Контакт

Свет

Голем скок на бројот на заболени од треска во Северна Кореја

Објавено пред

Северна Кореја пријави голем скок на бројот на заразени со болеста, за која се верува дека е ковид, апелирајќи до граѓаните да се држат до „корисните здравствени навики“.

dobivaj vesti na viber

Припадниците на армијата се ангажирани да дистрибуираат лекови на луѓето, пренесува АП.

Државните медиуми објавија дека севернокорејскиот кризен штаб пријавил уште 269.510 лица со „треска“, а шест лица починале. Со последните смртни случаи, бројот на починати од крајот на април кога се појави „треската“ сега е 56.

Пјонгјанг ја пријави својата прва инфекција со ковид минатиот четврток.

На оваа азиска земја со 26 милиони жители ѝ недостигаат тестови за потврдување на инфекции со коронавирус во голем број, а во извештајот на антивирусниот штаб не е наведено колку случаи на треска всушност се ковид.

Бројот на пациенти, додава АП, е секако поголем отколку што велат официјалните податоци за треска, со оглед на недостигот на тестови и ресурси за следење на болеста и лекување на пациентите. Одговорот на Северна Кореја на вирусот во голема мера е да ги изолира луѓето со симптоми во засолништа, а до денес најмалку 663.910 луѓе се ставени во карантин.

Покрај недостигот на вакцини, на Пјонгјанг му недостасуваат и антивирусни лекови и единици за интензивна нега.

АП наведува дека некои експерти се сомневаат дека Северна Кореја го намалува бројот на починати за да го намали ударот врз угледот на лидерот на Ким Џонг-ун. Аналитичарите додаваат дека можно е и да се намалува бројот на пријавени случаи на треска, бидејќи службениците се плашат од казна или пациентите не сакаат да пријават симптоми, бидејќи се плашат од строги карантински мерки.

Свет

Уште еден смртоносен напад на ајкула во Хургада, втората жртва е Романка

Објавено пред

Откако Австријката Елизабет Скваер (68) почина по стравичниот напад на ајкула во египетското летувалиште Хургада, австрискиот портал „Haute” денеска пишува за нов напад во близина на Хургада, при што животот го загубила уште една жена.

dobivaj vesti na viber

Веста ја потврдиле од египетското Министерство за заштита на животната средина. Вториов напад се случил на само 500 метри од местото каде Скваер била нападната.

Според информациите, втората жртва е Романка.

Ресорното министерство покренало истрага за инцидентите, ја затворило плажата, а преку соопштение информираат дека водените спортови одреден нема да бидат дозволени.

Ќе биде формирана комисија која ќе ги испита нападите и причините за нив.

Прикажи повеќе...

Регион

Јоксимовиќ: Кога Србија ќе влезе во ЕУ, ќе мора да воведе санкции за Русија

Објавено пред

Јадранка Јоксимовиќ – српската министерка за евроинтеграции изјави дека кога Србија ќе стане членка на ЕУ ќе мора да се усогласи со политиката на ЕУ во однос на воведувањето санкции против Русија.

dobivaj vesti na viber

„Единството на сите во ЕУ и меѓу кандидатите е инструмент што ја ослабува Русија, бидејќи се избегнува глобален конфликт што би го одвел светот во колапс“ – изјави Јоксимовиќ во интервју за српски „Курир“.

Таа смета дека новата Влада ќе ги забрза реформите и европскиот пат на Србија.

„Во текот на следната година ќе го имаме подготвено кластерот два – внатрешен пазар и пет – кохезија, ресурси и земјоделство. Кластерот три – инклузивен раст и конкурентност е веќе подготвен, а кластерот еден – владеење на правото и четири – зелена агенда и одржливо поврзување се веќе отворени. Останува кластерот шест во однос на заедничката надворешна и безбедносна политика“ рече Јоксимовиќ и додава дека „Србија според старата методологија на ЕУ поминала половина од преговарачката работа, а според новата Србија е единствената што ги забрзала преговорите“.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Медведев: Европејците повеќе не сакаат Украинци, уморни се од нив

Објавено пред

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, оценил дека „љубовта“ на Европејците кон Украинците пука, пишуваат медиумите во регионот.

dobivaj vesti na viber

„Се чини дека возбудливата љубовна приказна на Европејците и Украинците е при крај. Европејците повеќе не сакаат Украинци, уморни се од нив. Гневните Полјаци се потсетија на нивниот луд национализам. Тие гласно потсетуваат на речиси четири милиони Украинци, кои се населиле во нивната земја, дека се во Полска“, напишал Медведев на својот канал „Телеграм“.

Како што пренесува Спутник, тој додал дека „слични процеси се случуваат и во други европски земји, кои започнале „љубовни игри“ со Киев“.

„Избледените чувства нема повторно да разгорат никакви ветувања за иден не толку близок и нерамноправен брак“, протолкувал Медведев.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Димитров: Со францускиот предлог Албанија е слободна да си оди напред, а Северна Македонија е таа што е изолирана

Поранешниот министер за надворешни работи од СДСМ и еден од потписниците на Преспанскиот договор – Никола Димитров на Фејсбук детално...

