Регион
Гренел: Курти е фашистички премиер, Белград да не наседнува

Поранешниот специјален пратеник на американскиот претседател за преговорите меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, оцени дека косовскиот премиер Албин Курти живее во минатото и е „фашистички премиер“. Гренел ги советува српските лидери да не наседнуваат на тоа.
„ Уште еднаш, радикалниот левичар и искусен фашистички премиер на Косово, Албин Курти, еднострано прави чекор да ги забрани српските регистарски таблички и лични карти на Косово. Тоа е глупаво, несовесно и непотребно. Зошто (советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан и (државниот секретар на САД) Ентони Блинкен не му кажат да престане со фашистичките методи“, напиша Гренел на Твитер.
Американскиот политичар нагласи дека „тоа што се му случува на Балканот не е Русија“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Направија се за да ја уништат Србија, но ќе победиме

Направија се за да ја уништат Србија. Србија ќе победи, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во видео објавено на Инстаграм.
„Почитувани граѓани, имавме тешки седум дена, најтешките во последните 15 години. Најтешките поради настаните на Косово и кампања започната против нашата Србија, кампања на лаги и невистини. Како што вели нашиот народ , не врне снег за да ја покрие планината, туку секој ѕвер да го покаже својот белег. Можевме да видиме дека имаме пријатели кои не се многубројни, но се храбри“, вели Вучиќ во видео-пораката.
Регион
Денеска погреб на убиените Срби во Бањска

Тројцата Срби кои минатата недела беа убиени во Бањска, Стефан Недељковиќ, Бојан Мијаиловиќ и Игор Миленковиќ, денеска ќе бидат погребани во Врњачка Бања и Лепосавиќ.
Стефан Недељковиќ ќе биде погребан во Врњачка Бања, а граѓаните се поканети да се соберат на пумпата „Кнез Петрол“ на ова место во 11 часот.
Бојан Мијаиловиќ ќе биде погребан во 12 часот на локалните гробишта во Лепосавиќ, а во 14 часот на истото место во селото Граничане ќе биде погребан Игор Миленковиќ.
Потсетуваме, Недељковиќ, Мијаиловиќ и Миленковиќ беа убиени во конфликт меѓу локалните Срби и таканаречената косовска полиција на 24 септември во селото Бањска, на северот на Косово и Метохија.
Нивните тела дури вчера ги однеле нивните семејства од Институтот за судска медицина во Приштина, од каде биле пренесени во капелата во Рударе кај Звечан.
Регион
Лондон повика на дијалог меѓу Белград и Приштина

Државниот министер за Европа во британското Министерство за надворешни работи, Лео Дочерти, изрази задоволство што британските сили ќе придонесат за зајакнување на КФОР и рече дека тоа ја покажува посветеноста на Лондон кон НАТО и стабилноста на Западен Балкан.
На социјалната мрежа Икс (Твитер), Докерти повика на деескалација на ситуацијата на Косово и Метохија и нагласи дека единствениот одржлив пат за мир на Косово и Метохија е преку дијалог.
„Повикуваме на смиреност и деескалација од сите страни. Единствениот остварлив пат кон мирот во Косово е преку дијалог“, рече Докерти.
Британското Министерство за одбрана ја префрли командата на еден баталјон од својата армија на НАТО, за да може баталјонот да му пружи поддршка на Косово доколку е потребно, соопшти претходно министерството.