Контакт

Свет

Градоначалничката на Богота: Извинете поради полициската бруталност

Објавено пред

Градоначалничката на Богота, Клаудија Лопез, им се извини на семејствата на убиените демонстранти и повика на помирување.

Во протестите во колумбиската престолнина минатата недела загинаа 10 цивили и беа ранеи стотици поради полициската бруталност.

„Бараме прошка за сите жртви на полициска бруталност. Бараме правдата да биде задоволена затоа што знаеме дека и други вакви инциденти остануваат неказнети и не сакаме истото тоа да се случи и со овие жртви“, рече таа на комеморацијата на жртвите.

Протестите во Богота и во близина на Соака почнаа поради смртта на Хавиер Оронес кого полицијата го застрела во средата, пренесува „Ројтерс“.

За време на протестот во средата, седум млади луѓе беа убиени кога полицијата во Богота употреби огнено оружје. Уште три лица беа убиени на протестите во четвртокот вечерта во Богота, како и уште три во Соака.

Во судирите се повредени 200 полицајци, а уништени се 60 полициски станици, како и десетици возила за јавен превоз.

Европа

Додека Навални закрепнуваше во Берлин, во Русија му го заплениле станот

Објавено пред

Сметките на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални се замрзнати, а неговиот стан во Москва е одземен додека тој се опоравуваше од труење во болница во Берлин, изјави денеска неговата портпаролка, Кира Јармиш.

„Ова значи дека станот не може да се продава, да се подари или да се стави под хипотека“, објасни Јармиш на видеото на „Твитер“.

Таа додаде дека неговиот имот бил замрзнат на 27 август, поради тужба од компанија што доставува храна до училиштата во Москва.

Во октомври минатата година, рускиот суд нареди Навални и неговите соработници да платат 1,4 милиони долари отштета на компанијата, бидејќи според судот, тие неоправдано го довеле во прашање квалитетот на храната.

На 44-годишниот критичар на владеењето на Владимир Путин претходно месецов му се слоши во авион над Сибир. Тој од Русија беше пренесен на лекување во Берлин, а германската влада извести дека тестовите спроведени во Германија, Франција и Шведска покажале дека бил отруен од нервниот агенс „новичок“.

Членките на ЕУ ја повикаа Русија да го расветли случајот што тие го сметаат за обид за атентат, но Москва ги отфрла обвинувањата и вели дека нема индиции оти е сторено злосторство против Навални, кој оттогаш се опорави.

Прикажи повеќе...

Регион

Камион полн со чоколадо експлодирал кај Славонски Брод

Објавено пред

На Автопатот А3 кај Славонски Брод во средата навечер дошло до експлозија на камион, чија приколка била полна со чоколадо.

Камионот се запалил и изгорел целосно, а утрово останале само траги од чоколадото што го превезувал, пренесува „Индекс.хр“.

Во инцидентот нема повредени.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Србија 83 новозаболени од коронавирус, еден починат

Објавено пред

Во изминатите 24 часа во Србија се тестирани вкупно 6.673 лица, регистрирани се 83 новозаболени лица, а едно лице починало.

Според најновите информации од Министерството за здравство, 22 пациенти се приклучени на апарати за дишење.

Во моментов хоспитализирани се 294 лица, додека стапката на смртност е 2,25 проценти.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа7 минути

Додека Навални закрепнуваше во Берлин, во Русија му го заплениле станот

Сметките на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални се замрзнати, а неговиот стан во Москва е одземен додека тој се опоравуваше...

Македонија1 час

Двајца починати и 152 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаја на...

Македонија2 часа

Владата ќе го разгледа барањето за продложување на породилното отсуство

Владата ќе ги разгледа барањата на родителите кои предлагаат времено продолжување на породилното отсуство за месец или два и ќе...

Свет2 часа

Ниту едно вакцинирано лице во Москва немало компликации

Не се забележани компликации кај ниту едно од 3.000 лица кои биле вакцинирани против коронавирусот во Москва како дел од...

Македонија4 часа

Врховниот суд ја потврди 4-годишната казна за Сеад Кочан

Врховниот суд ја потврди 4,8-годишната казна на Сеад Кочан за случајот „Труст“, која од Апелација му ја намали од изречените...

Македонија4 часа

Рангелова: Ја докажав правдата и слободно можам да се пресметам со тие кои ме обвинуваа

Експратеничката Даниела Рангелова, која е ослободена во предметот „Насилство во Центар“, по судењето, на сведоците кои лажно сведочеле против неа...

Македонија5 часа

Царовска на средба со наставниците: Важно е наставата да почне и покрај сите предизвици

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, и заменик-министерот Арафат Шабани со градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, и претседателот...

Свет5 часа

(Видео) Насилни протести во САД поради случајот со Бреона Тејлор, ранети се двајца полицајци

Двајца полицајци од Луисвил, во американската држава Кентаки, беа застрелани во средата вечерта во центарот на тој град среде масовни...

Регион6 часа

Земјотреси во Албанија и во Грција

Во Албанија утрово е регистриран земјотрес со јчина од 4,3 степени според Рихеривата скала, а земјотрес од 4,1 степен ја...

Топ7 часа

Маж загина по пад од покрив

Педесет и шестгодишен маж од село Злетово почина во болница, откако претходно паднал од покривот на куќата додека го чистел...

Македонија7 часа

Николоски: Заев нема да ме замолчи да зборувам за „Рекет“, денес ме тужеше, а не дојде на суд

Денес најмоќниот човек во државата, премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, ме тужи за клевета, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар...

Македонија7 часа

Фетаи ја ослободи Рангелова во „Насилство во Центар“

По три и пол години судења, обвинителката Фатиме Фетаи го повлече обвинението против експратеничката Даниела Рангелова, но и против Борче...

Македонија8 часа

Судењето за случајот „Меѓународен сојуз“ одложено за во октомври

Судењето за случајот познат во јавноста како „Меѓународен сојуз“ се одложува за во октомври. Како што соопшти кривичниот суд, главната...

Европа9 часа

Грците осудија двајца Руси на по 300 години затвор

Двајца Руси се осудени во Грција на по 300 години затвор за нелегален транспорт на мигранти, изјави потпретседателот на Комитетот...

Македонија9 часа

Комплетиран владиниот кабинет, избрани 16 заменик-министри

На предлог на претседателот на Владата, Зоран Заев, Собранието ги именуваше заменик-министри во Владата. Башким Хасани е избран за заменик...

Европа10 часа

Британската полиција заплени еден тон кокаин вреден 128 милиони долари

Британската полиција заплени речиси еден тон кокаин скриен во гајби со овошје од Јужна Америка и уапси двајца мажи. Вредноста...

Свет10 часа

Фаучи: Нормален живот на крајот на наредната година

Во Италија расте бројот на заразени со Ковид-19, па во последните 24 часа откриени се 1.670 нови случаи на инфекција,...

Свет20 часа

Уапсен германски лекар кој снимил силување на пациентка

Уапсен е болнички лекар од евангелистичката клиника „Бетел“ во Билефелд под сомнение дека им давал седативи на жени што доаѓале...

Македонија21 час

(Видео) Мицкоски: Бараме да предложиме независен јавен обвинител за борба против мафијата

„Правдата во Македонија е нападната. Селективната правда денеска во Македонија е неправда. Имаме невини луѓе во затвори, луѓе што страдаат...

Свет21 час

Нов Зеланд укина поголем дел од рестрикциите против пандемијата

Маските за лице повеќе не се задолжителни во поголем дел од Нов Зеланд бидејќи случаите на Ковид-19 продолжуваат да опаѓаат....

Досие