Контакт

Европа

Гутереш: Светот има избор – да се бори или да се предаде

Објавено пред

Во Мадрид почна Конференцијата на ООН за климатски промени, а генералниот секретар на светската организација, Антонио Гутереш, порача дека светот има избор – да се бори против климатските промени или да се предаде.

Гутереш ги повика државите да одлучат дали навистина сакаат да бидат запаметени како генерација што ја забила главата во песок, правајќи се дека ништо не се случува додека планетата гори.

Тој предупреди дека гасовите на стаклената градина достигнале рекордно ниво.

„Влијанието врз целиот живот на земјата, вклучително и нашиот, ќе биде катастрофално, освен ако не се стори нешто за тоа“, истакна Гутереш.

Претставници од речиси 200 земји се собраа на двонеделната конференција за климата „COP25“ во Мадрид.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Хемиски напад во Парламентот на Грузија

Објавено пред

Парламентот во Грузија ја прекина работата на четири часа откако во објектот била испрскана супстанца со непријатен мирис. Претседателот на Парламентот, Арчил Талакваѕе, рекол дека се работи за хемиски напад.

Неколкумина се пожалиле дека им се слошило, но никој не е сериозно повреден, а полицијата отворила истрага.

Подоцна, учесник на граѓанското протестно движење „Шејм“ навел дека успеал да испрска антисептичка течност, која ја користат ветеринарите, за да ја наруши работата на Парламентот непосредно пред гласањето за именување на судии на Врховниот суд, кои опозицијата ги нарече провладини судии.

„Сакавме да покажеме дека нашиот парламент смрди“, рекол Нодар Рукхаџе, лидерот на движењето „Шејм“, кое соработува со демонстрантите, а кое се залага за пропорционален изборен систем.

Промената на системот е закажана за 2024 година, но опозицијата бара да се воведе порано.

Прикажи повеќе...

Европа

Трамп: „Грета – личност на годината? Мислам дека треба малку да олади“

Објавено пред

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска повторно се сврте кон 16-годишната активистка за заштита на животната средина, Грета Тунберг, оценувајќи го како безначаен нејзиниот избор за личност на годината според магазинот „Тајм“.

„Грета треба да работи на својот проблем со контролата на гневот, а потоа да отиде на некој добар старомоден филм заедно со другарка! Олади, Грета, олабави се малку“, напиша Трамп на „Твитер“.

Тунберг реагира на ист начин како кога во вторникот беше критикувана од бразилскиот претседател Жаир Болсонаро – го смени својот краток личен опис на „Твитер“ пишувајќи дека е тинејџерка што работи на својот проблем со контрола на гневот и во моментот ужива и гледа добар старомоден филм со другрка.

Болсонаро во вторникот остро одговори на нејзината загриженост поради убиствата на бразилските домородци во Амазонија.

„Грета вели дека Индијците умреле затоа што го бранеле Амазон. Фантастично е што медиумите му даваат простор на вакво детиште“, рече Болсонаро.

Шведската тинејџерка стана симбол на растечкото движење на млади активисти за животна средина бидејќи таа ги води неделните штрајкови во училиштата во Шведска наречени Fridays for future. Движењето смета дека светските власти не прават доволно во врска со климатските промени, а оттогаш штрајковите со проширија во 100-ина града во целиот свет.

Прикажи повеќе...

Европа

Салвини под истрага за злоупотреба на службени авиони

Објавено пред

Поранешниот италијански вицепремиер и претседател на Лига (партија од крајната десница), Матео Салвини, е под истрага за наводна злоупотреба на државни авиони и хеликоптери додека бил на должност, пренесува италијанскиот печат.

Државното обвинителство во Рим достави документи до министерскиот суд – тело што ги гони кривичните дела извршени од членови на владата – во врска со 35 патувања со летала на полицијата и противпожарната служба, пренесе „Кориере дела сера“.

Од посебниот тричлен суд се бара да поведе истрага во врска со тоа дали ваквото користење на леталата било во согласност со законот.

Според истрагата спроведена пред неколку месеци од страна на левичарскиот дневен весник „Ла Репблика“, Салвини порано организирал собири на Лига непосредно пред или по официјални состаноци на државно ниво.

Државниот завод за ревизија, кој ја водеше истрагата за финансискиот аспект, во септември се откажа од тужба тврдејќи дека овие патувања се чини дека не се поскапи од патувањата одобрени од владата за министрите и нивните соработници преку редовни линии.

Сепак, Заводот ги оцени ваквите летови за незаконски затоа што според италијанското право, полициските и противпожарните авиони и хеликоптери мора да се користат исклучиво за институционални цели и за обука, а не за државни летови на министри.

