Свет
Гроси: Светот не смее да си дозволи неуспех со Иран како во случајот со Северна Кореја
Светот не смее да си дозволи неуспех со Иран, како што се случи во случајот со Северна Кореја, која ја протера Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и разви нуклеарно оружје, изјави генералниот директор на Агенцијата, Рафаел Гроси.
Агенцијата нема пристап до Северна Кореја откако Пјонгјанг ги протера своите инспектори во 2009 година и сега го следи нуклеарниот напредок од далеку преку сателитски снимки.
Агенцијата има редовен пристап до познатите ирански нуклеарни постројки. Но, бидејќи договорот од 2015 година меѓу Техеран и големите сили пропадна во последните пет години, дополнителната опрема за мониторинг воведена според договорот е отстранета на барање на Иран и МААЕ повеќе не може да врши инспекции на непријавени локации.
„МААЕ е очите и ушите и присуството на меѓународната заедница во Иран“, рече Гроси во снимената порака емитувана на годишната конференција за контрола на оружјето на Стејт департментот додавајќи дека е крајно загрижен за иранската нуклеарна програма.
Гроси истакна дека мора да се вложат сите напори за да се спречи евентуалниот неуспех на меѓународната заедница да го спречи Иран да развие нуклеарно оружје. „Видовме таков неуспех во Северна Кореја“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

