Контакт

Европа

Грчките риболовци добиваат пари за да го собираат ѓубрето од морето

Објавено пред

За да помогнат во чистењето на морињата околу Грција, на рибарите им се плаќа 200 евра месечно за да го рециклираат отпадот од нивните мрежи, чија количина сè повеќе се зголемува.

Затоа, една нова грчка компанија, наречена „Еналеја“, прави напори за воведувањеа поодржлив начин на риболов со помош на грчки и странски донатори. Минатата година основачот на компанијата, Лефтерис Арапакис, и неговиот тим започнаа амбициозна програма со грчките рибари на кои им нудат финансиски олеснувања за да го чуваат отпадот што ќе го најдат во нивните мрежи, наместо да го фрлаат назад во морето, со цел истиот да биде рециклиран подоцна.

Како резултат, Арапакис и неговата организација „Еналеја“ во јуни ја добија титулата Млади шампиони на Земјата од страна на Одделот за животна средина на Обединетите нации.

„Отстранивме лименка кока-кола со многу чудна боја. Ја зедов и видов дека рокот ѝ истекол во 1987 година. Ова нешто било во морето 30 години. Ова беше првото нешто што ме шокираше. Втората работа беше што гледав како еден рибар ја фрла назад во морето. Тој ми кажа дека не е платен да го собира отпадот, туку да лови риба“.

По само неколку месеци, многу рибари веќе ги промениле своите навики, тврди Арипакис.

Тони  пластичен отпад и мрежи се отстрануваат од грчките мориња секој месец. „Еналеја“ исто така има план да ги рециклира истите.

„Мрежи, јажиња и многу повеќе се праќаат во странство каде што ги рециклираат и ги претвораат во чорапи, костими за капење и други корисни работи. Пластиката, лименките и другиот отпад се ставаат на лента за рециклирање што ја создадовме со сертифицирана компанија“, додаде Арапакис.

Европа

Во Шпанија за една ноќ починаа 832 лица

Објавено пред

Бројот на починати од коронавирус во Шпанија се зголеми за рекордни 832 лица во текот на ноќта и сега изнесува 5.690, соопшти денеска Министерството за здравство на земјата.

Во Шпанија се заразени вкупно 72.284 лица, а во петокот бројот на заразени изнесуваше 64.059, пишува Ројтерс.

Бројот на заразени со коронавирусот ширум светот се зголеми на 614.884 лица, досега починаа 28.687, а закрепнати се 135.671 лице, покажуваат најновите податоци.

Прикажи повеќе...

Европа

Макрон: Не сакам себична и поделена Европа

Објавено пред

Франција е рамо до рамо со Италија, а Европа не смее да биде себична, истакна францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за водечките италијански весници „Ла Република“, „Кориере дела Сера“ и „Ла Стампа“.

„Франција е тука да и помогне на Италија. Она што ме загрижува е болеста и ако не покажеме солидарност, Италија, Шпанија или некој друг би можел да им каже на своите европски партнери: ‘каде бевте кога бевме на фронтот’. Не сакам себичнa и поделена Европа “, истакна францускиот претседател.

Италија, една од земјите кои се најтешко погодени од вирусот, беше критична кон Франција и Германија, откако првично одбиваa да обезбедaт маски за лице и друга опрема за да помогнaт во справувањето со епидемијата на коронавирус. Рим апелираше за помош на Кина, која испрати авион полн со маски и респиратори со налепници „Форца Италија“ и со мали кинески и италијански знамиња, оставајќи силен впечаток кај Италијанците.

„Многу се зборува за кинескатa или рускатa помош, но зошто да не се каже дека Франција и Германија испратија два милиони маски и десетици илјади заштитни костуми во Италија“, рече Макрон.

„Ова не е доволно, но ова е само почеток и не смееме да си дозволиме да бидеме во заблуда од она што го велат нашите меѓународни партнери и конкуренти“, рече Макрон, додавајќи: „Европа мора да се чувствува горда и силна затоа што е така, но мора да одиме многу подалеку. Затоа ја бранам буџетската солидарност во управувањето со оваа криза и нејзините последици“, додаде францускиот претседател.

Прикажи повеќе...

Европа

Поранешен германски министер: ЕУ може да се распадне ако не постои солидарност

Објавено пред

Поранешниот германски министер за надворешни работи Зигмар Габриел изрази загриженост дека Европската унија (ЕУ) може да се распадне доколку не постои солидарност во борбата против пандемијата на коронавирус.

Габриел за „Билд“ изјави дека Германија треба дополнително да се задолжи за да може да им помогне на Италија и Шпанија финансиски да ја надминат кризата.

„Некој треба да ми објасни зошто Германците, во моментот на задолжувањето до кое дојде, не ставија ниту еден процент на располагање на Италија и Шпанија за да и помогнат на економијата. За тоа би требало да бидат одвоени 10 проценти. Не верувам дека би имало многу побуна кога наместо 150 би се задолжиле со 160 милијарди евра“, рече Габриел.