„Колку повеќе нè напаѓаат, толку повеќе напредуваме, со насмевка на лицето“, коментира Салвини на „Твитер“ во врска со овој процес.

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Економија3 часа

Возилата кои помалку загадуваат ќе се увезуваат по помали давачки

Доколку возилото помалку загадува, ќе се плаќа понизок данок за увоз. Предлог-законот за данок на моторни возила е во собраниска...

Македонија4 часа

(Видео) Костадинов: Апелирам амандманите да се повлечат, со дебата да го смениме изборниот модел

СДСМ апелира амандманите што ги поднесе ДУИ да се повлечат. „Да влеземе во суштинска дебата и, конечно, да го промениме...

Македонија4 часа

Максим Ацевски едногласно избран за нов државен ревизор

Пратениците едногласно со 81 глас го изгласаа Максим Ацевски за нов државен ревизор. Пратениците изборот го поздравија со аплауз, а...

Македонија6 часа

Обвинителството проверува дали самоубиството на 13-годишното девојче од Гостивар е поврзано со секта

Основното јавно обвинителство Гостивар постапува за утврдување на причините за смртта на 13-годишно девојче од Гостивар, чие безживотно тело беше...

Македонија6 часа

Талевски: Само сакавме да ги намалиме цените на превозот за ученици

Повеќе од два часа обвинетиот ексградоначалник на општина Битола, Владимир Талески, одговараше на прашањата на својот адвокат Димитар Дангов за...

Македонија7 часа

СДСМ смета дека нема пречка за една изборна единица на изборите во април

Доцна синоќа раководството на СДСМ го усогласило ставот дека се подготвени за една изборна единица на претстојните предвремени парламентарни избори...

Македонија8 часа

В сабота ќе работат и градинките

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 14 декември ќе биде работен и за градинките на територијата на државата....

Свет9 часа

Трамп до универзитетите: Укинете го антисемитизмот ако сакате пари

Американскиот претседател, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба за забрана на федералните фондови наменети за универзитетите и колеџите, кои дозволуваат антисемитизам....

Свет9 часа

(Видео) Се запали рускиот разорувач „Адмирал Кузњецов“, тројца повредени

Рускиот носач на авиони „Адмирал Кузњецов“ се запалил додека го поправале на докот во Мурманск, при што повредени се три...

Регион11 час

Преговорите за влада на Косово без резултати , нема договор за коалиција

Во косовското собрание синоќа се одржа уште една средба на лидерот на Движењето Самоопределување Албин Курти и лидерот на Демократскиот...

Свет11 час

Санчез доби мандат за формирање влада

Шпанскиот крал Фелипе Шестти му довери на досегашниот премиер Педро Санчез мандат да се обиде да формира влада. Социјалистичката партија...

Свет11 час

САД ја предупреди Северна Кореја да е откаже од нуклеарната програма и да избегнува провокации

САД се подготвени да бидат флексибилни во преговорите чија цел е Северна Кореја да се натера да се откаже од...

Свет11 час

Парламентарни избори во Велика Британија – главни ривали се Џонсон и Корбин

Граѓаните на Британија денеска гласаат на вонредни парламентарни избори на кои се решава не само кој ќе управува во земјата,...

Спорт21 час

Легендарниот шампион Леон Спинкс се бори за живот

Легендарниот шампион во тешка категорија, Леон Спинкс, се бори за својот живот во болница, потврди неговата сопруга, која побара молитви...

Регион22 часа

Уапсени двајца Срби и еден Македонец за убиството во Братислава

Во Унгарија уапсени се двајца Срби поради смртта на Никола Косаниќ (22), кој во неделата беше до смрт претепан во...

Македонија24 часа

Девет членки на ЕУ предложија нова методологија за проширување

Девет земји членки на ЕУ излегоа со заеднички предлог за нова методологија за проширување на членството во ЕУ, за што...

Топ1 ден

Возило излета од патот кај Дебарца и удри во пешак и паркирано возило

Синоќа на магистралниот пат Кичево – Охрид, во атарот на селото Радомирово, општина Дебарца, патничко возило управувано од Љ.В.(46) од...

Македонија1 ден

Се укинува законот за зелените пазари

Со 50 гласа пратениците го подржаа предлогот на министерот за економија, Крешник Бектеши, кој побара по скратена постапка да престане...

Македонија1 ден

Манчевски: Префрлањето на администрацијата во приватниот сектор нема да биде политички отстрел

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, најави дека до крајот на годината ќе ги предложи пакет-мерките за префрлање...

Македонија1 ден

Обвинителството испитува кој ги објавува аудиоснимките поврзани со „Рекет“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција оформи предмет и веќе проверува кое е лицето што ги објавува...

Досие