Контакт

Свет

Голем шумски пожар ја зафати ,,мртвата зона” во Чернобил

Објавено пред

Голем пожар избувна во чернобилската Зона на исклученост, местото на најлошата нуклеарна катастрофа во историјата на човештвото, на околу 20 километри од нуклеарната централа, пренесува РТ.

Пожарот во т.н. „мртва зона на Чернобил во Северна Украина почнал во неделата, кога се запалила сува трева, соопшти украинската служба за итни случаи, а подоцна се проширил во шумата што се протега на пет хектари во близина на напуштеното село Бички на околу 24 км од оштетениот нуклеарен реактор.

Три возила за противпожарна заштита и 18 членови на екипажот за итни случаи беа испратени за да се справат со пожарот, според изјавата на службата за итни случаи.

Зона на исклученост во Чернобил, област што е многу загадена од катастрофата, постојано е сведок на пожари во последниве години. Голем пожар избувна таму во јуни 2018 година. Уште еден пожар, кој изгоре 25 хектари земјиште, го погоди во 2017 година.

Иако согорувањето на веројатно радиоактивните дрвја и грмушки може да ослободи некои опасни продукти на согорување во атмосферата, во изјавата издадена од украинските официјални лица засега нема споменато такви ризици.

Чернобил стана местото на една од најголемите нуклеарни катастрофи во историјата, кога локален реактор за електрична енергија за време на тестирањето на безбедносниот систем експлодираше на 26 април 1986 година, што доведе до масовно загадување на околината и пошироко.

Катастрофалната експлозија ослободи 400 пати повеќе радиоактивен материјал од атомската бомба фрлена во Хирошима на крајот од Втората светска војна.

Тешко оштетениот реактор беше запечатен со заштитен „саркофаг” од челик и бетон, а од блискиот град Припјат беа евакуирани 50 000 жители. Радиоактивниот облак прекри голем дел од Европа по катастрофата.

Денес Припјат е град на духови, а загадената област од околу 30 км околу реакторот е претворена во забранета зона што со години е затворена за посетители.

Европа

Џонсон и Ердоган разговараа за Сирија

Објавено пред

Британскиот премиер Борис Џонсон и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изразија желба да се сретнат со германските и француските лидери за да разговараат за воената операција на Турција во северна Сирија.

Кабинетот на Џонсон соопшти дека британскиот премиер и Ердоган „се согласиле да побараат можност да се сретнат со францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел за да разговараат за актуелната состојба, како и за миграцијата и борбата против тероризмот“.

Прекинот на огнот стапи на сила во четвртокот вечер за да можат Курдите да се повлечат од североисточна Сирија и треба да трае до вторник.

Прикажи повеќе...

Свет

Турската војска воспостави контрола над сирискиот град Рас ал-Ајин

Објавено пред

Турската војска денеска воспостави контрола над сирискиот пограничен град Рас ал-Ајин, пренесуваат медиумите.

Турските трупи и опозициските единици кои се борат против сириската армија влегоа во Рас ал-Ајин, откако единиците на коалицијата на Сириските демократски сили се повлекоа од градот.

Претходно, Демократските сили, формирани околу курдските вооружени групи, започнаа да се повлекуваат од Рас ај – Ајин, како што беше договорено со САД, пренесе „ТАСС“.

Анкара не се откажува од воспоставувањето „безбедносна зона“ во северните региони на Сирија, долж границата, каде бегалците од Турција би можеле да се вратат.

САД и Турција постигнаа договор да ја прекинат борбената операција на 17 октомври за период од 120 часа за да им се овозможи на курдските единици на Сириските демократски сили да имаат време да ја напуштат пограничната „безбедносна зона“.

Прикажи повеќе...

Европа

Eвакуирани 4.000 луѓе во Италија поради бомба од Втората светска војна

Објавено пред

Италијанските власти евакуираа 4.000 луѓе од центарот на северниот град Болцано поради деактивирање на авионска бомба од Втората светска војна.

Бомбата е деактивирана утрово за време на тричасовна операција, по што повторно е отворен центарот на градот, како и автопатот и железничката линија што ја поврзува Италија со Австрија и Германија.

Во Втората светска војна градот Болцано претрпел 13 бомбардирања, при што загинале 200 луѓе, а 60 отсто од градот бил оштетен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

Заев: Предвремени избори на 12 април

Дванаесетти април идната година е датумот на кој ќе се одржат предвремените избори, изјави претседателот на СДСМ и премиер, Зоран...

