Свет
Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд неочекувано пристигна во Израел

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд Карим Кан е во посета на Израел на барање на израелските преживеани од нападот на Хамас на 7 октомври и семејствата на жртвите, објави тој.
„Ерусалим пост“ вечерва објави дека Кан слетал во Израел во неочекувана и неофицијална посета за да се сретне со семејствата на жртвите од нападот на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври.
Кан ќе го посети и Рамалах на окупираниот Западен Брег каде ќе се сретне со високи палестински претставници, соопшти Меѓународниот кривичен суд.
Посетата не е од истражен карактер, туку „можност да се изрази сочувство до сите жртви и да се учествува во дијалогот“, објави Меѓународниот кривичен суд на X, поранешен Твитер.
Кан нема да го посети Појасот Газа, што тој го побара.
Во средата, Кан го посети граничниот премин Рафах меѓу Египет и Појасот Газа за да изврши притисок врз Израел да го ослободи и да го забрза протокот на хуманитарна помош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Стотици луѓе на улиците на Израел: протестираат поради одлуката за продолжување на војната во Газа

Израелската полиција употреби воден топ против демонстрантите кои трет ден по ред протестираа против одлуката на премиерот Бенјамин Нетанјаху да го смени шефот на домашната разузнавачка служба Шин Бет Ронен Бар, а неколку демонстранти беа уапсени, пренесоа светските медиуми.
Израелците протестираат и поради одлуката за продолжување на војната во Појасот Газа, со која беше прекршен двомесечниот прекин на огнот, а Хамас се уште држи 59 израелски заложници.
„Многу сме загрижени бидејќи нашата земја се претвора во диктатура“, изјави Ринат Хадаши (59) во Ерусалим. „Тие ги напуштаат нашите заложници, игнорирајќи се што е важно за оваа земја.
Стотици демонстранти денеска отидоа во официјалната резиденција на премиерот, каде се обидоа да ги пробијат безбедносните кордони и се судрија со полицијата. Планирани се и протести пред воениот штаб во Тел Авив.
Дури и пред војната во Појасот Газа, десетици илјади Израелци учествуваа на редовни протести против напорите на владата да ги ограничи овластувањата на судството.
Од почетокот на војната, има редовни протести на семејствата и поддржувачите на заложниците кои ги држеше Хамас.
Регион
Пленковиќ до Вучиќ: Бараj проблеми на друго место

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во четвртокот во Брисел изјави дека разбира оти во Србија се обидуваат да ги бараат проблемите на друго место, но дека не се во меморандумот за соработка во областа на одбраната, кој го потпишаа Хрватска, Косово и Албанија.
„Тоа е меморандум за заедничка соработка, нема непријателски карактер, затоа разбирам дека сега треба да ги бараме проблемите на друго место, но во овој текст ги нема“, рече Пленковиќ запрашан да ја коментира изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Вучиќ во средата изјави дека ова е кршење на т.н субрегионалниот договор за контрола на оружјето од 1996 година и дека е речиси сигурно дека НАТО не бил информиран за тоа. Пленковиќ додаде дека овој меморандум ги помага напорите на Косово и Албанија во нивните реформи и размена на искуства.
Хрватска, Албанија и Косово потпишаа Декларација за зајакнување на одбранбената соработка, по што Србија најави дека ќе побара итно објаснување од министерствата за надворешни работи на Хрватска и Албанија во врска со потпишаниот документ.
„Тие отворија трка во вооружување во нашиот регион, тоа е тешка ситуација за нас, но ја разбравме нивната порака. Ќе ја спасиме нашата земја, ќе ги одвраќаме и секогаш успешно ќе ја браниме од секој потенцијален агресор, дури и од ваков моќен“, им рече Вучиќ на српските новинари по разговорите во НАТО со генералниот секретар Марко Руте.
Регион
Земјотрес на Крит

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска, четврток, 20 март 2025 година во 18 часот и 27 минути на подрачјето на Крит, Грција.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во област со географски координати од географска ширина 35,56 и географска должина 24,64.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 35 километри под површината на земјата.