Европа
Голема колона руски воени возила се движи во правец на Донбас

Видео што кружи на социјалните мрежи покажува голем конвој руски воени возила во близина на Матвев Курган, село во руската област Ростовска. Географската локација на видеото ја утврди Си-ен-ен.
Како што се наведува, возилата се движат кон северозапад, во правец на регионот Донбас.
Висок украински функционер вчера изјави дека руската офанзива веќе почнала во украинскиот регион Донбас предупредувајќи дека Русија продолжува да акумулира сили во регионот.
„Од моја гледна точка, големата офанзива на истокот веќе почна. Мора да разбереме дека нема да има повторувања на 24 февруари кога почнаа првите воздушни напади и експлозии, а ние рековме: ‘Војната почна. Големата офанзива веќе почна’“, рече Вадим Денисенко на националната телевизија.
Украинските и западните власти во последните денови предупредија дека забележале прегрупирање на руските трупи во Донбас откога руските сили наишле на голем отпор при обидот да го заземат Киев.
„Да, сѐ уште нема големи борби за што многу се зборуваше во последните неколку дена. Но, генерално, би можеле да кажеме дека офанзивата веќе почна“, рече Денисенко.
The 🇷🇺 Russian convoy is assembling to the Donbass, you even see the flag of the Russian Empire flying in the 19th century 🙈, how evil! This exposed the dictator's ambitions. pic.twitter.com/AkF4LoXyef
— Caesar (@Ninja998998) April 12, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кипар од 1 јуни ќе ги укине сите мерки за корона

Кипар ќе ги укине сите ограничувања за коронавирусот од 1 јуни, соопштија денеска властите во Никозија.
Нема да бидат потребни повеќе сертификати или тестови за вакцинација, а владата одлучи да ја укине обврската за носење маски за лице во сите затворени простори, освен во болниците, домовите за стари лица и другите затворени медицински установи, од 1 јуни, пренесува АП.
Европа
Кадиров: Полска може да биде следна

Лидерот на руската јужна провинција Чеченија, Рамзан Кадиров, кој е поддржан од Кремљ, објави видео во кое предупредува дека Полска би можела да биде следна по Украина, пренесува Бета.
Во видеото што го објави на својата страница на Телеграм, Кадиров рече дека Украина е „завршена работа“.
Полска, која граничи со Украина, од почетокот на руската инвазија на Украина и испраќа оружје и друга помош и досега прими милиони украински бегалци.
Кадиров потоа го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски „конечно да се вразуми“ и да ги прифати условите понудени од рускиот претседател Владимир Путин.
Кадиров постојано ги користеше социјалните мрежи за да се пофали со наводните настапи на чеченските борци против украинските војници и да дава други непотврдени изјави за војната во Украина, пренесе „Бета“.
Европа
Кулеба: Пристигнува уште тешко оружје од САД

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска по телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен соопшти дека во Украина пристигнува уште тешко оружје.
Тешкото оружје е на врвот на агендата на Киев и ни доаѓаат повеќе испораки“, напиша Кулеба на Твитер.
Досега Вашингтон одбиваше да испорача напредни повеќекратни ракетни системи со долг дострел на Украина поради страв дека тие би можеле да бидат искористени за напад на руска територија, што би го ескалирало конфликтот, пренесе „Танјуг“.