Македонија2 часа

Пендаровски: Имаме државен консензус за ЕУ, не размислуваме за алтернатива

Имаме јасен државен консензус, а тоа е дека Република Северна Македонија треба што поскоро да ги почне преговорите со Европската...

Македонија2 часа

Вечерва средба на Заев со коалициските партнери

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вечерва по завршувањето на лидерската средба, во 20 часот ќе оствари и средба со лидерите...

Топ4 часа

Стружанец пијан паднал од балкон и починал

Педесет и осумгодишен стружанец доцна синоќа починал по пад од незаграден балкон во неговиот дом. МВР соопшти дека мажот бил...

Македонија4 часа

(Видео) Лидерите пристигнаа на средба кај Пендаровски

Лидерите на политичките партии попладнево пристигнаа во вилата Водно, каде почна лидерската средба. Средбата ја свика претседателот Стево Пендаровски откако...

Топ4 часа

Мајка и ќерка нападнати од малолетници во автобус

Мајка и нејзината малолетна ќерка вчера биле физички нападнати од група на малолетни лица во автобус со бројот 21, што сообраќајл...

Македонија7 часа

Обвинителството ги демантира пишувањата на весникот „Ла Верита“

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најостро ги демантира наводите изнесени денеска во италијанскиот весник „Ла...

Македонија9 часа

Следниот викенд почнува зимското сметање на времето

Ноќта сабота кон недела (26-ти и 27-ми октомври) часовниците треба да се вратат за еден час наназад. Поточно, во 3...

Македонија9 часа

Пановски: „Ла Верита“ пишува глупости, Заев не барал одмрзнување на 750.000 евра

Обвинителот во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал, Наум Пановски ги демантира пишувањата на италијанскиот весник „Ла Верита“ за инволвираност...

Свет10 часа

(Видео) Тестиран првиот лет во историјата од Њујорк до Сиднеј без прекин

Авион на австралискиот авиопревозник по 19 часа и 16 минути лет, утрово успешно слета во Сиднеј. Тоа беше прв нон-стоп...

Свет11 час

Трамп ја повлече одлуката самитот на Г7 да се одржи во неговиот хотел на Флорида

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече одлуката следниот амит на Г7 да се одржи во неговиот хотел „Дорал“ во близина...

Свет11 час

Турција планира да врати два милиони бегалци во Сирија

Портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, изјави дека Турција сака силите на сириската Влада да се повлечат од пограничното подрачје,...

Македонија11 час

Лидерите на средба кај Пендаровски за предвремени парламентарни избори

Лидерите на најголемите политички партии денеска попладне во вила Водно ќе имаат лидерска средба, на која повика претседателот Стево Пендаровски...

Свет11 час

Туск доби писмо од Џонсон за одлагање на брегзит

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск потврди дека синоќа добил писмо од британскиот премиер Борис Џонсон во кое се бара...

Свет12 часа

Во Барселона повторно судири меѓу полицијата и демонстрантите

Во Барселона синоќа продолжија судирите помеѓу полицијата и демонстрантите, откако Мадрид го одби барањето на каталонскиот лидер, Квим Тора, кој...

Свет1 ден

Турција ги предупреди САД: Исполнете ги своите обврски или ја обновуваме операцијата во Сирија

Турскиот министер за одбрана, Хилуси Акар изјави дека турската војска е подготвена да ја обнови операцијата „Извор на мир“ во...

Свет1 ден

Џонсон: Предлог законот за брегзит ќе го испратам во парламентот идната недела

Британскиот премиер Бори Џонсон им порача на пратениците дека од Брисел нема да бара ново одлагање. Тој треба да побара...

Свет1 ден

Одложено конечното решавање на брегзит

Британските пратеници усвоиjа амандман со кој се бара одложување на гласањето за договорот за брегзит. За одлуката за пролонгирање на...

Топ1 ден

Во стан во Карпош пронајден мртов маж

Во стан на ул.„Вич“ во скопската населба Карпош, вчера утрото бил пронајден починат 54-годишнен маж, М.Ш., соопшти МВР. По наредба...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Очекувам да се договориме за избори, ако Заев не се премисли

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека очекува утре на лидерската средба да биде постигнат договор за предвремени парламентарни избори,...

Досие