Контакт

Свет

Голема акција на Интерпол: Запленети 500 тони лажни лекови во 116 земји

Објавено пред

Во координирани полициски акции, спроведени во 116 земји запленети се 500 тони недозволени фармацевтски производи достапни на интернет.

Запленети биле лажни лекови против рак и против болки, соопшти „Интерпол“.

Како што е наведено, операцијата под името „Pangea XI“ доведе до 859 апсења ширум светот и запленети фармацевтски производи во вредност од околу 14 милиони долари кои се потенцијално опасни, пренесе „Ројтерс“.

„Се фокусиравме на услугите на достава кои ги организираа криминални мрежи и во рамки на операцијата укинати се 3,671 линк, вклучувајќи сајтови, страници на социјалните мрежи и онлајн пазарот“, наведе „Интерпол“.

Ова е втора акција за запленување на лекови што Интерпол ја спорведе месецов.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Црногорските поморци во карантин се закануваат со штрајк со глад

Објавено пред

Црногорските поморци, повеќе од 20, кои се сместени во карантинот Вучје во Никшиќ, се закануваат со штрајк со глад, поради, како што велат, невозможните услови, по тројца во секоја просторија, нивното здравје е загрозено и јадат од подот, пишува подгорички „Дан“.

Морнарите претходно се пожалија на нехуман третман на надлежните за време на транспортот и карантинот.

Офицерот за навигација Радое Џуришиќ, за подгорички „Дневник“ изјави дека секој ден се заклучувани 24 часа на ден во простории каде што не можеле да се движат и да извршуваат основни потреби.

Националното координативно тело не сакаше да ја коментира состојбата на поморците, кои велат дека, покрај лошите услови, никој не се грижи за нивното здравје.

„Баравме и тест за коронавирусот, за што ќе платиме доколку е потребно, но тие го игнорираат сето тоа. Пред две вечери речиси се случи инцидент, кога се обидоа да стават четворица поморци во една просторија. Тие одбија, па дојде интервентна полиција и се закани дека ќе ги уапси“, рече Џуришиќ.

Тој истакна дека веќе размислуваат да започнат штрајк со глад, бидејќи, како што вели, загрозени се нивните основни човекови права.

Прикажи повеќе...

Европа

Германија воведува големи субвенции за набавка на електрични автомобили

Објавено пред

Германија денеска претстави големи стимулации за електрични и хибридни автомобили, овозмужувајќи му на „Фолксваген“ поттик за производство на електрични возила, додека се зголемуваат даноците за спортски теренски возила со мотори со внатрешно согорување.

Поттикот за купувачи на автомобили, кој вклучува и намалување на ДДВ-то од 19% на 16%, е дел од економскиот стимулативен пакет во висина од 130 милијарди евра, чија цел е да се забрза закрепнувањето на Германија од ефектите на коронакризата.

Покрај зголемувањето на високите даноци за возилата што испуштаат големи количини јаглерод диоксид (СО2), што влијае на спортските теренски возила, Германија одобри субвенции од 6.000 евра за електрични автомобили со батерии, кои чинат помалку од 40.000 евра. Ова покренува субвенции за електрични автомобили и до 9.000 евра, доколку се вклулат и субвенциите од 3.000 евра кои производителите ги нудат за вакви возила.

Сепак, прагот од 40.000 евра значи дека производителите на луксузни автомобили како БМВ, Мерцедес, па дури и Тесла не ги исполнуваат условите за целосниот износ.

Германија веќе објави дека нејзиниот данок на моторни возила ќе претрпи измени. Од јануари 2021 година, сопствениците на автомобили со емисии повисоки од 95 грама CO2 на километар, ќе се соочат со високи даноци.

Просечната емисија на новите автомобили минатата година во Германија изнесувала околу 150,9 грама СО2 по километар.

Прикажи повеќе...

Свет

Тропската бура Кристобал предизвика поплави во Мексико

Објавено пред

Тропската бура Кристобал предизвика големи врнежи од дожд и поплави кои се опасни по живот во делови на Мексико, но според предвидувањата, може да се претвори во тропска депресија во следните неколку часа, објави американскиот Центар за урагани.

Кристобал, со налети на ветер од 75 километри на час го погоди брегот на Мексико на 35 километри од Сиудад дел Кармен, пренесува „Ројтерс“.

Како што соопшти Центарот, се очекува бурата повторно да зајакнува во следните денови.

Мексиканската армија евакуираше 138 лица во Кампече поради поплавите кои ги загрозија куќите, а полицијата предупреди дека патиштата се поплавени, пренесува АП.

