Регион
Грција стави камп со 2.500 мигранти во карантин
Грција стави во каранти цел камп за мигранти кога 20 баратели на азил биле позитивни на тестот на коронавирусот, објави Министерството за миграција.
Тестовите врз 63 лица биле спроведени кога 19-годишен мигрант во болница во Атина бил позитивен на Ковид-19, со што стана првиот регистриран случај на зараза меѓу илјадници мигранти сместени во преполните кампови во целата земја.
Секое движење внатре и надвор од кампот „Ритсон“ ќе биде ограничено на 14 дена, соопшти Министерството, додавајќи дека полицијата ќе го следи спроведувањето на мерките.
Кампот се наоѓа на 75 километри североисточно од Атина и е дом на речиси 2.500 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во БиХ
Земјотрес со јачина од 2,9 степени ја погоди денеска Босна и Херцеговина.
Епицентарот бил во близина на Мостар.
Засега не се знае дали е причинета материјална штета.
Регион
Пумпата за базен го повлекла момчето на дното: детали за трагедијата на Златибор
Момче (6) од Белград вчера се удавило во базен на познат хотел на Златибор, а според неофицијални информации, смртта ја предизвикала пумпата од базенот. Кога момчето нурнало, наводно пумпата го повлекла на дното.
Очевидците на оваа трагедија со сите сили се обиделе да го извлечат детето, но не успеале поради вакуумот, а момчето починало.
По наредба на Основното јавно обвинителство во Ужице, на телото на момчето е наредена обдукција.
Полицијата го уапсила сопственикот на фирмата за одржување на базените. На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа. Тој беше обвинет за тешко дело против општата безбедност.
Повреденото момче било придружувано од жена за која постои сомневање дека е баба му, пишува „Блиц.рс“.
Екипата на „Блиц“ стапила во контакт со хотелот во кој се случила трагедијата, но од вработените велат дека не сакаат да даваат изјави за медиумите.
Регион
Работник за одржување базен уапсен поради смртта на момче на Златибор
Полицијата му одредила притвор до 48 часа на одговорниот за одржување на базенот на Златибор, каде што се удави момче (6).
Како што соопштија за „Танјуг“ во Основното јавно обвинителство во Ужице, уапсениот се сомничи за сторено тешко кривично дело против општата безбедност.
Шестгодишно момче на 1 октомври се удави во базен на хотел на Златибор.
На телото на момчето е наредена обдукција.