Свет
Голема потрага по шестгодишно девојче во Лондон
Вчера, во Лондон исчезна шестгодишното девојче Ејдин, соопшти британската полиција.
Девојчето има шест години. Таа исчезна во Гринвич, југоисточен Лондон.
Полицијата соопшти дека е крајно загрижена за малото девојче.
Малата Ејдин била пријавена за исчезната вчера во 22.40 часот по локално време, но последен пат била видена порано, околу пладне, кога надзорните камери ја фатиле сама на улицата во Дефенс Клоус, Темзмид.
Полицијата апелира до жителите веднаш да стапат во контакт со нив доколку имаат информации за тоа каде се наоѓа.
„Ако живеете во или во близина на Темзмид, ве молиме, проверете ги градините, бараките и заклучените области, како и секоја снимка од видеонадзорот“, соопшти полицијата.
Ејдин е облечена во светлорозови пижами и носи бела чанта на рамото со дизајн на маргаритка.
„Ние сме крајно загрижени за нејзината благосостојба и полицајците спроведуваат итни увиди за нејзино лоцирање“, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден апелираше до Конгресот да го продолжи рокот Украина да искористи 5,8 милијарди долари воена помош
Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден побара од Конгресот да го продолжи претседателското овластување за повлекување средства (ПДА) до 2025 година.
Со тоа ќе бидат достапни околу 5,9 милијарди долари за воена помош за Украина по крајот на фискалната година на 30 септември, пишува „Д Хил“.
Белата куќа побара континуираното финансирање да биде вклучено во резолуцијата понудена од претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон. Овие средства истекуваат на крајот на овој месец.
Донесувањето на одлуката на американскиот Конгрес за продолжување на ПДА во износ од 5,8 милијарди долари ќе и овозможи на Белата куќа да продолжи да испраќа воена помош за Украина неколку пати месечно.
Свет
Зеленски: Секое одложување на воената помош има негативни последици на фронтот
Секоја навремена и брза испорака на воени пакети во Украина има позитивен ефект на фронтот, а секое одложување води кон негативни последици, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на средба со делегација американски конгресмени.
„Секое доцнење на воените испораки има свои негативни последици на фронтот. Ги информирав американските конгресмени за актуелната состојба и перспективите“, нагласи Зеленски во вечерашното обраќање до нацијата, пренесува Укринформ.
Според Зеленски, клучно е сите, особено земјите како Соединетите Американски Држави, брзо да ги спроведат потпишаните договори.
„Важно е на сите нивоа партнерите да бидат целосно информирани за нашите потреби, за нашите позиции“, нагласи претседателот на Украина.
Тој апелираше до американскиот претседател Џо Бајден и американскиот Конгрес за двопартиска поддршка од почетокот на војната.
„Ви благодариме што донесовте многу важен закон во Конгресот. Се надевам дека сето тоа ќе стигне до Украина што е можно поскоро и ќе ја зајакне нашата армија. И ние сме им благодарни на сите Американци што ја поддржуваат нашата земја“, рече Зеленски.
Тој потсети дека во блиска иднина планира лично да му го претстави планот за победа на Украина на американскиот претседател Џо Бајден и на претседателските кандидати на Републиканската и Демократската партија.
Како што изјави Зеленски, на средбата се разговарало за клучните области на натамошната американска помош во областа на безбедноста и одбраната.
„Приоритет е да се добијат дополнителни системи за противвоздушна одбрана, ракети за нив и дозвола за употреба на оружје со долг дострел за воени цели на територијата на Руската Федерација“, заклучи претседателот на Украина.
Свет
(Видео) Орбан го возеше Шварценегер во теретана, познатиот актер и унгарскиот премиер си разменија и книги
Унгарскиот премиер Виктор Орбан на Фејсбук објави видео на кое го вози американскиот актер и поранешен гувернер на Калифорнија Арнолд Шварценегер во фитнес центар во Будимпешта, шегувајќи се дека туристите во градот повеќе ја знаат американската ѕвезда од него.
На видеото се гледа како Шварценегер го возат до зградата на унгарската влада, а потоа тој и Орбан пријателски се поздравуваат, разменуваат книги со посвети, а актерот се фотографира на масата во кабинетот на унгарскиот премиер. После тоа одат во теретана, а зад воланот бил самиот Орбан.
„Сега забележаа кој си. Тие не знаат кој сум јас, бидејќи странците те знаат тебе, а не мене. Не знаат кој сум, но тебе те препознаа“, рече Орбан додека автомобилот минуваше покрај туристичкото шеталиште.
Орбан претходно објави фотографија од заеднички тренинг со Шварценегер во фитнес центар во Будимпешта.
„Ја оставив маицата за тренинг дома, но тренерот немаше милост“, напиша Орбан на Фејсбук.
Шварценегер го посети истиот фитнес центар во 2018 година на снимањето на „Терминатор: Темна судбина“ во Будимпешта.