталонски протест во пресрет на дербито Барселона – Реал Мадрид

Каталонската платформа „Демократско цунами“ ги повика заговорниците за независност на Каталонија за масовни протести по осум дена пред стадионот „Камп...

Регион21 час

Хрватските возачки дозволи во иднина ќе важат и во САД, Канада, Аргентина …

Парламентарците денеска го поздравија пристапувањето на Хрватска во Конвенцијата за патен сообраќај, односно Женевската конвенција, со која ќе се овозможи...

Македонија24 часа

Благајничката на Камчеви: Со обезбедување дојдов во менувачницата, а парите ги претворив во евра

По паузата во Кривичниот суд во Скопје, продожи судењето за предметот „Рекет“, сведочеше благајничката на семејството Камчеви, Мирјана Бошковска. Таа...

Македонија1 ден

„Екосвест“: ТЕЦ „Битола“ ги надминува дозволените вредности за емисии на токсични супстанции

Државите од Западен Балкан ги надминуваат граничните вредности за емисии во воздухот од термоелектраните на јаглен договорени со Енергетската заедница...

Македонија1 ден

Руте: Албанија не е подготвена, а Северна Македонија е поблиску до почнување преговори со ЕУ

Холандија не се спротивставува на проширувањето на ЕУ, рече премиерот на Холандија, Марк Руте, кој верува дека Албанија во моментот...

Македонија1 ден

Камчева: Боки 13 беше како специјален јавен обвинител, тој знаеше сè

Во продолжението на судењето за случајот „Рекет“, сопругата на Орце Камчев, Ана Камчева, рече дека 350 илјади евра за рекет...

Македонија1 ден

(Видео) Сведок во „Еразмус“: Шуклев бараше секс или пари од студентки за преодна оценка

Ексвработениот во бифето на Економскиот факултет, Дејан Трајковиќ, кој е сведок во случајот „Еразмус“, во судницата рече дека професорот Бобек...

Македонија1 ден

(Видео) Заев и Шекеринска: Овој носач на авиони веќе е дел од нашата одбрана

Претседателот на Владата, Зоран Заев, и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, оценија дека сме дел од најмоќната воена и политичка...

Македонија1 ден

(Видео) Камчева: Во стан во Капиштец ми бараа милиони евра за сопругот

Сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана Камчева, го почна сведочењето за случајот „Рекет“. Камчева рече дека на 9 ноември 2018...

Свет1 ден

Ардерн: Има прашања што мора да бидат одговорени, размерите на трагедијата се катастрофални

Премиерката на Нов Зеланд, Џакинда Ардерн, истакна дека има прашања што мора да бидат поставени и одговорени по ерупцијата на...

Досие