Контакт

Свет

Градоначалникот на Њујорк се откажа од претседателската кампања во 2020 година

Објавено пред

За време на интервјуто за „Морнинг Џо“ на МСНБЦ, Бил де Бласио, член на Демократската партија на САД и актуелен градоначалник на Њујорк, изјави дека ја прекинува кандидатурата за претседател за 2020 година додавајќи дека ќе го поддржува секој што ќе победи во номинацијата на Демократската партија, пренесува „Спутник“.

Де Бласио ја почна својата кампања во мај со централната порака „Работниците прво“, со што стана 24. демократ што претендира да го замени Доналд Трамп на изборите в година.

За време на првата претседателска дебата на Демократската партија во јуни, Де Бласио беше единствениот кандидат што ја посочи Русија како најголема закана за САД, а неговите колеги главно укажуваа на Кина и на климатските промени.

Де Бласио, член на Демократската партија на САД и актуелен градоначалник на Њујорк, беше реизбран во 2017 година за втор мандат до 2022 година. Тој не може да бара трет четиригодишен мандат во 2021 година.

Свет

Зеленски ја одби оставката на премиерот

Објавено пред

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја одби оставката на премиерот Олексиј Гончарук и рече дека сака да му даде втора шанса на функцијата.

„Решив да ви дадам втора шанса вам и на вашата влада“, му рекол Зеленски на Гончарук, кој поднесе оставка кога во јавноста излегоа низа критики упатени кон претседателот Зеленски.

Гончарук го опишал знаењето на претседателот за економијата како примитивно. Зеленски пред да биде избран за претседател беше актер.

Зеленски на состанокот не ги споменал тие изјави, но побарал од премиерот да ја подобри соработката со парламентот и да ги рационализира платите на високите владини претставници.

Високите бонуси на службените лица последниве месеци предизвика скандал во земјата.

„Во сегашната економска состојба не може да се исплаќаат такви плати во Украина“, рекол Зеленски.

Прикажи повеќе...

Свет

Граѓаните од ЕУ нема автоматски да бидат депортирани по брегзитот

Објавено пред

Велика Британија нема автоматски да ги депортира граѓаните од Европската Унија кои не побарале да останат во земјата по брегзитот, рече денеска координаторот за брегзит во Европскиот парламент, Ги Верхофстат.

Тој додаде дека е потврдено оти ќе има грејс-период за оние што нема да аплицираат за решавање на статусот за престој до крајниот рок во јуни 2021 година.

„Што ќе се случи со овие луѓе дури и по грејс-периодот? Па, нема да има автоматско депортирање“, изјави Верхофстат за радио Би-би-си.

Според него, по грејс-периодот, тие ќе имаат можност да аплицираат со образложение зошто не го направиле тоа во нормални процедури.

„Ројтерс“ во ноември објави дека Велика Британија се заканува дека ќе ги депортира државјаните на ЕУ доколку не се пријават навреме и дека властите ќе го одобрат одложувањето само под исклучителни околности.

До крајот на минатата година се пријавиле повеќе од 2,7 милиона од проценетите 3,5 милиони граѓани на ЕУ што живеат во Велика Британија.

Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на 31 јануари, но ќе остане обврзана со сите правила на блокот до крајот на 2020 година како дел од договорената транзициска фаза што треба да го олесни нејзиното излегување од Унијата.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Уапсен поранешен српски фудбалер во Шпанија, осомничен дека бил водач на наркоклан

Објавено пред

Шпанската полиција го уапси поранешниот српски фудбалер Стефан Милоевиќ, син на некогашниот фудбалер Горан Милоевиќ, објави „Б92“. Тој е осомничен дека бил водач на наркокланот „Јунајтед трибјунс“.

Освен Милоевиќ, уапсени се уште 15-ина лица, кои се доведуваат во врска со кланот.

Во акцијата против трговија со дрога и организираниот криминал шпанската полиција, во соработка со Европол, извршила 18 претреси во Палма де Мајорка, Тарагона, Валенсија и Барселона, а особено на удар биле дилерите на дрога и осомничени лица дека ги контролираат ноќниот живот и борделите на овие актрактивни дестинации.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Граѓаните од ЕУ нема автоматски да бидат депортирани по брегзитот

Велика Британија нема автоматски да ги депортира граѓаните од Европската Унија кои не побарале да останат во земјата по брегзитот,...

