Свет
Градоначалникот на Њујорк го скрати буџетот за бездомниците

Бездомници кои живеат на улиците на Њујорк се препуштени сами на себе на студот и без контрола, поради одлуката на градоначаникот Бил де Бласио.
Тој за една милијарда долари го намалил буџетот на единицата на њујоршката полиција за помош на бездомниците, дознава „Њујорк пост“.
Близу 2.500 жалби од 311 бездомници на кои очајнички им е потребна помош или предизвикуваат проблеми, се отфрлени без никакви акции од полицијата, која веќе нема овластувања да реагира, се наведува во официјалните пдоатоци до кои дошол „Њујорк пост“.
Пред де Бласио да одземе 4,5 милиони долари од буџетот од единиците за бездомници, просечниот број на жалби бил 79. Но по намалувањето на буџетот, бројот на жалбите се зголемил за над 550 проценти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ентони Блинкен е нов државен секретар на САД

Американскиот Сенат го потврди изборот на Ентони Блинкен за нов државен секретар на САД.
Досега оваа функција ја извршуваше Мајк Помпео.
58-годишниот Блинкен веќе работел во Стејт департментот како заменик државен секретар и заменик советник за национална безбедност во администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама и има блиски врски со Бајден.
Тој исто така служел на Советот за национална безбедност во администрацијата на Бил Клинтон, пред да стане началник на канцеларијата на Комисијата за надворешни работи на американскиот Сенат, кога Бајден бил на чело на истата, а кратко време работел и како советник за безбедност во времето кога Бајден беше потпретседател на САД.
Свет
Прв телефонски разговор меѓу Путин и Бајден

Новиот американски претседател, Џо Бајден, денеска го одржал првиот телефонски разговор со својот руски колега, пренесе Белата куќа, додавајќи дека тој се соочил со претседателот Путин за низа прашања почнувајќи од неодамнешниот кибер-напад на американската компанија „Солар виндс“ до сомневањата за труење на водечкиот руски опозиционер Алексеј Навални.
„Владимир Путин му честита на Џозеф Бајден за почетокот на работата во својство на претседател на САД. Истакна дека нормализацијата на односите меѓу Русија и САД би била од интерес на двете земји и со оглед на нивната одговорност за одржување на безбедноста и стабилноста во светот тоа би било од интерес и на меѓународната заедница“, се вели во соопштението за разговорот што го објави Кремљ.
Прес-секретарката на Бајден, Џен Псаки, рече дека тој го почнал телефонскиот повик со намера да разговара за СТАРТ (договорот за ограничување на стратешкото нуклеарно вооружување), кој администрацијата на Бајден се надева дека ќе го продолжи, руската агресија во Украина, кибер-нападот на „Солар виндс“, чиј обем сè уште се утврдува, извештаите дека Русија давала награди за елиминација на американски војници што служат во Авганистан, мешањето на Москва во претседателските избори во САД и труењето на Алексеј Навални.
„Неговата намера беше да разјасни дека Соединетите Американски Држави ќе дејствуваат цврсто во одбрана на нашите национални интереси како одговор на малигните активности на Русија“, рече Псаки истакнувајќи дека повикот се случил за време на нејзиниот брифинг и дека поцелосно резиме ќе објави подоцна.
Според информациите од светските медиуми, кај двете страни има волја најбргу што може да ги завршат неопходните процедури за натамошно функционирање на договорот за заемно ограничување на ракетно-нуклеарните арсенали.
Договорот истекува на 5 февруари.
Повикот дошол на барање на Москва, соопштија американски дипломатски извори, кои додаваат дека Бајден сакал најпрвин да разговара со европските лидери и неговите советници пред да оствари телефонски разговор со Путин.
Свет
Многу полицајци страдаат од посттрауматски стрес поради упадот на толпата во американскиот Конгрес

Полицијата задолжена за обезбедување на зградата на американскиот Конгрес се извини за пропустите за време на упадот од страна на приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп на 6 јануари.
Официјалните лица признаа голем број грешки: разни информации, недоволна подготовка и мобилизација на партнерските агенции. Тие повикаа на подобрени канали за комуникација и подобри системи за отчетност.
„Тука сум да ги искажам моите најискрени извинувања во име на одделот“, рече Јоланда Питман, шефица на полицијата на Конгресот, во подготвена изјава за Комисијата за надзор на јавните финансии на Претставничкиот дом.
„Одделот не ги исполни своите високи стандарди ниту, пак, вашите“, додаде таа.
Питман рече дека повеќето од полицајците што биле на должност на 6 јануари денес страдаат од посттрауматско стресно нарушување.
Во упадот на приврзаниците на Трамп, кои сакаа да ја запрат, но само на неколку часа ја одложија потврдата на победата на Џо Бајден, загинаа пет лица, меѓу кои и еден полицаец.
Шефицата на полицијата рече дека немирите се индиректно поврзани со смртта на уште еден полицаец.
Поранешните началници на конгресната полиција во меѓувреме поднесоа оставка и неколку недели по нападот и во пресрет на инаугурацијата на Бајден на 20 јануари повеќе од 20.000 припадници на Националната гарда беа испратени во центарот на Вашингтон. Речиси 5.000 од нив ќе останат во главниот град на САД до средината на март.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот