Свет
„Гугл“ ги демантира обвинувањата на Трамп
Американскиот претседател, Доналд Трамп го обвини „Гугл“ дека ги мести резултатите од пребарувањата за него, така што да се гледаат само лошите вести. Трамп денеска вети дека ќе се справи со она што тој го нарекува „многу сериозна ситуација” на социјалните мрежи кои ги „задушуваат” конзервативни гласови и „кријат информации” и добри вести.
По обивнувањата од страна на американскиот претседател, „Гугл“ ги демнтираше обвинувањата. Од компанијата во својот демант посочија дека нема политички мотиви во пребарувањето.
„Кога корисниците впишуваат зборови во пребарувачкиот систем на „Гугл“, нашата цел е да осигураме дека за неколку секунди, корисниците ќе добијат податоци и најрелевантни одговори“, посочија во својата реакција од компанијата „Алфабет“, матична компанија на „Гугл“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Првата хуманитарна помош од почетокот на војната пристигна во Иран
Првата пратка медицински материјали за спасување животи и друга помош пристигна во Иран, првпат од почетокот на војната, објави денес Црвениот крст. Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина (IFRC) соопшти дека пратката влегла во земјата во недела, додека Меѓународниот комитет на Црвениот крст (ICRC) ја доставил својата помош вчера, објавува Euronews.
Конвојот камиони, кој тргна од турската престолнина Анкара во петокот, претставува „една од првите прекугранични пратки медицински материјали“ од која било организација од почетокот на конфликтот на 28 февруари со израелските и американските напади врз Иран, изјави портпаролот на IFRC, Томасо Дела Лонга, за новинарите во Женева.
Војната досега одзеде најмалку 3.000 животи во Иран, 2.020 во Либан, 23 во Израел и повеќе од десетина во арапските земји од Заливот. Конфликтот, исто така, предизвика трајна штета на инфраструктурата во шест земји од Блискиот Исток.
Контролата на Иран врз Ормутскиот теснец во голема мера го отсече Персискиот Залив и неговиот извоз на нафта и гас од глобалната економија, што доведе до нагло зголемување на цените на енергијата.
фото/Depositphotos
Свет
(Видео) Инцидент во полскиот парламент, пратеник го покажа израелското знаме со свастика
Пратеникот од крајната десница Конрад Беркович предизвика инцидент во полскиот парламент кога покажа израелско знаме за време на својот говор на кој Давидовата ѕвезда беше заменета со нацистичка свастика. Беркович го обвини Израел дека е „нов Трет рајх“ и дека извршил геноцид во Газа, пишува Notes from Poland.
Беркович е член на Конфедерацијата (Konfederacja), крајно десничарска опозициска група која има 16 од 460 членови во долниот дом на парламентот.
Зборувајќи од парламентарната говорница, тој потврди дека „бројот на деца што загинаа во Газа е десет пати поголем отколку за време на целата војна во Украина“. Тој рече дека „Евреите користат фосфорна муниција“ против цивилите, предизвикувајќи им огромно страдање.
Polish MP Konrad Berkowicz compares Israel’s crimes against humanity to those of the Third Reich and displays an Israeli flag with a swastika.
Israel is the new Third Reich! pic.twitter.com/Uo8GBcgQcc
— Sławomir Mentzen (@SlawomirMentzen) April 14, 2026
„Израел врши геноцид пред нашите очи со посебна суровост. Израел е новиот Трет Рајх и неговото знаме треба да изгледа точно вака“, рече Беркович, по што разви модифицирано израелско знаме со свастика.
Исечоци од говорот на Беркович беа споделени на социјалните мрежи од официјалните профили на Конфедерацијата, како и Славомир Менцен, еден од лидерите на партијата, кој напиша на англиски јазик: „Израел е новиот Трет Рајх!“
Свет
Трамп: Европските лидери би сакале да ја решат војната во Иран, но едноставно не знаат како
САД нема да се вратат во Пакистан за идните мировни преговори со Иран, изјави претседателот Доналд Трамп денес за „Њујорк пост“. Изјавата доаѓа додека разговорите продолжуваат тивко откако американската делегација ги заврши маратонските преговори минатиот викенд без да постигне договор.
„Видете, работите се движат, но, знаете, доста бавно“, рече Трамп во телефонски разговор. „Работите се движат, но не мислам дека нашиот состанок ќе се одржи таму. Веројатно ќе избереме друга локација, но веќе имаме една на ум.“
Кога беше прашан дали Турција се разгледува како можна локација, со оглед на нејзините односи и со САД и со Иран, Трамп одговори: „Не, би сакал нешто поцентрално. Можеби Европа“.
Осврнувајќи се на европските лидери, претседателот рече дека тие не направиле ништо за да помогнат во повторното отворање на Ормутскиот теснец. „Тие не прават ништо, само одржуваат состаноци. Сè што прават е да се состануваат“, рече тој. „Тие би сакале да го решат тоа, но едноставно не знаат како. Тие се хартиен тигар“.
Сепак, кратко по разговорот со The Post, претседателот Трамп повторно проговори и најави можен пресврт. „Всушност, почекајте, бидејќи нешто може да се случи во следните два дена. Стануваме сè посклони да одиме таму“, рече тој, осврнувајќи се на Пакистан.
фото/Depositphotos