Поранешниот министер смета дека Германија има голема корист од ЕУ, додавајќи дека се плаши за опстанокот на Унијата.

„Загрижен сум дека Европа може да се распадне по оваа криза“, додаде Габриел.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет15 минути

Вухан е отворен по два месеца изолација

Кинескиот град Вухан, каде првично избувна пандемијата на коронавирусот, денеска почна да ги укинува карантинските мерки по два месеца, возобновувајќи...

Македонија3 часа

Влада: Граѓаните сместени во државните карантини не се закана за никого

Владата апелира до граѓаните на земјата да бидат уверени дека сите мерки што се преземени за прифаќање на нашите државјани...

Економија3 часа

НБРМ: Денарот е и ќе остане стабилен

Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво, велат од НБРМ. „Во повеќе наврати истакнавме дека...

Македонија3 часа

Летното сметање на времето почнува од 2 часот по полноќ

Летното сметање на времето ќе почне в недела, на 29 март, во 2 часот наутро, со тоа што часовникот ќе...

Македонија3 часа

Забрана за движење за викенд за сите граѓани од 16 до 5 часот

Со одлука на Владата од денеска за време на викендите се забранува движењето на сите граѓани од 16 до 5...

Македонија3 часа

Од скопските општини најмногу заболени има во Карпош

Во Скопје најголем број заболени со коронавирус се пријавени во десет општини, од кои најмногу во  Карпош – 27, потоа...

Македонија20 часа

И официјално станавме 30-та членка на НАТО, македонското знаме во понеделник ќе биде подигнато во Брисел

Денеска, преку Амбасадата на Република Северна Македонија во Вашингтон, во Стејт департментот во САД беше депониран инструментот за пристапување кон...

Македонија23 часа

Седум пациенти на Клиниката за инфективни болести се во потешка состојба

Седум лица заболени од коронавирус кои се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести во Скопје се во потешка состојба, соопшти...

Македонија23 часа

Симптоми на коронавирус забележани кај вработен на Кардиологија

Вработен на Клиниката за кардиологија пројавил симптоми на коронавирус, информираше на попладневната прес-конференција, министерот за здравство, Венко Филипче. Вработениот немал...

Македонија23 часа

Тестирани 18 вработени во Заводот за рехабилитација – Козле, откако пациент заболи од коронавирус

Се чекаат резултати од 18 тестови направени од вработените во Заводот за рехабилитација во Козле. Таму сè уште течат и...

Свет23 часа

Како ќе заврши коронавирусот – руски епидемиолог објави три сценарија

Кинезите за сузбивање на коронавирусот презедоа мерки без преседан и организираа карантин каков што досега не е виден во историјата...

Македонија1 ден

Вработен во ЈСП позитивен на коронавирус

Во ЈСП-Скопје има едно лице позитивно на Ковид-19, кое навремено било хоспитализирано, велат од Јавното сообраќајно претпријатие. Оттука нагласуваат дека...

Македонија1 ден

Регистрирани 18 нови случаи на заразени од коронавирус

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. Од нив,...

Свет1 ден

(Видео) Британскиот премиер, Борис Џонсон, позитивен на коронавирус

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, е заболен од коронавирус и се наоѓа во самоизолација, но сè уште ќе ја...

Свет1 ден

Лекари во Вухан тврдат дека од 3 до 10 отсто од излекуваните повторно се позитивни на коронавирусот

Од 3 до 10 проценти од пациентите со Ковид-19 повторно биле позитивни на коронавирусот откако биле излекувани и отпуштени од...

Свет1 ден

Вчерашниот ден најсмртоносен од почетокот на пандемијата

Бројот на заразени со коронавирусот во 202 земји и територии ширум светот вчера надмина половина милион, при што САД ја...

Свет1 ден

Во САД најмногу заболени од коронавирус во светот

Во САД бројот на потврдени случаи на коронавирус се искачи на 85.612, што е најголем број отколку во која било...

Свет1 ден

Во Италија за 24 часа починале 712 лица, голем пораст на новозаболени со коронавирус

Италијанскиот северен регион Пијемонт соопшти дека 50 лица во тој регион починале од коронавирус во изминатите 24 часа, број кој...

Свет1 ден

Јужна Кореја: 96-годишна жена е најстарата пациентка во земјата излекувана од коронавирус

Деведесет и шестгодишна жена во Јужна Кореја стана најстариот пациент во земјата што целосно закрепна од новиот коронавирус, објави Си-ен-ен....

Македонија1 ден

Европските лидери ја потврдија одлуката за отворање преговори со Скопје и Тирана

Европските лидери синоќа ја потврдија одлуката на министрите за отворање пристапни преговори со Северна Македонија, објави министерот за надворешни работи,...

Досие