Контакт

Свет

Губење на руските туристи ја чини грузиската економија 700 милиони долари

Објавено пред

Бројот на Руси кои ја посетуваат Грузија ќе се намали за еден милион долари поради привременото суспендирање на летовите од Русија, што резултираше со загуби за домашната економија во висина од 2 милијарди лари (речиси 710 милиони долари), изјави шефот на Националната администрација за туризам на Грузија, Маријам Квривишвили, пренесува ТАСС.

„Во 2018 година, околу 1,4 милиони туристи од Русија ја посетија Грузија, а приходите на туристичкиот сектор во Грузија од рускиот туризам достигнаа 2 милијарди лари. Во 2019 година очекувавме околу 1,7 милиони туристи и заработка од 2,5 милијарди лари (над 886 милиони долари). Според нашите предвидувања, до крајот на годината имаме околу милион туристи помалку од Русија и ќе изгубиме до 2 милијарди лари”, рече Квривишвили.

На 21 јуни рускиот претседател Владимир Путин издаде декрет со кој се воведува привремена суспензија на летовите, меѓу кои и комерцијалните, од Русија до Грузија почнувајќи од 8 јули. На 22 јуни руското Министерство за транспорт објави дека почнувајќи од 8 јули, летовите на грузиските авиокомпании кон Русија ќе бидат прекинати.

Русија ги забрани летовите до и од Грузија по немирите што избија во Тбилиси на 20 јуни. Протестите беа предизвикани поради обраќањето на руски пратеник во грузискиот парламент. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека забраната за летови е насочена кон осигурување на безбедноста на Русите кои би можеле да бидат изложени на ризик во Грузија.

Свет

Франција навредена поради изјавата на Ердоган, го повлекува амбасадорот од Турција

Објавено пред

Франција ја осуди изјавата на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, кој претходно денеска го доведе во прашање „менталното здравје“ на неговиот француски колега, Емануел Макрон.

Како што пренесе „Ројтерс“, Франција најавила дека ќе го повлече својот амбасадор од Турција поради изјавата на Ердоган.

„Зборовите на претседателот Ердоган се неприфатливи. Навредите и грубоста не се начин. Бараме Ердоган да ја смени својата политичка насока, бидејќи неговата политика е опасна во секоја смисла. Не влегуваме во непотребна полемика и не прифаќаме навреди“, се наведува во соопштението на Елисејската палата.

Претходно денес, Ердоган ги критикуваше ставовите на неговиот француски колега Макрон кон муслиманите, повикувајќи го „да го провери неговото ментално здравје“.

Прикажи повеќе...

Регион

Седум тела во распаѓање пронајдени во контејнер кој во Паргавај стигнал од Србија

Објавено пред

Во контејнер во Парагвај кој стигнал од Србија биле пронајдени  седум тела во распаѓање, соопштија властите во Парагвај.

Контејнерот пред три месеци од Србија бил пренесен во Парагвај преку Аргентина.

Засега потврден е идентитетот на четири лица. Станува збор за тројца млади момчиња со мароканско потекло и еден со египетско.

Според податоците на локалните власти, тие тргнале од Србија во Хрватска, каде мигрантите, како што се претпоставува, веројатно планирале да го продолжат патот. Потоа стигнале до Парагвај преку Египет, Шпанија и Аргентина, откако минале скоро 20.000 километри, а со себе имaле хрaнa и водa сaмо за 72 чaсa.

Прикажи повеќе...

Свет

Џо Бајден потрошил најмногу пари за рекламирање на телевизија од сите досегашни претседателски кандидати

Објавено пред

Кандидатот на демократите на претседателските избори во САД, Џо Бајден, потрошил повеќе пари за рекламирање на телевизија и дигитални платформи отколку кој било кандидат во историјата.

Една недела пред изборите, сметката за рекламирање на Бајден достигна 582 милиони долари, а последните десет дена од кампањата, неговиот изборен штаб резервираше простор на телевизиските мрежи во вредност од уште 57 милиони долари.

Неговиот противник, американскиот претседател Доналд Трамп потрошил 342 милиони долари за рекламирање во последните две години, но издвоил уште 50 милиони долари за „спринтот“ пред изборите.

Трамп потроши 14 милиони долари за рекламирање на Фејсбук во последната недела, во споредба со 12,7 долари издвоени од седиштето на неговиот ривал.