Македонија3 часа

(Видео) Ковачевски: Сметам дека сите пратеници треба да го прифатат менувањето на Уставот

Премиерот Димитар Ковачевски за трите предлози на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не одговори конкретно дали ги отфрла, но посочи...

Македонија3 часа

(Видео) Мицкоски: Му понудив на Ковачевски да го отфрли предлогот, а јас да се повлечам од барање предвремени избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски понудил три решенија за францускиот предлог. Тој не добил никаков одговор на барањата од премиерот...

Македонија5 часа

(Видео) Францускиот предлог прифатлив за Пендаровски

Шефот на државата, Стево Пендаровски кажа дека предлогот од Франција за него е прифатлив. Според него, тој е транзиционен и...

Политика5 часа

Османи до Димовски: Наше е сега дали ќе се одлучиме да го затвориме прашањето за јазикот во ЕУ, еднаш засекогаш

Не се отворените писма начин, но еве нека биде тоа почеток, напиша министерот за надворешни работи Бујар Османи на социјалните...

Македонија7 часа

ВМРО-Народна: Ако нешто е јасно во договорот тоа е дека македонскиот јазик е кристално чисто дефиниран

ВМРО-Народна партија ги разбира сите оние кои се против францускиот предлог и против напредокот на Македонија на европскиот пат, велат...

Македонија8 часа

Илија Димовски до Османи: Замисли Бујар некој да те пристиска да потпишеш дека Ѓерг Кастриот е Србин

Членот и поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски со отворено писмо до министерот за надворешни работи Бујар Османи...

Македонија10 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот кажа масовно НЕ на ултиматуми, денес повторно протест пред Влада

Вчера граѓаните масовно јасно и гласно кажаа НЕ БЛАГОДАРАМ на ултиматуми и диктати содржани во Предлогот кој Владата на Ковачевски...

Македонија11 час

СДСМ: Пред нас е предлог со чист македонски јазик, Мицкоски само сака да и наштети на државата

Предлогот на француското претседателство е јавно објавен и граѓаните јасно можат да видат се, велат од СДСМ. Она што е...

Европа11 час

Лукашенко до Западот: Ако се осмелите да не нападнете, одговорот ќе биде моментален

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, говорејќи пред Денот на независноста на Белорусија, изјавил дека им наредил на своите вооружени сили...

Македонија12 часа

Ковачевски на средба со Мицкоски за предлогот на француското претседателство

Во рамки на широката консултација која започна да се реализира веднаш по добивањето на европскиот предлог, премиерот Димитар Ковачевски, денеска...

Македонија12 часа

Седница на Советот за безбедност за францускиот предлог

Денеска како што е соопштено во Кабинетот на претседателот ќе се одржи седница на Советот за безбедност. На дневен ред...

Македонија22 часа

Асен Василев: „За македонското прашање си ја завршивме работата“

„Ние ја завршивме нашата работа за македонското прашање“, изјави во Бугарија Асен Василев, кандидатот за премиер од „Продолжуваме со промената“,...

Македонија24 часа

„Партизаните не преговараат со фашисти“, пред Владата се бараше „Не“ за францускиот предлог

Со пароли „Македонија“ „Фашисти“, „Уа“, „Не за ЕУ“, „У-а“, „Предавници“ граѓаните пред Владата бараа да се отфрли францускиот предлог. Тие...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Македонија се буди а оние кои сакаат со потпис да стават крај, ќе стават

“Овде нема партија, овде е само Македонија“, порача вечерва од митингот на ВМРО-ДПМНЕ лидерот на партијата Христијан Мицкоски. „Она кое...

Македонија1 ден

Маричиќ: Имаме шанса за европска интеграција со чист македонски јазик и идентитет, без никакви условувања

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на својот Фејсбук профил напиша дека со францускиот предлог имаме...

Македонија1 ден

Ковачевски: Се појавија многу лаги и шпекулации врзани со францускиот предлог

Се појавија многу лаги и шпекулации врзани со францускиот предлог, напиша на Фејсбук премиерот Димитар Коавечвски. „Сакам да бидам кристално...

Македонија1 ден

Иванов: Македонскиот народ повторно е сведок на национално предавство

Поранешниот македонски претседател – Ѓорге Иванов повика да се отфрли францускиот предлог за кој смета дека е дел од подли...

Македонија1 ден

Османи: Лага е дека има фуснота за јазикот, ако не прифатиме илјадници ќе заминат, ќе има меѓуетнички тензии

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи тврди дека е лага за постоењето фуснота за македонскиот јазик во францускиот предлог и...

Македонија1 ден

ВМРО-НП: Во францускиот предлог нема ништо што го загрозува македонскиот јазик и идентитет

„ВМРО-Народна партија ја анализираше најновата и изменета верзија на „францускиот предлог“, и оценува дека во него нема ништо што го...