Македонија2 часа

Вооружените крадци од НЛБ банка украле 8.700 евра

Вооружените крадци што утринава влегоа во експозитура на НЛБ банка во Ѓорче Петров украле 8.700 евра, соопштија од банката. Од...

Топ3 часа

Скопјанец чувал марихуана во куќата на својот дедо

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против жител на Скопје за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни...

Македонија5 часа

(Видео) Петровска: Погубно за Министерството и граѓаните ќе биде МВР да се претвори во партија

Впечатокот дека се случува хаос во Министерството за внатрешни работи е резултат на избрзаните телеграми од министерот Чулев, вели неговата...

Економија5 часа

(Видео) Манчевски: Вработени го напуштаат државниот сектор поради повисоките плати кај приватниците

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, ја уверува јавноста дека не сака некои луѓе да останат без работа...

Интервју/Дебата6 часа

(Видео) Шкријељ: Мизрахи нека не се изненадува, претходно дури имаше случаи на врзување на штитеници во Демир Капија

Дополнителната заменик-министерка Санела Шкријељ во интервју за „Макфакс“ изјави дека корисниците во домот во Деемир Капија до пред три години...

Регион9 часа

Грција идната недела ќе добие нов претседател

Грчката влада достави предлог до парламентот за избор на нов претседател на републиката, што ќе се одржи на 22 јануари,...

Топ10 часа

Две деца повредени кога „бе-ем-ве“ излетало на патот Велес – Извор

Вчера во 16:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Извор, по крстосницата за селото Г.Оризари, патничко возило...

Свет10 часа

(Видео) Кралот на кокаинот доби пиво со неговиот лик и име

Мексиканскиот наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман издржува доживотна казна затвор, а неговата ќерка Алехандрина се труди да ја одржи неговата...

Македонија11 час

Меркел: Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ

„Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ, но на тој пат двете земји можат да се...

Македонија11 час

Усвоени измените во законот за извршување, социјално загрозените нема да плаќаат

Законодавниот дом ги изгласа најновите измени и дополнувања на Законот за извршување кои ги подготви Министерството за правда. Ова е...

Свет12 часа

Премиерот на Украина поднесе оставка

Премиерот на Украина, Олексиј Хончарук, денеска поднесе оставка, јавува „Ројтерс“. Од кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопштуваат дека...

Регион12 часа

Лајчак: Следните месеци клучни за односите помеѓу ЕУ и Западен Балкан

Шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак изјави дека следните месеци ќе бидат клучни за односите помеѓу Европска Унија и земјите...

Свет12 часа

Земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди Мексико

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во јужниот дел на Мексико, кој според медиумите...

Свет12 часа

Oслободени новинарите на „Анадолија“ коишто беа уапсени во Каиро

Новинарите на турската државна новинска агенција „Анадолија“, кои во средата беа уапсени во Каиро, се ослободени откако платија кауција од...

Регион13 часа

(Видео) Масовни протести – Црна Гора ги брани верските објекти

Илјадници верници на Српската православна црква и граѓани протестираа против Законот за верската слобода. Црногорскиот митрополит Амфилохие, кој ја предводеше...

Свет1 ден

Трамп го прекршил законот кога ја спречил воената помош за Украина

Белата куќа го прекршила американскиот закон кога ја прекинала воената помош наменета за Украина, одлучи независното тело кое ја надгледува...

Македонија1 ден

Докторката на Трајковски ќе сведочи во „ТНТ“ за неговата дијагноза

Судот одлучил на следното рочиште за „ТНТ“ да ја повика докторката која на обвинетиот ексградоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски,...

Европа1 ден

Русија доби нов премиер

Државната Дума ја потврди кандидатурата на поранешниот шеф на Федералната даночна служба, Михаил Мишустин, за нов премиер на Русија. Мишустин...

Топ1 ден

Опожарени возилата на Сузана Турунџиева и на Ребека

Автомобилот на пејачката и водителка Сузана Турунџиева бил опожарен изутринава околу 3 часот. Огнот го зафатил и возилото на пејачката...

Досие