Контакт

Европа

Грција го повлекува амбасадорот од Москва, тврдат руски медиуми

Објавено пред

Грција го повлекува амбасадорот Андреас Фриганас од Москва, соопштил неименуван извор на руската новинска агенција „Спутник“.

„Таквата одлука е донесена. Тоа лично го побарал министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас“, изјавил соговорникот за агенцијата.

Според него, во наредните денови Андреас Фриганас ќе се врати во Атина, по што во Москва ќе биде испратен нов амбасадор, иако не е познато кога точно ќе се случи тоа.

Како што информира „Спутник“, засега за ова нема официјална изјава од грчкото МНР.

Повлекувањето на амбасадорот се одвива во време на криза во дипломатските односи меѓу двете држави, по заемното протерување дипломати.

Европа

Пожарникар загина во поплавите во јужна Шпанија

Објавено пред

Обилните врнежи од дожд кои ја погодија јужна Шпанија и доведоа до поплави, одземаа и еден човечки живот, објавија шпанските власти, додавајќи дека станува збор за пожарникар.

Службата за итни случаи во јужниот дел на Андалузија соопшти дека пожарникарот исчезнал кога неговиот камион се превртел на поплавениот пат за време на силниот дожд минатата ноќ, објави АП.

Прикажи повеќе...

Европа

Франција до Лондон: Прашањето за границата со Ирска треба да се реши, ЕУ нема да прифати привремени мерки

Објавено пред

Европската Унија нема да прифати привремени мерки за решавање на прашањето за границата со Ирска во преговоите за брегзит, изјави денеска француската министерка за Европа, Натали Лоазо.

„Мораме да имаме конечен договор или барем не привремени мерки кои ќе исчезнат, па после тоа да не знаеме што да правиме”, изјави таа за Би-Би-Си.

„Чекаме спроведување на решение од Лондон”, заклучи Лоазо, објавува Танјуг.

Велика Британија соопшти дека би можела да прифати подолг период на транзиција по нејзиното повлекување ако ЕУ се откаже од својот предлог за границата со Ирска – политика која има за цел да осигура дека дури и по брегзит меѓу Северна Ирска и Република Ирска, нема да се врати „тврда граница”, што во преговарачкиот жаргон се нарекува „backstop”.

Европската унија сака Северна Ирска да остане посилно поврзана со ЕУ, нешто што британските претставници строго го отфрлаат.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Германија се дебатира за тоа како да се постапува со волците

Објавено пред

Неколку германски федерални провинции започнаа иницијатива, со  која се предлагаат начин за тоа како би се справувале со волците во иднина, чиј број значително се зголеми во Германија во последниве години, објавија германските медиуми.

Минатата година, регистрирани се над 600 напади од волци на домашни животни, главно овци и кози.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 час

Додека Договорот од Преспа не дојде во нашиот Парламент ние остануваме во Владата, порача Каменос

Грчкиот министер за одбрана и коалицискиот партнер на Алексис Ципрас, Панос Каменос, лидерот на Независни Грција, денеска од Солун, каде...

Македонија4 часа

(Видео) Шекеринска: Македонија со оваа одлука станува фактор на стабилност во регионот

Пратениците презедоа одговорност и испишаа нова шанса во историјата на Македонија, сакам да им честитам на сите за заедничкиот напредок...

Македонија5 часа

Русија останува на својот став, ве признавме под името Република Македонија

Русија ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име пред повеќе од 26 години и својот став не го менува,...

Свет5 часа

(Видео) САД бара повеќе информации од Ријад, но не сака да биде запрена продажбата на оружје

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека не е задоволен од саудиските власти за смртта на новинарот Џемал Кашоги, но...

Македонија7 часа

Бавна правда: 650 судења се одложени за 1,5 година поради отсуство на обвинител

За една и пол година (2017 до јуни 2018 година) во скопскиот кривичен суд биле одложени 672 судења, од кои...

Македонија7 часа

Звиздиќ со честитка до Заев: Сакам вашата одлука да ја зајакне европската перспектива на целиот Западен Балкан

Претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ испрати честитка до македонскиот премиер Зоран Заев за изгласувањето...

Македонија21 час

Стејт департмент: Ова е историска шанса за Македонија и регионот

Стејт департментот ја поздрави одлуката на Собранието, со која Македонија треба да ги започне уставните измени и имплементација на Спогодбата...

Македонија21 час

Кривична пријава за говор на омраза и загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе известување за...

Македонија23 часа

„Катимерини“: Наскоро нов конфликт во грчката Влада поради Македонија

Само три дена по оставката на министерот за надворешни работи Никос Коѕијас и предупредувањето на премиерот, Алексис Ципрас дека нема...

Македонија24 часа

(Видео) Ципрас: Гласањето во Собранието отвора пат за договор меѓу Грција и Македонија

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека усвојувањето на предлогот за уставни измени од страна на македонскиот Парламент отвора пат за...

Македонија1 ден

Коѕијас: Среќен сум за одлуката на Скопје, тврдењата за тајни фондови се одвратни

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, кој пред неколку дена поднесе оставка од функцијата изјави дека е среќен поради...

Македонија1 ден

Нимиц со порака до политичките лидери: Работете заедно за финализирање на договорот

Метју Нимиц, македонско-грчкиот посредник во спорот за името ја поздрави одлуката на парламентот да продолжи со промена на Уставот кон...

Македонија1 ден

Тачи: Македонија направи голем чекор кон зајакнување на мирот во регионот

Македонија е чекор поблиску до ЕУ и НАТО, откако беа обезбедени потребните гласови за измена на Уставот, отворајќи го патот...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Достоинството на Македонија беше ставено на тезга како пиперки и домати

Тоа што се случи вчера вечер во Собранието беше срам каков што светот не видел, оценува ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. Опозицијата...

Македонија1 ден

Димитров на „Фејсбук“: Далеку сме од тоа каде сакаме да бидеме, ама го знаеме патот

Далеку сме од тоа каде сакаме да бидеме. Ама го знаеме патот, напиша министерот за надворешни работи, Никола Димитров на...

Македонија2 дена

Столтенберг на „Твитер“: Лидерите да ги завршат процедурите за Македонија да влезе во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, преку социјалната мрежа „Твитер“ го поздрави изгласувањето на одлуката за пристапување кон уставните измени...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски ги исклучи од партијата пратениците од ВМРО-ДПМНЕ што гласаа за уставните измени

ВМРО-ДПМНЕ ги исклучи пратениците од своите редови што вечерва гласаа за уставните измени – Елизабета Канческа-Милевска, Емилија Александрова, Нола Исмајловска,...

Македонија2 дена

Левицата: Ништо не е готово, борбата продолжува!

По изгласувањето на уставните измени во Собранието, се огласи и Левицата. Од таму реагираат дека сите пратеници го изгубиле легитимитетот...

Македонија2 дена

Ципрас до Заев: Честитки пријателе, Зоран Заев!

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, го поздрави гласањето во македонскиот парламент и му честита на премиерот Зоран Заев за гласањето со...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Денес напишавме историја што ќе ја раскажуваат идните генерации

Денес е историски ден, заедно напишавме историја, рече премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата што ја одржа откако Собранието ја изгласа одлуката...

Досие