Контакт

Вести

Големи дождови и поплави ја погодија Калифорнија и сушната Невада

Објавено пред

 

Големо невреме ја погоди сојузната американска држава Калифорнија во северниот дел и сушната Невада, при што предизвика излевање на реките и паѓање на дрвја, евакуирани се жители, затворени училишта и патишта, а издадени се предупредувања за опасни лизгања на земјиште и одрони од планините.

Некои скијачки центри во калифорнискиот планински венец Сиера Невада затворени се и во вторник поради страв од лавини и прекин на струјата, а метеоролозите најавуваат дека доаѓа уште снег и дожд.

Кај градот Рино во Невада, националната гарда со амфибии им помагаше на жителите да се евакуираат.

За време на викендот дрвја паѓаа врз автомобили и куќи, блокираа патишта во заливот Сан Франциско, а спасувачите извлекуваа луѓе од автомобили на поплавените патишта.
Една жена загина во саботата кога врз неа паднало дрво додека шетала по голф-терен. Во познатата калифорниска винска област Напа реката ги поплави лозјата.
Реките во долината Сонома северно од Сан Франциско и во Рино, Невада исто така се излеаја, а надлежните велат дека со денови може да бидат со високо ниво на водостој.
Најтешко погодена област е индустрискиот кварт со магацини во градот Спаркс покрај Рино.

Главен приоритет на властите им е да ги направат патиштата проодни и евакуираните граѓани да се вратат дома.

Еден жител на Спаркс вели дека не очекувал толку дожд во Невада, земја во која годишно паѓаат 20 сантиметри дожд.

Евакуирани се околу 1.300 жители од 400 куќи, во Рино, каде реката Траки се излеа.
Училиштата во Окригот Сонома се затворени, каде исто така луѓето се евакуирани, а илјадници домаќинства останаа без струја.

Јужно, поблиску до Лос Анџелес, возачите се предупредени од можни поплави и лизгање на земјиште во планините.

Во Калифонискиот државен парк, паднала џиновска секвоја, позната по огромниот тунел за запрежни коли, просечен во неа пред половина век, јави San Francisko Chronicle.
Двата главни автопата во планинскиот венец Сиера Невада делумно се затворени поради одрони, а патиштата кои водат до Националниот парк Јосемити се затворени поради страв дека може да се излее реката Мерсед./крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Спорт6 часа

(Видео) Франција за 14 минути ја прегази Белгија, Италија уште еднаш ја совлада Турција

Репрезентацијата на Франција ја победи Белгија во натпреварот од четвртото коло од Групата 1 од елитната А дивизија на Лигата...

Спорт7 часа

(Видео) Медведев: Ужасно се чувствувам, сакам лично да му се извинам на човекот

Данил Медведев се огласи по неговата дисквалификација во полуфиналето во Пекинг против Новак Ѓоковиќ и истакна дека е многу повеќе...

Спорт7 часа

Валтери Ботас од Малезија до Сингапур патува со велосипед

Трките во Малезија и Сингапур се сметаат за меѓу физички напорните во календарот на Формула 1, но тоа не е...

Регион7 часа

Солзавец пред Собранието во Приштина, демонстрантите не им дозволуваа на пратениците да излезат

Косовската полиција вечерва употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои го блокираа Собранието во Приштина и не им дозволуваа...

Спорт7 часа

Топ 10 најплатени тренери во светот: Карло Анчелоти ја предводи листата

Карло Анчелоти, предводникот на Бразил е најплатениот селектор во светот на фудбалот. Како што објавија светските медиуми и специјализираните портали,...

Свет7 часа

(Видео) Се урна воен авион со 32 лица во Нигерија

Воен авион со 32 лица денеска се урна во јужниот дел на Нигерија, а засега нема информации за евентуални жртви,...

Свет8 часа

Иранскиот претседател: Нема смисла да преговараме со САД додека ни се закануваат

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека преговорите со Соединетите Американски Држави немаат смисла, за време на средбата со ерменскиот...

Забава8 часа

Сем Алтман предупредува: Не ѝ припишувајте религиска моќ на вештачката интелигенција

Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, јавно предупреди дека луѓето не треба да ѝ припишуваат религиска моќ на вештачката интелигенција...

Регион9 часа

(Видео) Австриски јутјубери влегле на воен аеродром во Србија и се качувале по авиони

Двајца австриски јутјубери објавија видео за кое тврдат дека го прикажува нивното неовластено влегување во воениот аеродром „Полковник-пилот Миленко Павловиќ“...