Европа
Гренландскиот премиер: Сакаме да останеме Гренланѓани

Премиерот на Гренланд, Муте Егеде, изјави дека островот сака блиски односи со САД и Данска, но до одредена граница.
Гренланѓаните не сакаат да бидат Данци. Гренланѓаните не сакаат да бидат Американци“, рече Егеде во интервју за Фокс њуз.
Неговите изјави би можеле да го фрустрираат новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој претходно покажа интерес да ја преземе контролата врз стратешки лоцираниот и богат со ресурси остров.
Данската премиерка Мете Фредериксен го поддржа тврдењето на Егеде дека „Гренланд не е на продажба“ и ја повтори таа порака до Трамп за време на телефонскиот разговор пред два дена во средата.
Во интервјуто со Брет Бајер, Егеде го поздрави силното партнерство со ЕУ и САД и изрази отвореност за зголемени европски и американски инвестиции во рударскиот сектор на островот. Слични ставови изрази и министерката за природни ресурси на Гренланд, Наја Х. Натаниелсен, во авторски текст за Вашингтон пост.
Егеде рече дека Гренланѓани би избрале независност доколку имаат можност да гласаат на референдум, нагласувајќи дека одлуката им припаѓа исклучиво на народот на Гренланд.
Доколку оваа данска територија постигне независност, Егеде посочи дека Гренланд би сакал да остане дел од НАТО како членка на алијансата и да одржува силно безбедносно и одбранбено партнерство со САД и ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Меѓу загинатите од нападот на Русија врз Украина е и петгодишно дете

Русија ноќта ја нападна Украина со 147 беспилотни летала, соопшти денеска украинското воздухопловство.
Беа нападнати неколку украински региони, а украинските сили за воздушна одбрана уништија 97 беспилотни летала.
Во напад со беспилотните летала на руските сили врз Киев во текот на ноќта загинаа три лица, меѓу кои и едно петгодишно дете, а десет беа повредени, објави градската воена управа на Киев во објава на Телеграм.
Уште 25 дронови не стигнаа до своите цели, се вели во соопштението на украинските воздухопловни сили на апликацијата за комуникација Телеграм.
Европа
(Видео) Зеленски: Украина врати повеќе од 4.300 војници од руско заробеништво

Украина успеала да врати вкупно 4.306 воени заробеници од руското заробеништво од почетокот на руската инвазија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Украинската влада работи со меѓународни партнери и организации за да ги врати своите граѓани дома. Само во 2024 година, 1.358 луѓе беа ослободени од руско заробеништво.
For over three years now, almost throughout this entire war, our Coordination Headquarters has been working—all the services that bring prisoners home. We have already successfully brought back more than four thousand people—4306. And we will bring them all back.
Now, when… pic.twitter.com/qUEw3oEcWJ
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) March 21, 2025
„Кога разговараме со американската страна и другите партнери за тоа како да се стави крај на војната, ослободувањето на затворениците е едно од првите прашања“, рече Зеленски.
Украинскиот претседател нагласи дека сите надлежни служби продолжуваат неуморно да работат на враќање на Украинците од руско заробеништво.
Европа
Киев ги отфрли руските обвинувања за воени злосторства во Курск

Украина ги отфрли обвинувањата на Москва дека нејзините сили извршиле воени злосторства во руската област Курск, нарекувајќи ги „целосно неосновани“.
„Руските обвинувања за злосторства и насилство наводно извршени од Украина во регионот Курск се целосно неосновани“, изјави портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Хеорхиј Тихи. „Украина секогаш се придржувала до меѓународното хуманитарно право, особено во однос на хуманиот третман на цивилите во конфликтните зони и не ги прекршила овие принципи“, додаде Тихи.
Тихи рече дека Москва „фабрикува докази“ за да може лажно да го обвини Киев, пренесува „Украинска правда“.
„Сето тоа е лага. Повеќето од локалното население и имотот во регионот Курск беа погодени токму од руските бомбардирања, вклучително и целните напади“, додаде тој.