Кристобал е формиран од остатоците од тропската бура Аманда, која ја погоди Централна Америка и однесе најмалку 22 животи во Ел Салвадор и Гватемала.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Најголем дел од заболените во Скопје се од Чаир

Најголем број од активните случаи на коронавирус во Скопје се од Чаир, по што следат Сарај, Аеродром, Бутел и Гази...

Регион2 часа

(Видео) Нереди на протест во Атина за смртта на Џорџ Флојд – употребени молотови коктели и солзавец

Грчката полиција употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои фрлале молотови коктели за време на протестот што се одржа...

Свет3 часа

СЗО продолжува со тестирање на лекот против маларија кај пациенти со Ковид-19

Светската здравствена организација ќе продолжи со тестирање на хидроксихлорокинот како потенцијален лек против коронавирусот, изјави директорот на СЗО, Тедрос Аданом...

Свет3 часа

(Видео) Чувар прободел 37 деца и тројца возрасни во градинка во Кина

Најмалку 40 лица се повредени во напад со нож на југот на Кина, јавуваат кинеските државни медиуми. АП наведува дека...

Свет3 часа

Џорџ Флојд имал коронавирус

Обдукцијата покажала дека убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд бил позитивен на коронавирус, објави Си-ен-ен. Главниот медицински инспектор Ендру Бејкер изјавил дека...

Македонија4 часа

Мицкоски призна дека бил во кафеaна, не знаел дека е забрането да се седи внатре

Откако Државниот пазарен инспекторат вчера објави дека инспекторите биле спречени да извршат надзор во кафеана во Дебар маало, а после...

Македонија14 часа

(Видео) Инспектори биле спречени да направат надзор во кафеана, внатре бил лидер на политичка партија

Вработени во угостителски објект на Боемската улица во Дебар Маало не им дозволиле на инспекторите од Пазарниот инспекторат да извршат...

Македонија15 часа

Филипче: Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега

Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега. Вирусот нема да...

Македонија16 часа

Владата донесе одлука за повторно воведување полициски час

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести за повторно воведување полициски час за време на претстојниот продолжен викенд...

Топ20 часа

Приведени седум полицајци во Куклица, правеле забава без да ги почитуваат мерките

Седум полициски службеници, кои не биле на должност, биле приведени затоа што правеле забава, без да ги почитуваат мерките против...

Македонија20 часа

И со негативен тест задолжителен е 14-дневен карантин по влез во земјата

Министерството за внатрешни работи соопшти дека при влез на наши граѓани во земјата, како и на странци, но само со...

Економија22 часа

Граѓаните на интернет ќе треба да проверат дали се меѓу корисниците на домашната платежна картичка

Граѓаните кои ќе бидат корисници на домашната платежна картичка нема потреба да аплицираат или да се пријават за да ја...

Македонија23 часа

Османи во Штип: Во компаниите ќе има ковид-координатори кои ќе го следат спроведувањето на мерките

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на главен координатор на кризните штабови за одбрана од Ковид-19, оствари...

Македонија23 часа

Четворица починати и 101 случај на новозаразени од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на Ковид-19, информираат од Минитерството за...

Свет1 ден

Тајна снимка на СЗО откри како Кина го прикрила коронавирусот

Снимки од интерни состаноци во Светската здравствена организација покажале дека СЗО едвај ги добила најпотребните информации од Кина на почетокот...

Европа1 ден

Главниот шведски епидемиолог призна дека од денешен аспект би имал друг пристап кон пандемијата

Главниот шведски епидемиолог, кој стои зад стратегијата земјата да не применува строги мерки поради пандемијата на коронавирусот, призна дека требало...

Свет1 ден

(Видео) Бајден: Полицијата треба да пука во нозе

Полицајците кои пукаат во луѓето кои претставуваат закана треба да им пукаат во нозете, а не во срцето, соопшти поранешниот...

Свет1 ден

Војска распоредена околу Вашингтон, трупите се во состојба на засилена готовност

Околу 1.600 американски војници се распоредени во пошироката област на Вашингтон и се во состојба на засилена подготвеност, објави Пентагон...

Европа1 ден

По тримесечната блокада, Италијанците од денеска може да патуваат низ земјата

Италија денеска ги отвори регионалните граници по тримесечна блокада поради пандемијата, со што е овозможена поголема слобода на движење за...

Регион2 дена

Црна Гора прогласи крај на епидемијата

Националното координативно тело за заразни болести, по предлог на Институтот за јавно здравје, прогласи крај на епидемијата на Ковид-19 во...

Досие