Двете кампањи, вклучително и групите што ги поддржуваат, се очекува да чинат вкупно 11 милијарди долари или скоро 50 проценти повеќе отколку на изборите пред четири години.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Амди Бајрам бил позитивен на коронавирус, епидемиолозите ќе прават анкети со семејството

Министерството за здравство информира дека кај починатиот Амди Бајрам постмортем е утврдено дека бил позитивен на Ковид-19. Од страна на...

Македонија10 часа

Починаа 14 лица, регистрирани 404 новозаразени

Денеска се регистрирани 404 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 182 пациенти, а починаа 14 лица. Министерството за здравство...

Регион10 часа

На Балакнот денеска рекордни бројки на заразени со коронавирус

Дел од државите на Балканот денеска регистрираа рекордни бројки на заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата. Во Србија рекордни...

Свет10 часа

(Видео) Трамп гласаше на претседателските избори во САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп гласаше на претседателските избори во САД. „Само што гласав! Голема чест“, напиша Трамп на социјалните...

Свет12 часа

Американските компании продолжуваат со тестирање на вакцината против Ковид-19

Фармацевтската компанија „Астра Зенека“ ќе продолжи со клиничките испитувања на својата експериментална вакцина против Ковид-19 во САД, откако доби одобрение...

Македонија13 часа

Филипче најави проширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот

Прширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот најави министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска ги посети болниците во...

Македонија15 часа

Почина Амди Бајрам

Поради кардиоваскуларни проблеми, почина Амди Бајрам, експратеникот и претседател на Сојуз на Ромите. Тој починал на приватна клиника во Скопје....

Економија15 часа

(Видео) Компаниите кои се потешко погодени од кризата ќе добијат поголема финансиска поддршка

Со измените на Законот за поддршка на исплата на плати, компаниите кои се потешко погодени од кризата, ќе добијат поголема финансиска...

Регион16 часа

Грција воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун

Поради зголемувањето на ширењето на Ковид-19, Грција воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун. Мерките стапуваат...

Македонија17 часа

Георгиевски во Софија: Историската комисија има направено големо поместување

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски при својата посета во соседна Бугарија оствари средби со министерката за надворешни работи, Екатерина...

Свет17 часа

СЗО работи на насоки за употреба на Ремдесивир

Светската здравствена организација објави дека работи на развој на упатства за употребата на лекот Ремдесивир за третман на пациенти со...

Македонија18 часа

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени...

Македонија18 часа

Ноќва почнува зимското сметање на времето

Со поместување на часовникот за еден час наназад, од ноќва почнува зимското сметање на времето, со што времето во 3...

Македонија1 ден

Филипче: Лабораториите за тестирање работат во три смени

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче информира дека силниот есенски бран ги оптерети лабораториите за тестирање, но се работи...

Македонија1 ден

518 нови случаи на Ковид-19 во земјава, починаа девет лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2367 тестирања, а регистрирани се 518 нови случаи на...

Регион1 ден

Бугарскиот премиер во самоизолација

Бугарскиот премиер Бојко Борисов е во самоизолација по контактот со заменик министерот за градежништво, Николај Нанков, кој беше позитивен на...

Македонија1 ден

(Видео) Северна Македонија и САД потпишаа меморандум за безбедност на 5G технологии

Премиерот Зоран Заев и потсекретарот за економски раст, енергија и животна средина во Владата на САД, Кеит Крач, потпишаа меморандум...

Македонија1 ден

(Видео) Заев – Хоти: Ако има потреба повторно ќе се воведат ПЦР тестови на граница

Северна Македонија и Косово традиционално позитивниот политички дијалог наскоро ќе го потврдат со прва заедничка седница меѓу Владите на двете...

Македонија1 ден

Мицкоски: Ако Заев се откаже од Гоце Делчев и јазикот, идната влада на ВМРО ќе ја поништи одлуката

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски, на денешниот протест, како што наведуваат, против „мафијата, за правда и слобода“, нагласи дека доколу...

Топ1 ден

Тепачка со ножеви и пиштоли меѓу две семејства во Кондово, двајца завршиле во болница

Две лица се повредени во тепачка меѓу две семејства во Кондово, во која биле употребени нож и пиштол. Како што...

Досие