Европа
Гранатиран е градот Лисичанск во источна Украина

Министерството за внатрешни работи на Украина објави фотографии по нападот во Лисичанск.
Велат дека се уништени станбени згради и дека, најверојатно, има луѓе под урнатините.
Регионалниот водач на Луганск, Сергеј Гајдаи, напиша на социјалните мрежи:
„Оштетени се голем број високи згради. Очекуваме информации за жртвите. Многу згради се урнаа. Спасувачите се обидуваат да извлечат луѓе од урнатините“.
Зранку Лисичанськ здригнувся від інтенсивних обстрілів.
Маємо значні руйнування житлових багатоповерхових будинків. Під завалами, ймовірно, знаходяться люди. pic.twitter.com/YRcdxdhDne
— МВС України (@MVS_UA) March 30, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Шолц: Путин сака нас да не обвини за кризата со гладот

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека сака да му ја припише на Западот одговорност за кризата со глад, што ја предизвикал со агресијата врз Украина.
– Наративот на Путин мора итно да се побие – нагласи Шолц во Штутгарт.
Тој рече дека Путин нашол формулација, и дека постојано зборува за „глобалниот запад“. Со ова, вели Шолц, мисли на непријателите против кои сака да се обедини со другите.
– Кризата на глад, која беше предизвикана од неговата војна, која тој ја започна, сега им се припишува на оние кои се со Украина – рече тој, пренесе Блиц.рс.
Европа
Путин: Притисокот од непријателските земји е практично агресија

Притисокот од непријателските држави е „практично агресија“, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
– Предноста на интеграцискиот курс сега е особено очигледна, во сегашната тешка меѓународна ситуација, а тоа е практично агресија на некои непријателски држави – рече Путин на состанокот на Врховниот евроазиски економски совет, кој се одржува во форма на видео-конференција.
Рускиот претседател додаде дека учесниците на состанокот биле „убедени дека интеграцијата економски ќе ги зајакне нивните земји и“ значително ќе ја намали нивната зависност од надворешни кризи, вклучително и политички, пренесе ТАСС.
Путин зборуваше за мерките што ги презема владата во сегашните услови.
Тој рече дека Владата навремено носи одлуки за стабилно функционирање на пазарот и финансискиот сектор и се грижи за клучните индустрии и компании кои се од системско значење.
Путин рече дека е обезбедена поддршка за ликвидноста на банките и дека се шири практиката на тргување во национални валути со земји кои со своите постапки покажале дека се доверливи партнери на Русија.
Европа
Во Велика Британија уапсени седум војници поради дрога и перење пари

Шест војници и еден ветеран во Велика Британија се уапсени под сомнение за дрога, позајмување пари и перење пари.
Министерството соопшти дека шест војници на ирската гарда и еден ветеран биле уапсени од припадници на кралската воена полиција како дел од планирана операција, пренесе Би-би-си.
Првиот баталјон на ирската гарда треба да учествува на платинскиот јубилеј на кралицата Елизабета на 2 јуни.
Министерството за одбрана соопшти дека ниту еден војник што е под истрага нема да може да учествува на церемонијата.
Ирската гарда е основана од кралицата Викторија во 1900 година, а гардата била распоредена во Ирак и Авганистан. Полкот, чиј дел е принцот Вилијам, има задача, меѓу другото, да ги чува кралските палати, каде што може да се забележат нивните војници облечени во препознатлива црвена униформа и капа од кожа од мечка.
„Во рамките на планираната операција кралската полиција уапси шест војници од ирската гарда и еден ветеран од Велика Британија под сомнение дека набавувале дрога, позајмувале пари и переле пари. Армијата не толерира никакво незаконско однесување. Сега ова е во рацете на независна истрага. Не е соодветно за Кралската воена полиција дополнително да коментира“, соопшти британското Министерство за одбрана.