Контакт

Свет

Грета Тунберг јавно го поддржа Бајден во трката за претседател на САД

Објавено пред

Грета Тунберг го поддржа демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден и ги повика сите гласачи во САД да излезат на претседателските избори.

Тунберг на Твитер напиша дека не се занимава со партиска политика, но дека „претстојните американски избори се над тоа“, пренесува Ројтерс.

Активистката рекла дека од перспектива на заштита на животната средина тоа е многу далеку од доволно и дека знае дека многумина ќе поддржат други кандидати, но дека таа апелира да се гласа за Бајден.

Со овој потег, Тунберг би можела да поттикне излезност на изборите кај помладите гласачи, кои обично гласаат во помал број од постарите Американци, проценува агенцијата.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја исмејуваше шведската активистка, откако магазинот „Тајм“ ја прогласи за личност на годината во 2019 година.

Тој исто така саркастично го коментираше нејзиниот говор на самитот на ООН за климатските промени, кој се одржа минатата година.

Европа

За прв пат по Втората светска војна откажан божикниот саем во Нирнберг

Објавено пред

За прв пат по 73 години, божикниот саем во Нирнберг е откажан, пишува Travel and Leisure.

Записите од 1628 година покажуваат дека славниот Кристкиндлесмаркт е еден од најстарите божикни саеми.

За време на адвентот, главниот градски плоштад е исполнет со дрвени тезги, и секоја од нив има бројни продавачи кои нудат уникатни ракотворби и вкусна храна.

Но, овој декември ситуацијата ќе биде поинаква. Градоначалникот на Нирнберг, Маркус Кониг, објави дека Кристкиндлесмаркт е откажан поради зголемувањето на бројот на заболени од коронавирус.

„Оваа одлука е многу тешка за нас. По многу размислување за заштита на населението, ние го откажуваме божикниот саем”, рече Кениг.

Прикажи повеќе...

Европа

Врвот на ЕУ на виртуелен состанок ќе расправа за пандемијата

Објавено пред

Лидерите на 27 земји-членки на ЕУ вечерва на виртуелен самит ќе разговараат за влошената епидемиолошка состојба и координација на мерките за борба против пандемијата на коронавирус. Претседателот на Европскиот совет Чарлс Мишел повикува на одлучна акција на европско ниво заснована на два столба: тестирање и следење на контактите и вакцините.

Бидејќи вакцината против Ковид-19, според претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен, нема да биде достапна во најдобар случај пред април следната година, ЕУ става акцент на брзите тестови и ги следи контактите на заразените.

Мишел вели дека ПЦР-тестовите, кои досега беа фаворизирани и дадоа сигурни резултати, треба да бидат дополнети со антиген-тестови, кои иако се помалку сигурни, даваат резултати во рок од 15 минути и затоа овозможуваат побрзо и полесно идентификување на лицата кои носат вирус и се заразни, особено кога се асимптоматски.

Европската комисија во средата предложи серија мерки за забавување на ширењето на коронавирусот, кои вклучуваат, меѓу другото, помасовно и побрзо тестирање, подготовка на кампања за вакцинација и ефективни и интероперативни апликации за следење на контактите. Комисијата препорачува поширока употреба на антиген-тестови со брзо дејство и ги повикува земјите-членки да развијат национални стратегии за тестирање до средината на ноември. Комисијата ќе мобилизира 100 милиони евра за директна и брза набавка на антиген-тестови.

Прикажи повеќе...

Свет

Критично во Италија: почитување на мерките или карантин

Објавено пред

Во последните 24 часа во Италија се евидентирани повеќе од 25 илјади новоинфицирани со коронавирус, а тестирани се 198 илјади лица, пишува агенцијата Анса.

Починаа 205 лица.

Шефот на владиниот советодавен научен и технички комитет, Агостино Миоко, рече дека само со ригорозно придржување кон новиte мерки за ограничување на ширењето на Ковид-19 може да се избегне нов карантин.

„За две недели, ќе знаеме дали овие мерки беа доволни за нас или ќе мора повторно да воведеме целосно затворање“, рече тој за весникот „Кориера дела сера“.

Тој оцени дека новите мерки на владата се во согласност со епидемиолошката состојба, која рапидно се влошува.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија33 минути

АЕК ќе спроведува физибилити студија за влијанието на 5G мрежата врз здравјето на луѓето

Агенцијата за електронски комуникации наскоро ќе распише меѓународен тендер за избор на компанија која ќе изработи физибилити студија за влијанието...

Македонија46 минути

Задолжителна самоизолација од закажувањето тестирање за Ковид-19, казните се 50 евра

Со новите законски измени, самоизолацијата е задолжителна при тестирање за Ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање, па се...

Свет60 минути

Во нападот во Ница убиени се три лица, една жена е обезглавена

Во нападот што се случи во Ница, за кој се сомнева дека е терористички, убиени се три лица со нож,...

Топ2 часа

Откриени 459 гранати од Првата светска војна кај „Тумбе кафе“ во Битола

Во близина на стадионот „Тумба кафе“ во Битола биле пронајдени 459 гранати од Првата светска војна. Според информациите на МВР, ...

Македонија3 часа

МОН најави реформа на учебниците по честите реакции за грешки и стереотипи во нив

Министерството за образование и наука формира работна група која развива концепт за целосна и суштинска промена на учебниците за основно...

Македонија3 часа

Стапија во сила новите мерки – забрането е групирање по 22 часот, казната е 500 евра

Од денеска забрането е групирање на отворено на повеќе од четири лица по 22 часот, а казната за непочитување на...

Свет3 часа

Едно од ретките места во светот без коронавирус ги забележа првите два случаја

Маршалските Острови, едно од последните места во светот каде што немаше коронавирус, ги забележаа првите два позитивни случаја, пишува Би-би-си....

Македонија4 часа

Од денеска маските се задолжителни на отворено

Собранието синоќа со 53 гласови „за“, 26 воздржани и ниту еден глас против ги изгласа измените во Законот за заштита...

Македонија4 часа

Седница на Советот за безбедност за состојбата со коронавирусот во Македонија

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, со почеток во 11 часот, ќе се одржи седница на Советот...

Европа14 часа

(Видео) Од петок карантин во цела Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон прогласи каратин од петок што ќе трае најмалку до 1 декември. „Бранот се рашири низ цела...

Македонија14 часа

Славјанка Петровска позитивна на коронавирус, качила температура додека била на седница во Собранието

Актуелната пратеничка во Собранието од СДСМ и поранешна дополнителна заменичка на министерот за внатрешни работи во техничката влада Славјанка Петровска...

Македонија15 часа

Во Скопје рекорден број новозаразени, Аеродром надмина 700 активни случаи

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 422 нови случаи на Ковид-19, а во тој период починале тројца...

Македонија16 часа

Рекордни 870 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 14 лица

Во последните 24 часа во Македонија 14 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 870 нови случаи од  2.647 тестирања,...

Свет18 часа

Германија воведе строги мерки: рестораните, кината и баровите ќе бидат затворени 4 недели

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека германските власти се согласиле на четиринеделен делумен карантин. Во овој временски период затворени...

Македонија21 час

МОН го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение

Министерството за образование и наука го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение поради несоодветна и дискриминирачка содржина. „Во...

Македонија22 часа

Пауновски: Нови вработувања ќе има в година, дотогаш ќе се снаоѓаме

Државниот пазарен инспекторат добил од Владата ветување дека в година ќе им бидат одобрени бараните 20 нови вработувања. Директорот на...

Македонија22 часа

Поради контакт со Спасовски, само едно лице е во изолација

Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал само едно решение за изолација на лице што било во контакт со министерот за...

Македонија22 часа

Пожарникарите протестираа пред канцеларијата на Шилегов

Пожарникарите на мирниот протест пред канцеларијата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, порачаа дека не се откажуваат од своето барање...

Македонија23 часа

Поранешениот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, осуден на шест години затвор

Поранешениот шеф на кабинетот на ексдиректорот во УБК, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, е осуден на шестгодишна затворска казна во случајот...

Македонија23 часа

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник по македонски за шесто одделение

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – ова е совет во учебник по македонски за шесто одделение....

Досие